Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. tteea55

    tteea55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2015
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    За чисто и убаво лице и чиста и здрава кожа на целото тело, кокосово масло измешано со кафе кога ќе се туширате се наводнувате се мачкате и после си продолжвате со стандарт капење.. мислам и за стриите помага ама не сум сигурна ама за мозолките 100% :$:)
     
  2. BOY123

    BOY123 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Здраво имам мрсна кожа исто така имам флеќи и акни веќе 2/3 години и никако да ги тргнам па ако може да ми кажете некој лек за нив пошто ги имам по цело лице и тоа навистина ми смета сум пробал се и свашта користев Dove сапун но приметив дека ми ја суши кожата на лицето и престанав да го користам па ве молам кажете некој лек пошто веќе ми здосади од акните..:sweat::whew:
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Немој да користиш такви агресивни сапуни како Dove, Nivea,Palmolive. Не се воопшто добри за кожата, затоа што само без потреба го сушат површинскиот слој на кожата и не добиваш никаков бенефит всушност.
    Мене раце ми се сушат ако ги измијам со обичен сапун, а не пак со истиот да поминам лице. :)

    Од сапуни за лице, единствено го признавам Асо Дерм. Прекрасен сапун е, поубаво нешто од него не постои за нега на кожа, иако тоа нема да ти помогне против акните.
    За акните, најдобро е да си купиш од лосионите за чистење како Клиндамицин или Хлоракол. Клиндамицинот е појак, Хлоракол е малку послаб, но мене ми е одличен за повремен третман на акните кои ми се појавуваат пред/после циклус.
    Пробај да потрошиш една доза од некој ваков лосион, па очекувај резултати.

    Исто, ги фалат гелот и лосионот (или тоник, не знам што точно е), од колекцијата на Леа, Фитофарм.
    Лично ги немам користено, но можеш да пребараш низ Интернет, па да видиш според состојбата на лицето што најмногу би ти одговарало.

    Јас сум задоволна и од гелот Далацин Ц, кој го спомнав пред некое време. Антибиотик е и го користам по потреба кога состојбата ми е поалармантна. Флеките ми избледеа сами од себе, не верувам дека некој препарат ми помогна толку многу, но со акните многу успешно се справува.
     
    На BOY123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BOY123

    BOY123 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Јас моментално користам лосион и крема пенатен што ги засушува акните но од лосионот не сум баш задоволен порано користев joung derm лосион но незнам тогаш каков ефект имаше бидејки не го користев долго.Ќе купам и јас Далацин Ц па ќе видиме каков ефект ќе има дај боже да ми поминат бидејќи поради анките немам самодоверба се срамам моите родители велат тоа е процес ќе помине ама јас никако да се помирам со тоа исто така сум приметил било кога и да користам сапун за лице мене кожата на лицето ми станува сува незнам зошто е така..
     

    Прикачени фајлови:

  5. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.162
    Допаѓања:
    50.561
    Пол:
    Женски
    @Mishela Кај го има тој сапун? Го има по маркетите? Има ефект нешто од него?

    Јас што уште не пробив за моиве акни бев на доктор али фајде никаде нема од толку многу што ме нервираат ми се иде кожата на лицето да си ја извадам :@
    Денес ставив маска од лимон и мед вечер пак ќе ставам можеби ќе има некој ефект, ама веќе надеж немам ;(
     
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    @Mishela kolku e gelot dalacin c ? Jas probav so gelot klindamicin ama kako mn da mi e jak...
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Околу 400 и нешто денари е во Виола аптеките.

    @shz сапунот го има во сите аптеки и подобро снабдени маркети. Стотина и нешто, не се сеќавам точно на цената.
     
    На shz му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Auuuuu barem efikasen e?
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Мене многу ми помага, акните побргу ми заздравуваат, а го користам по препорака на дерматолог.
     
    На mime87 и BOY123 им се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Ми помина времето за редактирање, а кога им пишував на девојките бев во движење, па затоа така отсечно и селективно одговарав. :$

    Епа гледаш, самата кожа ти дава знаци дека сапуните не ти одговараат добро на кожата. Со несоодветен сапун за лице се суши површинскиот слој на кожата и од внатре се зголемува лачењето на себумот, па одредени делови стануваат помасни и се создаваат нови акни.
    Лаички објаснето, вака отприлика изгледа тоа што и` го прави сапунот на твојата кожа.

    Нема од што да се срамиш, повеќето од нас сме биле во иста ситуација во одредени периоди.

