400 и некој денар е, обично ја купувам од аптека Виола зашто мислам дека само таму ја има - не знам дали во меѓувреме станала достапна низ сите аптеки. Мачкај повеќе пати во текот на денот по потреба и ќе се смират зафатените места со акни. И немој во никој случај да ги боцкаш, не ризикувај, сепак се работи за лице.
Здраво девојки.Не можам да кажам дека имам проблематична кожа на лицето,но сепак немам ни толку мазна и чиста кожа.Имам црвенило и на лицето немам акни,но од време на време,тек-тук ми се појавуваат ајде да ги речам пубертетски мозолчиња хаха А од пред веќе неколку месеци на образите имам како бели топчиња или некои ги викаат и бели црнки,и тоа во голем број.Купив од сенсилис лосионот по препорака на една другарка која има баш чиста,бебешка кожа. Е сега читајќи на лосионов некако ми изгледа дека има премногу јаки состојки а мојата кожа не е толку проблематична па не знам дали би можело да има штета ако го користам и состојбата на кожата само да ми се влоши... Ако некоја има искуство со овој лосион ве молам да споделите како вие го користите и дали би одговарал на мојата кожа?
Јас го користам веќе 2 години и имам подобрување. Се става на чисто, измиено лице. Пржи одкако ќе го ставиш, но нема гајле. Јас го ставам 2пати на ден: на утро и на вечер. Инаку и мене кожата не ми е толку лоша, но избегнувам ставање на образите, само на чело и на брада
Уф ме нервираат овие бубуњициве што ги имам на челото Што да ставам? Користам куп лосиони,креми ама џабе е
Имам некаде читано,дека помага,паста од сода бикарбона. Во малку вода се става сода бикарбона,се меша убаво,да биде густо. Се мачка проблематничното место и се остава да се исуши.Потоа се мие со ладна вода. Пробај,не е тешко
Не смееш без прекин 2 години чудово, особено ако немаш така јак проблем. Антибиотик е ова. Престани одма со употреба.
Devojki dali znaete za kremata "zdravje" so cink oksid e za cusvtvitelna koza i za akni,ja ima li nekoj koristeno i dali ima nekakov rezultat?
Jas go imav istiot problem,sto se nemav probano i konecno najdov resenie. Kvasec so malku mleko kolku da omekne ke stavis na celoto,liceto se dur ne se isusi i taka sekoj den. Mene mnogu mi pomogna
Девојки дали ја има сеуште во продажба онаа кремата лала за флеки. Имам слушано многу за неа но незнам каде да ја барам. Ја има во Зегин?
Имав многу грдо лице. Зборам грдо поради сите акни што ми беа концентрирани најмногу на челото и брадата. Пробав речиси сѐ, од камилица, глини, нивеа, еуцерин... ама решението било Леа, лосион за лице. Околу 235 денари, околу 200 и нешто е и гелот Леа исто така, на почетокот ги земав заедно ама после видов дека гелот ми делува поефикасно и само него го користев. На почетокот 3 пати го користев, а потоа само пред спиење и сабајле. Еве ги и двете:
Девојки препорачајте некоја крема за лице против флеки? Имам од сонце,од мозолчиња, ама најмногу ми пречат над усните од депилација....мн е глупо потемно ми е како да имам влакна,а депилирана...сеа па после сончање уште толку се познава.. се депилирав со ленти, викам ај од нив да не ми се прават почнав со восок, иста песна...
И јас имам вакво дома...но јас го пијам имам слушнато било добро за организмот...а за акнички незнам,ако помага би пробала бидејќи и јас имам проблем со нив
Јас немам којзнае колку многу акни фала му на бога,еве сега прочитав на интернет и ставив кокосово масло на целото лице исто како маска и пишуваше дека 15 мин треба да де седи со него па после само да го измиеш со вода без ништо друго Сега чекам