Како до чисто лице?

Discussion in 'Лице' started by LovelyGirl, Feb 21, 2010.

  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Joined:
    Jun 30, 2011
    Messages:
    4,904
    Likes Received:
    25,567
    Gender:
    Female
    Може ќе сум офф ама сега читав нешто по нетов , вака , Викторија Бекам наводно изјавила дека јаде лосос секој ден не е битно дали доручек ручек или вечера , за да ја одржува кожата чиста , као било препорачано од дерматолог од Л.А . Некој да слушнал вакво нешто до сега или пак искуство некое ?
     
  2. Dragonfly

    Dragonfly Истакнат член

    Joined:
    Jun 11, 2010
    Messages:
    20
    Likes Received:
    298
    Јас јадам лосос скоро секој ден и кожата ми е чиста и здрава, ама не можам да кажам дека тоа е така само заради конзумирањето на лосос. Сепак на изгледот на кожата влијааат уште многу фактори (пиење вода, сон, козметика, исхрана во целост). Како и да е, омега 3 масните киселини (со кои лососот е богат) дефинитивно се препорачливи за здрава кожа. Мислам дека е добро да се обидеш да вклучиш лосос во исхраната (не мора секој ден, 3-4 пати неделно е доволно), ќе придонесеш за целокупното здравје, а и многу е вкусен :)
     
    mime87 likes this.
  3. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    6,189
    Likes Received:
    23,256
    Gender:
    Female
    И плус сода, презадоволна сум.
     
  4. Ketchup

    Ketchup

    Joined:
    Dec 23, 2014
    Messages:
    6,796
    Likes Received:
    46,427
    Можно е. Третман не знам дали постои, но имам слушано дека тоа може да се промени со донирање на крв. Со тоа што ќе донира крв, ќе и се исчисти и ќе и се создаде нова чиста крв.
     
  5. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Joined:
    Jul 23, 2012
    Messages:
    1,540
    Likes Received:
    4,277
    Gender:
    Female
    Јас со Dove секое утро и навечер и во текот на денот се мијам, имам чисто лице имам бенки многу само минијатурни ама тоа е моето лице :lol: порано не бев страшна ама на челото имав баги мерамна површина не мозолчиња туку незнам како да објаснам.. :$ и од коа почнав со дав презадоволна сум и никогаш нема да престанам да го користам а за мозолчињата имам крем против лузни и другиот ден исчезнуваат, кремот е од ибеј го купив за изгореница на лицето која ми остана како флека и таа исчезна..8)
     
    BE YOU likes this.
  6. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Joined:
    Dec 24, 2014
    Messages:
    371
    Likes Received:
    1,751
    Gender:
    Female

    Риба се јаде еднаш, максимално до два пати неделно. Зошто? Заради тоа што рибата содржи мали количества на жива. Ќе добиеш труење со жива, не си играј. Купи си таблетки омега 3 и омега 6 (за да влијаат добро на кожата мора да се во баланс).
     
    Dragonfly likes this.
  7. Dragonfly

    Dragonfly Истакнат член

    Joined:
    Jun 11, 2010
    Messages:
    20
    Likes Received:
    298
    Ти благодарам на советот, го имам пропуштено податокот за содржина на жива. Ќе намалам :)
     
    Оленка* likes this.
  8. NESKAFE25

    NESKAFE25 Истакнат член

    Joined:
    Mar 31, 2015
    Messages:
    67
    Likes Received:
    29
    Gender:
    Female
    Ај кажете точно од што по колку и колку да стои маската и дали се става на цело лице.....фала :)
     
  9. Twigs

    Twigs Активен член

    Joined:
    Oct 2, 2016
    Messages:
    67
    Likes Received:
    152
    Gender:
    Female
    јас домашен, природен лек употребувам: миење на лицето со сода бикарбона, чисти и делува антибактериски на кожата. помага доста, само мене лицето ми е толку катастрофа, што не е доволно само тоа...дајте лек ама лек лек, фотошоп да не ми е рамен на лицето
     
  10. Читател

    Читател Истакнат член

    Joined:
    Mar 31, 2015
    Messages:
    738
    Likes Received:
    5,806
    Gender:
    Male
    Најголема количина на жива има Туната. Треба да јадеш огромни количини на риба т.е. преку тоа да внесуваш жива за да има негативни ефекти. Како и да е се што е претерано и штетно безразлика дали рибата има жива или не.

