Пред спиење ставам крема за акни,и кога ќе станам сабајле лицето ми е ептен суво,препорачајте ми некоја крема или што било само да не е создава акни.
Lea Herbal крема со екстракт од чајно дрво на Фитофарм, за кожа склона кон акни, многу убаво ја хидрира кожата а можеш да ја користиш и како дневна и како ноќна крема. Го прави лицето ептен меко и нежно,и го изедначува тенот.Ја користев лани и бев презадоволна, денививе ќе си ја земам пак.
Кој активен кислород е најдобар..Прашав во аптека на различни места ми понудија и различни шишенца со а.к..Па искуство некој/а да ми препорача..?
Zdravo Moze nekoj da spodeli iskustvo od Hemiski piling kaj Ancevski,dali se cisti liceto i dali rezultatot e vidliv odma posle prviot tretman?
@Jenniffer За Зегин конкретно не знам, прашај би требало да ја имаат, околу 300-350денари е ^Јас имам проблем со кожата околу носот,од десната страна ми е мноооогу многу суво, дури како рана ми се прави и ме боли. Не е стално таков,но на периоди е. Сувото масло на Лореал не го решава проблемот. Нешто да ми предложите?
Ах мојата болна тема... Си викам нема веќе да се замарам со ова ама што е тука е, перфекционист сум и не се задоволувам со ништо освен гланц чисто лице. Мој совет за е за тие што имате потежок случај на акни да одите на дерматолог (не на козметичар!), па тој соодветно да си реши дали ќе ве стави на лекарства или ќе идете на третмани на чистење. Мене лицето лани лом ми беше и цела година идев на чистење, бидејќи моите акни се мали, меѓутоа одма кога ќе се појават се полнат со sebum- или тоа жолтото како што си го викаме ние, така да тешко дека пудра или нешто може да ги сокрие-само стискање им е мајката. Инаку откако прекинав да пијам алкохол, да јадам благо, кечап сенф, брза храна, млеко итн приметиц огромна разлика меѓутоа сеуште не ми е комплетно чисто бидејќи уште сум во пубертет. Затоа мој совет е да не трошите многу на скапи креми и производи (освен пудра, кај која според мене нема штедење), бидејќи акните се внатрешен проблем кој се манифестира на надворешноста. Позз и се надевам еден ден сите ќе се прочистиме од нив
Пробај со производите на Eucerin. Сапун или гел за миење на лице+ крема за твојот тип на кожа. Посвети внимание на исхраната и пиј повеќе вода.
Јас се напнав во темава дури и на дерматолог сакав да одам и вчера ми светна сијаличкава од што всушност не ми е чисто лицето. Немам акни значи и немам црнки по лицето, тие ситни црвени брунчиња ми се само од телефонот т.е неговата нечистотија. Читав колку бактерии има површински и се згрозив. Земав анти бактериски марамици за да го бришам па се надевам ќе се среди. Така да обрнете внимание и на ова,сите истата грешка ја правиме.. Одам да испробам масла со глицерин, за ефектот ќе пишам во соодветната тема
@Chanell* може да кажеш како се викаат и од кај ги зема тие марами? Инаку сакам да прашам дали некој ја има користено црната маска за акни и црнки на лицето? Јас секогаш ставам зелена глина, но некако ми го пресушува лицето..некој совет? И уште нешто, дали во дм ги има марамите за отстранување на сјајот на лицето, ако не кај можам да најдам такви?
Пред да ја нанесеш маската стави малку масло на лицето ( маслиново, бадемово, од роза...). Можеш и кокосово ако не ти прави проблем на лицето, затоа што кај некои е комедогено.
@mila7 Од продавница, Медикал антибактериски марамчиња 20ден. се. Мислам дека Аура имаа марамици за впивање на вишокот себум..
@mila7 црната маска живи глупости..Поклон ја давам..Ако извади 2-3 црнки..Лентите на нивеа подобро вадат отколку оваа црна маска..Мое искуство може некој добра му се покажала..
За Избелување на флеки од акни, чаре? :? Црвени се сеуште а и н се стари, па мислам дека може да ги снема. Лимон,сода,куркума,мед .. ? Ако сте пробале нешто и ви успеало,споделете @Biodevojka И твојата помош е добредојдена
Здраво драга имам напишано две статии за ова. Ќе ги ставам во темата блогови за козметика еве сега и ќе те тагнам за да ги видиш. Поздрав.
Дали некој ја корстел или може да ми предложи ваков апарат за чистење лице? Али да биде околу 1000ка,
@Elence93 Во Авон ја имаше за 999ден. И јас сакам да најдам убава четка до кај 2000нека биде но да си го прави своето за тие пари