    Мислам дека треба да ја исфрлиш од употреба и кремата, затоа што е наменета како превенција против иритација на бебешката кожа од пеленски осип и мислам дека е доста мрсна, а тоа не ти треба.
    Подобро одбери некоја крема наменета за твојот тип на кожа од Алверде (ДМ маркет) или некоја од Балеа, Нивеа (но не класичната Нивеа, туку од оние кои се класифицирани според типот на кожа), па така ќе добиваш и соодветна хидратација покрај третманот со лосион или тоник.
    Овој тоник кој го користиш од Орифлејм е супер, не е агресивен и не ја суши кожата, па ако ти одговара продолжи да го користиш.
     
    На BOY123 и kjukli им се допаѓа ова.
  11. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    @Mishela Мишелке како се користи Далацин ц? После миење на лице наместо крема или гел е за миење на лице?
     
  12. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.880
    Допаѓања:
    5.216
    Пол:
    Женски
    Дали составот на далацин ц и имекс е сличен?
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Гел за третман на акни е, нема никаки хидратирачки својства и не е замена за крема во никој случај, антибиотик е.
    Јас го користам по потреба, периодично. Наутро по миење на лице, кога обично не излегувам од дома и не нанесувам ништо друго на лице, а навечер задолжително после рутинското чистење на лицето. Ставам Далацин и оставам така да си делува во текот на целата вечер.
    Нема потреба да се користи редовно, не е ниту препорачливо тоа, меѓутоа за поголеми акни и поткожни мозолки е супер.
    Консултирај се со фармацевтот ако планираш да го земеш, би требало да ти даде инструкции.

    Составот не знам каков му е, одамна го фрлив кутивчето. :(
    Сигурно има детален состав и упатство за употреба од Далацин Ц по Интернет, разгледај @Elence93 и верувам дека ќе најдеш.
     
    На Elence93 и kjukli им се допаѓа ова.
  14. BOY123

    BOY123 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Јас имам чудна кожа кога ја чистам и мијам ми излаваат повеќе акни а кога не ја диркам не ја ни чистам ни мијам лицето ми е почисто од акни стварно ми е чудно плус тренирам многу пијам витамини ама ова кај мене се е обратно
     
  15. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    @BOY123 има една крема Young Derm на Алкалоид,дерматолошки проверена против акни :) не е ич скапа 100 и нешто денари е,јас ја користам и мене лично ми помага и сите акни на челото ми се исушија,исто така користам тоник на Young Derm за нормална кожа.
     
  16. BOY123

    BOY123 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    @Kimberly11 ќе може малку подетално да објасниш за таа крема се нанесува на цело лице или само на акните и изгледот на кремата бидејќи сакам да ја пробам ќе оставам слика подоле па можда да ја има таму кремата
     

    Прикачени фајлови:

  17. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    image.png image.png @BOY123
    Секако :)
    Значи оваа крема е таа за акните,слободно можеш да ја нанесеш на целото лице немаш никаква штета од тоа барем јас ја нанесувам на целото лице. Освен тоа има пријатен мирис,и одма се суши кога ја ставаш и ништо масно не ти останува на кожата и ја имам веќе недела дена и сум презадоволна.
    Сега јас не знам кој тип на кожа имаш,јас имам нормална и го користам портокаловиот тоник,а ти доколку имаш масна кожа синиот ќе го земеш:)

    Прво ќе си земеш нешто за миење на лице има на Балеа голем избор во зависност од тоа каков тип на кожа имаш,откако ќе го измиеш лицето со тоа,и после ќе земеш памукче со тоникот ќе го исчистиш лицето и ќе почекаш малку да се засуши па ќе ја ставиш кремата. Прави го ова секоја вечер и биди упорен и ќе имаш резултати :D
    Освен тоа гледај помалку да јадеш благи работи како чоколади и глупости,масна храна избегнувај и тоа има голема улога во ова.
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Мене оваа крема ми направи многу комедони и поркожни акни.
    И лосионот Јанг Дерм не ми одговара. Се разочарав од нивните производи скроз.

    Така и им станав верна на Хлоракол во алармантни ситуации и Дермогал за поситни кожни проблеми.
     
    На kjukli, Elence93, BOY123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    @Mishela тоа да не е до типот на кожата? Мене ми се исчисти лицето од ова
    Имав многу акни на челото и ми се засушија сите и ми поминаа
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Не, едноставно кремата не ми одговараше онака како што очекував според искуствата на другите.
    После тој лапсус засекогаш раскрстив со Јанг Дерм, едно ми е лицево, не правам повеќе експерименти. :)
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.