Првата на La roche posay ја имам користено 3 пати по ред , одлична е , бубулици не ми се појавуваа воопшто, инаку има уште една на Ла роше ефаклар мат се вика и таа планирам да ја земам наскоро. Земи си го и гелот за миење лице исто топ е
Леле што си направив дали и е од сапумот незнам многу ми се исуши кожата целата почна да ми се перути..Дај ве молам како да ја оправам..Во сабота сум на свадба кога ке ми стават пудра неможам да замислам каква ке сум..Дај ве молам префложете ми нешто..Најмногу ми е носот и образите
Црната маска најубаво направете си ја дома, ем поефтино, ем природно. Едно мала кесичка желатин, 2 таблетки (истолчени) активен јаглен и една и пол кафена лажичка млеко. Измешајте, затоплете го и намачкајте се. Ми извади доста црнки. Ама претходно добро да се испари лицето, за да се отворат порите!
Девојки, дали некоја од вас правела третмани на лицето и како била задоволна, ве молам споделете искуства
женски, на сестра ми на резултатот на крв излезе дека има холестерол 6,5 а треба максимум 5. Е сега прашањето ми е дали е можно акните да и се од тоа? и дали знаете некој третман?
Девојки, знаете дали се уште Клиндацинот е во продажба низ аптекиве? Во неколку имам побарано, но немаат и ми препорачуваат други лосиони (сум ги пробала, немаат ист ефект) Од овој ептен бев задоволна...