Здраво драга, да имам напишано четири рецепти, еве во продолжение ти ги оставам 1. со шеа путер: http://biodevojka.blogspot.mk/2016/05/blog-post_21.html 2. со какао путер: http://biodevojka.blogspot.mk/2015/09/blog-post_27.html 3. со мед: http://biodevojka.blogspot.mk/2015/02/blog-post_24.html 4. со чоколадо: http://biodevojka.blogspot.mk/2015/11/blog-post_26.html поздрав и ако направиш нешто пиши како си задоволна.
Како да го исчистам лицето од флеки од акни? Секогаш ко ќе ми се појави ја стегам и после ми останува само како флека и ме нервира
Почнав да ги користам кремот La Roche Posay Effaclar duo + заедно со гелот за миење лице од истата колекција. Еве веќе недела кај што ги користам ама немам заприметено некоја разлика, знам дека можеби е рано ама после тоа што цел свет збора како правеле чуда не знам што да мислам.. Заприметив дека на челото почнаа да ми се прават ситни мозолчиња црвени без врв а на челото никогаш сум немала проблем ни со акни ни со мозолки, најголемот проблем ми е на образите таму имам лузни и акни а ни таму не видов некоја разлика само што ми се појавија плус неколку нови поткожни акни болни на допир.. Не знам што да мислам, дали е нормална оваа реакција? Прочитав доста коментари на нет и пред да ги купам и откако почнав да ги користам, има и други на кои им се направило вака, некои пак викаат дека пред да почне да делува треба да се влоши ситуацијата.. Имал ли некој искуство со оваа линија да го сподели и да ми појасни што се случува?
Здраво драга зелена глина имаш во сите аптеки, потоа во продавниците за здрава храна и во ДМ. Прашај мора да ја има.Поздрав. Пиши ако ти требаат рецепти.
Женски, имам пробано многу гелови, кремови, се и сешто и моментално сум без терапија, ќе почнам со третмани и сакам да си земам гел од Avene и други производи од таа линија или барем од истиот ранг. Имам комбинирана кон масна кожа и имам многу црнки (пори). Покрај гелот што ми препорачувате за дневна нега а што преку ноќ? И што мислите за емулзијата?
@Leat јас од Авен воопшто не сум задоволна , имам користено скоро се ама заклучив дека нешто позитивно не направија производите за мојава кожа. Истото го мислам и за Ла роше , можам да кажам само дека гелот за миење лице ми се допадна. Ако сакаш нешто природно , ти ја препорачувам на Гамарде кремата себо контрол тоа е дневна крема а за вечер можеш да го испробаш маслото од рози на Алверде , за ноќна нега е мн фалено и од девојките со масна и сува кожа. Јас маслото лично го немам пробано а планирам , меѓутоа кремава погоре е супер пробај ја , ги лечи акните плус ја прави мат кожата и кремава е органска. Ја имаш во Зегин и Еурофарм и сега е на попуст околу 800 денари
Да ми препорача некој лосион или тоник ( по можност тоник) што содржи салицилна киселина? и сакам да прашам дали некој има корсистено термална вода, имам проблематично лице, не знам дали на Avene или Rosche да ја земам, предлог?
Ја имам користено термалната вода на Авен ама освен тоа што во лето добро ме освежуваше не приметував нешто друго да прави на кожата
@koritsaki мене ми треба по депилација, а и некои ситни бубулици...Не знам дали на Авен или на Роше, зашто читав за Роше била подобра...
Да добро е за по депилација ќе го намали црвенилото јас така го користев и во лето да си го освежам лицето
Акни се појавуваат и доколку имате проблем со забите т.е доколку имат кариес или гнојно кесе. Затоа доколку имате сериозен проблем една причина може да биде таа, имајте го тоа во обзир и проверете си забите.
На сите оние што имаат флеки, топло ви ја препорачувам оваа крема. 600-700 денари е, но навистина вреди и помага. Ја има во еурофарм(поголемите аптеки), хербал плус, можеби и во некоја друга аптека. http://www.bioderma.com/en/our-products/cicabio/arnica
Пената за миење лице на Балеа, 160 ден. Оваа е за нормална и комбинирана кожа, има 3 типа. Спојлер: Пена за лице Балеа слика
@anonymousgirl03 јас ти го препорачувам гелот за миење лице на Алверде над 200 денари не е , од Алверде исто така има и пена за миење лице со зелена јаболка и лимета 3 во 1 мислам се вика со тоа некои и шминката ја вадат јас лично не сум пробала на очи да го ставам