Остави ти што пишува.. Ќе си го користиш како тебе што ти одговара Јас имам сува кожа и еднаш неделно ми е доволно. Сепак е пилинг, а пилинг не се користи секој ден
Ми го фалеа некој дерматолог, дали кај рударски институт во Аеродром дали кај Тутунски комбинат ми кажаа не се сеќавам точно, ама знам дека преглед било 300 денари. Добар дерматолог со успешни резултати. Ако некој има повеќе информации би ценела да сподели! Фала однапред!
Нешто од аптека против флеки на лицето девојки? Немам акни но имам многуу многу флеки на челото, не сум самоуверена... без шминка. Еве неколку дена не ставам ама имам флеки. Препорачајте ми нешто ефтино но ефикасно. Користам моментално од тој растворот што го прават во аптеките од сулфур но тоа е за акни заџабе ставам кога имам друг проблем. Благодарам однапред.
Здраво вр молам ако некоја од вас има број од чичо Саше што се спомнува накак 29-32 страна на форумов да ми даде контакт број. Од креми о лосиони имам се иапробано па сакав таа маст да ја пробам.... фалаа поззз
072 276 954 Слободно да ја земиш маста стварно е добра, јас имав многу акни лицето ми беше катастрофа, секакви креми користев и таблети ништо не ми помогна како маста.
zdravo ako moze nekoj da mi kaze dali kremata Olay total effect 7 , ja ima kaj nas kade ja ima i kolku kosta fala
Уште се продава маста на чичкото? Јас купував од една жена од манастир ,али не можела да прави за еден само , и ја баталив. Ако купува некој од овој во брзо време нека ми пише , заедно ќе порачаме.
Каде може да се најде добар ваков апарат и по која цена? Овој на сликата е Carisonic, но не мора оригинал.
Јас како мала имав претерано гоолеми проблеми со лицето, од 15 години ми почнаа, и ужасно беше, не ни излагав од дома. Се имам испробано, од креми, од лосиони ама ништо не помагаше :Е. Сакавме со мајка ми на 16 години да појдеме во Србија на ласерско, ама докторот рече дека може да се рецидивира процесот пошто се уште бев во пубертет, па и за џабе ќе фрлавме и пари. И на крај преминав на сосема трето, почнав да користам Pferdebalsam (Chili) маст која пече, кому повеќе кому помалце и овозможува циркулација. Ова остава црвенило кое трае подолго време ама поминува немајте гајле Ова ми помогна можам да речам доста но пазите многу да не си ја раздразните кожата, ставајте по тенок слој. Кажуваа и за некое медицинско дрво се викало и тоа помагало многу.
имам доста проблематично лице,црнки на носот со делот од образите околу,масна кожа која светнува за кратко време...почнав со користење на зелена глина и вода како маска и а вечерва прв пат наместо крема ставив кокосово масло..имам многу акни oдносно болни акни црвени и неколку флеки ,како мислите дека ке делува оваа комбинација? сакам што поприродно да си го исчистам лицето со цел да не ја третирам нели кожата со хемии..но од др страна сакам се тоа побрзо да заврши често ги следам и практикувам советите од @Biodevojka ,и би ви била благодарна и неа и на другите доколку би ми помогнале со овој проблем бидејќи самодовербата и се друго ми е на мн ниско ниво сево ова време ..
Прави го тоа почесто и би требало да има резултати. Јас користам зелена глина и чисто бадемово масло и доста ми се подобри. Маслото го ставам после маската, а и секој ден, најчесто навечер.
Здраво драга, јас би сакала да те прашам дали прво беше на дерматолог за да ја откриеш причината? Инаку за маската од зелена глина прави ја ќе ти помогне, не знам баш за кокосовот масло затоа што е индивидуално. Најнапред престани да користиш било што кое содржи силикони, создаваат само маска на лицето без да го негуваат. Потоа најважно е средството за миење да биде адекватно за твојата кожа меѓутоа да не суши, а сепак убаво да измива. Не знам што користош ама еве ако сакаш нискобуџетен производ земи го гелот на алверде со лековита кал, одлично мие а не суши. За лице, јас би ти препорачала или некој крем за масна кожа, или евентуално масло од јојоба. Доколку имаш може да направиш комбинација од јојоба со етерично масло од чајно дрво кое е одлилно за оваа проблематика. Цената на е.м. од чајно дрво е 190 денари а ќе го користиш и во маски и во парни бањи и како третман за лицето во базно масло (никако чисто на лицето, етеричните масла мора да се растворат во нешто). Се надевам ти помогнав за било што пиши. Поздрав.