@LollySky Да можно е да е од него, и претходно кога сум го користела за лице ист случај беше.. Демек природно де, па затоа го ставам. Одам на миење истата секунда А Неутрогена за каква кожа е? Му се мислам на тоа 2во1 гледам позитивни коментари..
Ете, за почеток пробај неколку дена без него па ќе видиш дали ќе ти се смири лицето. Немам користено Неутрогена. Во секој случај што и да купуваш, гледај да е нагласено за осетлива кожа.
http://forum.femina.mk/threads/Природен-лек-против-акни.25210/#post-2980755 прочитај тука, а можеш и на интернет да пролисташ. Еве како изгледа: Што пишува на задната страна: Се прска на чисто лице неколку пати на ден, се остава 15 мин да делува и потоа се става крема.
Jas go imam koristeno I toa samo Edna nedela, pa dolgo vreme nisto ne se pojavi. No pred nekoe vreme procitav deka predizvikuva rak...A Sega sakam pak da pocnam no strav mi e..
Ве молам препорачајте ми некоја крема, лицето ми е пресуво, се лупшти и се појавува црвенило. Кај пределот на образите. Инаку имам норнална кожа. И цена ако може, многу ви благодарам.
Мислам дека Нивеа класичната крема нема да има некакво влијание околу длабинската нега на кожата на лицето. Универзална крема е, па верувам дека крајниот ефект ќе биде масна површина на кожата и пак ќе остане недоволно нахранета во подолните слоеви. Не ја препорачувам оваа крема, подобро на пример кремата со роза на Алверде која е конкретно наменета за сува кожа, или пак Cera di cupra повторно за сува кожа. Не се скапи кремите - оваа од Алверде е околу 130 денари, а другава некаде околу 200, а негата која ја пружаат е неспоредлива со онаа на Нивеа.
Девојки некоја користела куркума како маска за лице? Денес пребарував на нет и наидов на оваа маска . Куркумата имала антибактериско дејство, длабоко навлегувала во кожата чистела од акни,избледувала лузни, исто пеглала брчки ,чистела пори, помагала при црвенило на кожа и сл... Јас имам само акни долу на образот десен на друго место не и овие со месеци ми стојат, ќе се исушат па после некоја недела ќе се воспалат и гледам како лузни остануваат старите акни. Исто имам и митисери а најмногу имам до акните ,како црнки (воспалени, набабрени и многу болни најчесто кога нив ги чепкам ги воспалувам уште толку и прераснуваат во бубулици )...А остатокот од лицето ми е чист како солза. Јас брзо,брзо купив куркума денес помешав со јогурт и ставив на лице 20 мин. Со самото мачкање ме пецкаше ,кога се измив бев многу црвена но за 20 мин црвенилото изчезна. Сега кожава ми е мека ,ненормално мазна и затегната а и митисерите од носот 40% ги нема, ко за прв пат сум презадоволна . До сега користев зелена глина од неа многу ми се сушат акните а и лицето цело, но во овај период ми е пресуво лицето па реков да престанам да ја користам (може само на акните да ставам ). Би ја замолила на @Biodevojka збор два да ми каже за куркумата ...
Здраво драга, и јас имам читано многу за куркумата како средтсво против акни, но и како метод за позатегната и убава кожа со оглед на тоа што има дејство и да го спречи превременото стареење со оглед на тоа што содржи огормно количество на витамин Ц. Се мислев веќе подолго време дали да направам една статија за ова со предлог маска за лице и други некои третмани со куркума, ама после твоево прашање дефинитивно ќе направам деновиве една статија и ќе ви постирам линк во темата за блогови за козметика. Поздрав.
Здраво девојкии нова сум овде прочитав многу работи на темава па сакав да ве прашам дали некој има искуство и знае што е најдобро за мрсна кожа но многу осетлива на ладно и топло.До пред една година немав никакви проблеми со кожата ама после ми излегоа некои ситни бубулици само на челото па отидов во афродита да ми ги истискаат(класичен третман) прво ми одговараше направив неколку третмани ама после почнаа и на образите да ми излегуваат и низ цело лице и многу ми стана осетлива кожата на се што ќе пробав да користам и после некое време бев на дерматолог ми даде клиндамицин лосионот да го користам,тоа ми одговара ама знам дека не смее цело време да се користи треба и пауза да се прави.Е сега да ве прашам пошто од ладното ми се појавуваат црвени точки на лицето дали некој има таков проблем и знае решение за тоа зашто овие точки кругови црвени сто ми се не поминуваат.И исто ако знаете нешто ефикасно за ситни подкожни бубулици на челото ми се неможам никако да ги отстранам би ви била многу благодарна
И јас веќе подолго време користам маска од куркума, само јас малце поинаку ја припремам. 1 лажиче куркума, 1 лажиче мед, 1 лажиче брашно од леблебии (ама бидејќи незнам дали тука негде може да се најде, јас сама си правам, во машинче за шеќер мелам леблебии) и 1 лажиче јогурт или кисело млеко. Исто така убава е и за подочњаците, бидејќи сите состојки се природни јас и околу нив ја ставам. Совет, да не ја оставаш подолго од 15-20мин бидејќи куркумата бојадисува, и малце тешко ќе ти биди да ја отстраниш бојата што ја остава.
Супер е маскава, но бидете внимателни ако ја ставате околу очи. Пробајте прво на мал дел. Јас имав ужасно црвенило и оток кои траеа неколку часа. Значи, не велам дека кај сите куркумата има иста реакција кога се става околу очите, но сепак внимателно.
Сите различна кожа имаме ,кај мајка ми исто како членката горе имаше оток. Јас вчера се измив со вода и со гел но сабајле кога станав бев на некои места жолта така да миење само со сапун . @Dgirlll ја најдов и таа маска но прочитав дека тој начин со брашно е за ретчење на влакната низ лицето ,колку е точно незнам. Ќе пробам со мед и кисело млеко . И само навечер маскава да се користи и чување на лице 15 мин.
Епа зависи од кожа до кожа. Јас сум немала никаква реакција, освен обојување ако сум ја чувала повеќе. @lovemme и јас го имам истото прочитано, но исто така убаво е и брашното бидејќи кога ќе ја миеш и му доаѓа и како пилинг бидејќи остануваат ситни зрнца од леблебиите.
@Biodevojka по читање на твоите статии на блогот за алое вера гелот почнав да го користам и јас. Кога го користам чист одредени делови од лицето ми се сушат многу, пробав да го мешам со кокосово масло, но и така не ми одговара бидејќи многу ми го мрси. Со што или кое масло ми препорачуваш да го мешам? Имам комбинирана кожа.
ЗДраво драга не се грижи не ти ја суши кожата, туку затега (такво дејство има алоето) така да на тебе ти се чини дека суши. Меѓутоа за комбинирана кожа земи јојоба масло. Стави повеќе гел а помалку масло во раката убаво измешај и намачкај го лицето. Поздрав.
Освен чуството на затегнатост, на одредени делови и ми се првути, па затоа мислам дека е од алоето. Фала за препораката, прва прилика ќе купам масло од јојоба. Поздрав
здраво дали некоја ја има користено црната маска и како е задоволна и од каде ви е набавена доколку сте ја користеле?
Здраво драга, веќе неколку девојки ме исконтактираа за оваа црна маска, а јас појма немам за што станува збор.Може ли слика од производот со декларација? Навистина сум љубопитна. Благодарам.