За тие што го користеле активниот кислород подолго време и потоа прекинале, дали се враќа кожата во претходната состојба или си остануваат резултатите? Затоа што како и кај повеќето и кај мене има многу добри резултати, дури бев во неверување после вториот ден од користење, ама не планирам постојано, со месеци да го користам.
Еве веќе недела дена го користам гелот за лице на byphasse и сум задоволна (донекаде). Пишува во содржината дека чисти шминка, но јас не го земав за тоа, едноставно ми требаше гел за секојдневно миење. Прв впечаток, убаво освежува и мириса свежо. Мораш да нанесеш многу малку (зрно грашок големина), бидејќи гелот е мноооогу густ, ако ставиш малку повеќе, се создава слој "желе" на лицето кога ќе го нанесеш. После миење чувствувам малку затегнатост, но не ми смета, нанесувам крема за лице после миењето, Гелот е океј, но не ми е перфектен.
Здраво и на двете, активниот кислород никогаш го немам користено ниту пак разгледано. Ке се обидам да го разгледам деновиве па ќе ви пишам. Го има во аптека?? Инаку @beautu17 термалната вода според мене е прекрасна за лицето и може да ја испрскаш во било кој момент. Не постои органска термална вода, така да сите термални води во аптеки горе долу се слични (се менува изворот од каде се земени). Затоа ако најдеш некоја на попуст земај ја!!! п.с. сакам да направам една статија баш за термалните води, па ќе ти кажам кога ќе ја направам. Поздрав
Супер ми е, тенк ју Т-зоната ја осеќам помалку масна и на деловите кај што бев исфрлена, повлечено ми е црвенилото. +1 од мене за кремчево
Имам прочитано дека предизвикувал рак, ама па сега најдов дека ако го ставаш на кожа нема никаква опасност.Предизвикувал рак ако се внесува против настин да се прскаш во уста или во нос.Еве прочитај.Последната реченица е дека нема опасност за кожата.Јас се двоумам дали да го купам или не. http://www.prirodna-medicina-recept...rivena-opasnost-za-organizam-savet-dr-skacka/
Зависно во кој ценовен ранг ,но еве ти неколку кои јас ги имам користено и одлично ми се покажаа: Нивеа матирачка крема, Зиаја од краставица кремата за масна кожа и Yves Rocher гел крема за матирање од колекцијата Sebo Vegetal Исто така можеш да си земеш серум , тоа тие мнг подобра варијанта за масна кожа одколку крема.
@Vasich1201 прочитав, да пишува дека на кожа не е штетно. Ама сепак постои мал страв, јас го имам дома, и не знам дали да продолжам да ставам, ама мислам дека ќе продолжам ќе го истрошам пола шише и ќе го фрлам другото. Па од пола не вертувам дека ќе биде толку штетно... @Biodevojka иначе да го има во сите аптеки, 500 ден е. Иначе најдов и нешто друго на еуцерин. Ова се препорачувало за проблематична кожа. Што е подобро да земам термалната вода или ова на еуцерин?
Јас за ова со активниов кислород ќе се посоветувам со доктор.Многу сакам да го купам и веќе еднаш да се спасам од акниве, ама па од друга страна и страв ми е да не предизвикува рак..
@Vasich1201 ако бидам и јас во можност ќе ја прашам дерматологот кај што идев порано, ама не верувам дека некој ќе го одобри. Ако сакаш пиши тука ако се посоветуваш со некој доктор )
Здраво драга прочепкав на интернет за декларацијата на овој производ и еве што најдов: AQUA, CYCLOMETHICONE, GLYCERIN, TAPIOCA STARCH, METHYLPROPANEDIOL, LACTIC ACID, DECYLENE GLYCOL, DIMETHICONOL, SODIUM CHLORIDE, XANTHAN GUM, SODIUM STEAROYL GLUTAMATE, PARFUM Јас кога би бирала за себе би земала чиста термална вода. Изборот треба секако да биде твој. Поздрав
Баш ми е мило драга. Мене лично ми се допаѓаат термални води особено летно време кога ми е жешко и се прскам повеќе пати дневно
Мене за вадење на нечистотија ми помогна тоникот од REFAN од роза, природен е без никакви хемикалии, и после тоа со гел од рузмарин и чајно дрво на сабајле и на вечер, но со упорност веќе 3 месеци скоро сега имам само тек тук по некоја акна пред добивање, исто и мицералната вода е предобра за чистење на лицето.