ДМ нема во градот каде што живеам. Мицералната од гарниер сега скоро ја купив. Ке ја разгледам колекцијата од нивеа што ја спомна за гел и крем да земам. Фала ти Мишела
Gi imam koristeno i dvata gela i mozam da kazam dela na la roche e podobar. Momentalno ushte go koristm a od pred 4 meseci mi e. Mnogu trae. A krema, seka ja koristam na aven EXSPERT i kako dnevna i kako nokjna u kako podloga za pudra i ODLICNA e. I jas imam problematicno lice so nekoja akna za vreme n mens. i nekolki fleki na obrazite id nekogashni akni. Gi preporacuvam i dvata proizvodi.
Мене многу ефикасни ми се маските на Montagne Jeunesse Ги користам еднаш неделно и покрај секојдневната нега на кожата и со плус маските кожата ми изгледа се подобро и подобро. Овие 3 од сликите подолу ми се омилени, вреди да ги пробате.
Јас проблемов го имам само во ПМС, инаку имам чисто лице. Користам лосион хлорадерм и верувај дека за неколку дена ми суши се што имам на лицето.Но, бидејќи содржи алкохол после премногу сува е кожата, така да те советувам ако го користиш, почесто да ставаш крем Јас го купувам во зегин, но го има во сите аптеки.Околу 160-170 денари е.Те советувам да пробаш бидејќи стварно е ефикасно
100% чист алое вера гел. Не сум сигурна од каде може да се купи оти јас случајно го најдов во супермаркет на одмор кога бев. Имав читано за добрите ефекти од алое вера, ама не ми се експериментираше со креми кои содржат екстракти и се делумно со алое вера. Верувам дека има различни производители кои нудат, но битно е да биде гел и да биде 100%. Не само што изгорениците од сонцето ми ги заздрави преку ноќ туку и сите акни и црвенила ми ги среди. Малку ја суши кожата затоа што одма се упива, но јас го користев навечер и сабајлето кога ќе станев нормално продолжувам со рутината, миење на лицето, хидратантен крем итн..
Срцка имаш ваков тип на акни, онаков тип на акни, ако проблемот доаѓа од внатре, џабе ти се сите креми, најубаво дерматолог да ти го утврди проблемот и да ти даде соодветна терапија
Не ми е јасно како може некои цел живот да ставаат креми како бекутан на лице и да легнуваат со се шминка а да имаат лице чисто стакло како модели, а еве ме мене користам илјадници гелови, креми, тонери, мицеларни води и тоа медицонски, попрво рака ќе си сечам отколку да легнам со шминка и изгледам како да не сум се измила лице со месеци.. Ах колку е неправедна оваа природата Го земав Avene Cleanance expert го користев една недела и лицето уште три пати полошо ми стана со акни болни на допир какви немав долго време. На нет немав прочитано ниту едно лошо искуство за него зошто баш мене ми се случи Сега следно го земам La roche, но не знам каков гел за лице да земам во комбинација.. Кој е добар за сува кожа?
@MayDiamonds и јас кога го земав гелот на Авене првата недела повеќе ми се нафрли но откако ми се навикна лицето на него, искрено го користам веќе 5 месеци и е неверојатен. Сите ми викаа дека ми се исчистило лицето и дека изгледам посвежо. Немам скрос стакло лице, но можам да кажам дека прилично ми е чисто освен во периодот на пмс. Ја користам зелента глина еднаш или двапати во недела, а пред тоа си правам пареа на лице со камилица. Сакам да прашам дали некој ја има употребувано зелента глина за пиење, имало и таква ама јас немам искуство..Има некој користено да ме упати?
Ми се појавија неколку големи акни болни на допир на образите кај што се исфрлам најчесто но такви немав скоро година, не знам зошто одеднаш ми се појавија немам сменато ништо од козметика истите препарати ги користам долго.. Па си реков да земам некоја крема нешто ефикасно, побарав на нет прочитав доста позитивни искуства за оваа Avene Cleanance Expert но никаде не прочитав дека треба да има таква реакција.. Освен тоа што не ми ги смири постоечките акни почнаа и многу ситни брунчиња да ми се јавуваат па прекинав да ја користам за сега. Многу се разочарав купишта пари имам фрлено на креми кои не ми помогнале ги имам во фиока стојат за украс, не ми е јасно како можи само моето лице да е единствено и да не му одговараат креми кои на цел свет му помогнале.. Аман веќе
Посети дерматолог веднаш.Мислам дека треба стучно лице да ти го види лицето.Сама не можеш крема да си погодиш и најдеш долго време.т.е сами по себе не сме доволно стручни.Јас како тебе мака мачев со години и испадна сериозен хормонски проблем.поздрав
Се влечкав по дерматолози со години можам книга да напишам од моите патешествија.. Еден ми даваше некои креми од кои лицето уште три пати полошо ми стана, одев кај друг таму секој месец ми правеше третмани со стискање на акните од што ми останаа лузни фала им многу, ојдов кај трет ми правеше третмани за избелување на лузните па ласери па хемиски пилинзи НИШТО НЕ ПОМОГНА. Во меѓувреме отидов секако во приватна клиника проверив хормони и јајници се излезе во ред внатрешно немам никаков проблем ама акните уште беа тука. Потоа бев на испитување на типот на кожата во една аптека имаја некоја промоција на Биодерма па реков ај зошто да не ми дадоа креми на Биодерма - не помогнаа.. Оавен мицеларната вода Сенсибио која верно ја користам и сум презадоволна. По некое време кренав раце од се, земав лосион антибиотик од лабараторија по рецепт и го ставав наутро и навечер и ми помогна акните ги снема лицето мазно, година немав ниту една акна освен пред циклус по некоја но само лузните ми останаа.. Таман реков да почнам да ги лечам нив ете ги акните пред некој месец пак се посипав цела.. Од се можно што сум пробала доктори и дерматолози ми остана уште на бајачка да одам па можеби таму ќе има чаре
Па и кај мене беше исто дури после 1 месец почна да делува и почнаа затворените комедони да се отвараат, а инаку кај што читав јас секаде беше тоа дека таква реакција има нз ти каде си читала
Јас ја користам, ја земав од Зегин. Можеш да ја користеш како маска и како за обично миење. Задоволна сум, ама не сум до толку воодушевена како што очекував.
@mila7 Јас ја користев глината за пиење. Пишува дека е добра за детоксикација а јас искрено си го средив метаболизмот со нејзе. Се раствора едно лажиче во чаша вода, се остава да се сталожи и се пие водата без талогот. Се пие секое утро на гладно. Мене ми делуваше позитивно на организмот а конкретно ја земав демек ради лицето ама во тоа не приметив подобрување.
Јас сакав ова да го земам бев до дм ама го земав исто 3 во 1 на Балеа за чистење на лицето, па ќе видам како ќе се покаже, ако не ќе го земам на гарниер, Ова на балеа беше 130 мислам ден а гарниер 305. колку беше во зегин? А зошто не си толку воодушевена? Јас го имам два три пати имам ставено од како го земав, и убаво е ги суши мозолчињата ја чисти кожата, ама треба да помиме време да видам како ќе биде понатака. па ќе пишам.
Не сум ги пробала.. Едно време бев во план да го земам серумот Even better на Clinique но откако прочитав повеќе негативни коментари се откажав.. Еве баш пребарувам на нет, гледам дека има повеќе вакви сетови, дали се работи за некој од овие? Дали се добри и дали вредат за парите?