    Ако мене ме прашаш подобро е да јадеш риба отколку да конзумираш лабораториски генетски создадени таблетки :)
     
  11. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Joined:
    Oct 3, 2016
    Messages:
    3,083
    Likes Received:
    55,715
    Gender:
    Female
    Дали ќе имате чисто лице зависи од типот на кожа. Секако дека и секојдневната грижа има влијание, но митисерите и комедоните сами нема да испаднат - бидете сигурни во тоа. А ниту акните нема да исчезнат т.е. нема да се "исушат" со паста за заби.
    Секојдневно миење со нежно средство за лице, крема соодветна на вашиот тип на кожа се само дел од грижата.

    Јас имав сериозен проблем со комедони и митисери, со по некоја акна. Првин бев кај дерматолог во мојот град, ми даде терапија, користев лосион, крема и антибиотик за акните, но и после 2 месеци редовна употреба немаше ама баш никаков ефект.
    Прочитав многу позитивни критики за др. Николина и решив да отидам кај неа. До сега бев на 3 третмани и презадоволна сум од резултатот, но за целосно да ми се исчити лицето ќе треба уште време.

    Мој најдобронамерен совет е да не одите на козметичар. Не дозволувајте да ве стиска (читај гмечи) некоја девојка која има завршено само еден брз курс за тоа.
     
    LollySky likes this.
  12. LollySky

    LollySky Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2016
    Messages:
    2,953
    Likes Received:
    14,018
    Gender:
    Female
    Се сложувам, само ќе додадам дека и хормоните играат огромна улога.
     
  13. Читател

    Читател Истакнат член

    Joined:
    Mar 31, 2015
    Messages:
    738
    Likes Received:
    5,806
    Gender:
    Male
    Се сложувам со тоа дека се зависи од типот на кожата. Како митесерите после тоа од кои произлегуваат акни нема да испаднат со креми и глупости затоа што тоа е само површно, а самиот проблем е длабински односно подкожно.

    Како што кажав креми ретко помагаат за акни и митесери скоро никогаш, ептен треба да си во некоја рана фаза. Инаку многу ме интересира како Николина ти помогна тебе, т.е. каков третман ти пружи !? Затоа што скоро цел живот имам акни и сум бил кај познати доктори, дерматолози и 300 чуда никој не ми помогнал се е тоа мачка во вреќа.

    Во случајов не знам колку тежок случај си ти ... ама мене ни П од помош.

    Мислам дека ова е неиздржан коментар. Јас одам на козметичар ( не правам реклама ) кај Жанета односно студио "Жанета естетик" и после 1 месец видов драстични резултати. Да, како што напомена во практика ги стиска акните ама немам ниту една лузна ниту пак дека имам траг од постоење на акна. Не секој козметичар е добар козметичар. Јас до сега со полно срце ги препорачувам сите да дојдат ваму каде што одам и јас. Да завршам со третманите јас со задоволство би ти пратил слика пред, за време и после третманот. Каков бев мислам дека немаш претстава.


    Така да јас како паталец го кажувам ова и да .. процесот суште трае ама кога тогаш ќе заврши успешно.

    ПозЗ3³®
     
    LollySky likes this.
  14. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Joined:
    Dec 24, 2014
    Messages:
    371
    Likes Received:
    1,751
    Gender:
    Female
    Па не знам, јас оваа информација ја добив од професори по клеточна биохемија што ми предавале на медицински факултет, па што знам.
     
  15. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Joined:
    Oct 3, 2016
    Messages:
    3,083
    Likes Received:
    55,715
    Gender:
    Female
    @LollySky е да, докторката која наводно е ептен професионална и има искуство, ми препорача лосион и крема која има одредена состојка која не би смеела да ја нанесувам додека има сонце, а јас бев во сред лето кај неа. Таа всушност и ми рече дека не треба да се изложувам на сонце, но тоа е сосема нелогично, како да се скриеш од сонце во сред лето?
    Покрај тоа ми рече да проверам хормони а јас имам редовна менструација, бувално школски пример 26 - 27 дена.
    Така да, ни докторите не се секогаш најкадарни, па пред да отиде некаде убаво распрашајте се.

