Мој совет ти да не фрлаш пари залудно зашто сами не сме стручни да одбереме продукт кој ке ни го реши проблемот.Ако имаш акни и дамки ти треба поагресивна медицинска козметика. Клиникот е прекрасна и скапа но комерцијална линија на продукти. Мој совет ти е да појдеш на дерматолог ако досега не си била.Може со креми ке те помогнат, може ке треба лекарства да пиеш не ја гледам состојабата. Инаку за посериозни акни помага СОНА ( строго навечер) суши.црвенее и лупи. Понежна варијанта ти е La roche Effaclair duo plus ( намалува маснотија,пори и помали лузни од акни).Сепак најдобро ти е да посетиш стручно лице за одерување на соодветна терапија.
@beauty.princess Јас пред некој ден случајно го зедов на Doctor's антипигментираниот сапун. Намената му е против флеки и пеги, 3/4 дена го користев 2 пати во денот и после првиот ден забележав промени. Имав кај устата како флекички од што ги притиснав итоа ми стоеја од пред нова година, вториот ден видно ми се намалија за по 2/3 дена скроз да ги нема. Цената му беше околу 80-90 денари мислам И малце ја суши кожата али после кремче нема гајле. Спојлер
Здраво, ми треба совет за добра крема,тоник,сапуни или нешто слично. Секој ден се шминкам,понекогаш дури и по 12 саати не ја вадам шминката. