@Kitty23 @LollySky Јас го имам ова, многу убаво ми ги чисти митесерите околу носот и под устата. За црнки не го бива, не вади ништо. Акни вади, ама исто е ко со прсти да си ја стиснал, што не е препорачливо.
Veke vtora nedela kako pravam maska od aspirin I malku voda na liceto I navistina mene barem zasega mi pomaga. Ama ne zboruvam za gnojni akni, za tuk-tamu po nekoe brunce.. Vednas ima razlika, mestoto smireno, osvezeno I zasega super deluva.
Јас имам вакво слично. Ефектот е како стискање со раце, само похигиенски и полесно. Пред употреба треба да се дезинфицира. За вадење митесери треба прво да се пари лицето за да се отворат порите.
Здраво драга, ако имаш нормална накај сува кожа од време на време, ти ја препорачувам на Логона крем за лице со алое и маслиново масло. Го има во Зегин околу 500 мкд. Потоа на Лавера сензитив крем за лице околу 700 во ДМ. Ако сакаш нешто поевтино во тој случај Алверде со камилица околу 250 мкд.во ДМ. Одбери сама што ти се чини најдобро. Поздрав.
@Biodevojka ја земав оваа крема за лице од органик продавница. Кошташе навистина. Сликав и сакам да слушнам мислење за кремава за лице за освежување што мислиш ти?!
Дали има некој искуство со овој производ? Ја купив и ставав но мислам дека почнаа да ми се појавуваат поткожни брумчиња од неа и ми се лупи кожата има ли некој друг ваков проблем?
Имам многу чудно лице. Понекогаш имам мрсна т-зона, понекогаш многу се лупам таму, само образите ми се во нормала секогаш. Имам и проширени пори, а тие ми се минимализираат само кога го мијам лицето со ладна вода Го имам тоникот за пори со 2% салицилна киселина од Авон, но тој само секундарно ми го решава проблемот, т.е после 10тина минуи ми се враќаат во нормала. Навечер користам нивеа крем, клавам на носот и челото кога ми се во состојба на лупење. По некое мозолче ми се јавува кај порите и околу устата и користам хлорадерм веќе неколку години но ми поминуваат по неколку дена и чат пат по некоја флека ми останува ... @Biodevojka ќе те замолам ако можеш да ми препорачаш нешто посебно за порите и флеките од мозолчињата... Цената не е проблем
На дерматолог ми препорачаа да земам гел од Авене и уште едно од avene за на акните да се мачкам. Искрено ништо од тоа во мојот случај не помогна. Пробај една недела без млеко и благо, чоколади, и види дали ќе имаш резултат. Некогаш за проблематичната кожа проблемот може да е од внатре, од исхраната. Моментално лицето скоро ми е исчистено откако прекинав со тоа, а гелот го користам навечер само поради мрснотиите на лицето затоа што имам ептен мрсна кожа. Имам пробано и други кремови, гелови, маски и што не, ама ништо не ми помогна освен начинот на исхрана.
Драга според мене кремчево е супер. Структурата би требало да биде лесна а сепак убаво да се размачкува на лицето (пријатна структура со свиленкаст финиш). Ми се допаѓа што не е тешка како крем и ок е за нормална кожа. Има убави екстракти и можем да замислам олку убаво мириса на роза (ми се допаѓаат кремите за лице со роза). Според мене како производ е супер, кажи дали ти одговара и како ти се допаѓа тебе. Чекаме рецензија Драга малку чудна нега имаш прво ја сушиш кожата со тоник, па потоа ставаш масен крем. Јас би сакала да ти препорачам комплетна нега, не само средство за порите (доколку ми дозволиш секако). Кажи ми кој ти е буџетот за три производи (тоник, гел за миење и крем). Поздрав.
Отсекогаш сум имала меко и чисто лице, акни не сум имала ни во пубертет, или ќе ми излезеше една-две поголеми што најчесто ги стискав (знам дека не треба, ама многу грдо ми изгледаа) и после тоа им ставав паста да се засушат. Знам дека е агресивна пастата за кожата, ама гледав да е точно врз акната, и супер ми делуваше, одма ми ги сушеше и до следниот ден ми се повлекуваа. Црнки отсекогаш сум имала на носот, ама сите ги имаме и не ми пречат нешто посебно. Креми мислам дека никогаш не сум користела, ниту било какви средства за нега на лице, освен обичен сапун. Е, откако нешто ми текна па изнакупував триста креми, пилинзи, маски и гелови за лице, дури тогаш можам да кажам дека не ми е лицето како порано. Дури сега носот или т-зоната почна забележително повеќе да ми се масти, да имам некои ситни бубулички што не се ни за стискање и воопшто состојбата во која ми е лицето не ми се свиѓа баш. После некое време сфатив дека тоа е заради триста штетни работи што се наоѓаат во препаративната козметика, од типот на силикони, парабени, нафтени деривати, откако ги спомна @Biodevojka искрено почнав сите средства за нега за лице да им ги читам составите и во некои ги имаше сите парабени, неколку силикони... И баш решив да тестирам со една крема за раце (за лице не ми текнува сега, овде беше позабележителна промената) полна со силикони, само што ќе ја нанесеш кремата рацете ти се меки, премеки, миризливи... Кога ќе помине одредено време, еве следниот ден а да не ставиш крема, рацете ми се посуви и испукани на места кај што не ми ни биле претходно. А пред било каква нега, ми биле исто така доста меки. Она што сакам да го кажам е внимавајте што користите, особено на лице, гледајте колку-толку состојките да се ок, но уште поважно внимавајте каква исхрана конзумирате, зошто се што внесувате во организмот се одразува надворешно, на вашата кожа, тен итн. Исто така, гледајте да вежбате, скратете или целосно прекинете со пушење, ако се чувствувате здраво и ќе изгледате здраво, така и ќе ви се исчисти лицето, ќе ви се врати природното руменило и убавиот тен. А после се тоа, можете да го негувате лицето со (по)природна козметика од таа што сте ја користеле до сега.
Англија. Органик продавница за здрава храна. Позитивно се изнендив за кремава уште да видиме резултати @Biodevojka па ќе објавам рецензија. Ти благодарам многу.
Јас ја користев и искрено претходното лето кога бев на одмор од солта на морето и од кремава ми се исчисти лицето ама кога се вратив во Скопје пак ми се појавија акни. Ама не од кремата туку од нечистиот воздух тука :/ . Уште си ја користам, посебно после ставање на маска, многу мека ми ја прави кожата и убава Иначе нема шанси од кремата да почне да ти се лупи лицето, баш оваа е наменета за хидратација на кожата.
Пишав, не ми е битна цената, нека биде и 1000 и 2, не ми е важно, особено кога е во прашање лицето. Бајдвеј, фала