    @Читател и јас сеуште сум во фаза на чистење. Отидов на прв преглед, ми даде Биодерма за местата каде имам митисери и комедони а Далацин за акните. После еден месец бев на третман, прво со пареа ги отвара порите, потоа класично стискање и на крај фореза со антибиотик (бидејќи имав акни). Нареден третман истата постапка а последниот третман фореза со витамин Ц.
    Е сега после третманот на кожата и требаат неколку дена за да се смири црвенилото.
    Првиот преглед е 300 а потоа одиш на контроли бесплатно. Третманот е 900, но доколку одиш на две недели (препорачливо третмани на 2 недели додека не се исчисти лицето комплетно) е по 600.

    Јас лично немам искуство со козметичар, но на моја пријателка по стискање на козметичар и излегоа огромни болни гнојанички поради негихиена кај козметичарката и несоодветно стискање (нецелосно).
     
  16. LollySky

    LollySky Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2016
    Messages:
    2,953
    Likes Received:
    14,018
    Gender:
    Female
    Не е циклусот секогаш показател, и мене ми е ок циклусот ама хормоните ми се хаос, т.е. женските се нормални но имам вишок од машките, кои всушност предизвикуваат акни :D
    Мене конкретно ми се среди лицето откако ја средив исхраната и хормоните, а што се однесува до нега на лицето, ставам маска од зелена глина еднаш неделно, го мијам со благо средство и ставам хидрантна крема, ништо посебно против акни.
     
  17. Читател

    Читател Истакнат член

    Joined:
    Mar 31, 2015
    Messages:
    738
    Likes Received:
    5,806
    Gender:
    Male
    Мхм инаку во кратки црти мене ми го мие лиецето со пена не знам каква и разни креми за дезинфекција, ме стиска долго време ( затоа што бев потежок случај )и после тоа става антибиотик, ме прска со активен кислород и на крај ми става маска која одстојува половина час за хидратација има повеќе вида ама најчесто од морски алги или зелена глина и Ова се кошта, маските се 1000 денари. Самото стискање е 200 денари. Ама парите толку не ми се битни кога го гледам резултатот.

    Тоа е случај кај другите непрофесионални козметичари. Овде каде што одам јас, максимална хигиена и дезинфекција за секој пациент посебно од влегување на врата до излегување. Се е стерилно. Јас сум презадоволен. Инаку после првата недела мене лицето ептен ми се влоши како реакција затоа што 8 години имам акни јас и нешто како инфекција и сето тоа под лицето се собирало, дури после 1 месец мене лицево и се врати во форма како подослабен така изгледав ама знам дека искочи еден тон крв и еден тон гној :D

    Али да, битно е каде ќе отидеш како што знам јас Жанет студио е најдобро во државава а при разговор знам дека има и доста признанија во странство.
     
    LollySky likes this.
  18. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Joined:
    Oct 3, 2016
    Messages:
    3,083
    Likes Received:
    55,715
    Gender:
    Female
    @LollySky кај мене проблем е типот на кожа, откако го направив првиот третман акни веќе немам.

    @Читател др. Николина има долги години искуство, и тука и во странсво. Веќе е пензионирана, има 69 години (искрено мислев дека нема повеќе од 60). Првин работела во лабораторија а потоа специјализирала за дерматолог. Спремна е да одговори на секое прашање, самиот третман, кремите, состојките и ред други работи. Нема огромна разлика во цената. Што ти препорачаа да користиш за секојдневна нега на лице?
     
    LollySky likes this.
  19. Читател

    Читател Истакнат член

    Joined:
    Mar 31, 2015
    Messages:
    738
    Likes Received:
    5,806
    Gender:
    Male
    Користам како сјајче за лице потоа нанесувам од сабале тоник и тоа е тоа. Навечер повторно се мијам со сјајчето и нанесуван анти-акне крема и имам уште една крема како имам суви делови на лицето. Овие не се купуваат во продавница,и се без конзерванси и дотатоци од кај неа ги зимам затоа што она ги нарачува од не знам каде и ги нема во продажба туку достапни се само за одредени козметички салони.
     
  20. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Joined:
    Oct 3, 2016
    Messages:
    3,083
    Likes Received:
    55,715
    Gender:
    Female
    @Читател сјајче за лице? :?: Каква анти- акне крема?
    Јас користам Биодерма, ја има во аптеките. Не содржи парабени, парафини и сл. и наменета е за кожа склона на акни и митисери.
    Штом таа ги порачува, значи има огромен профит од истите производи. :!: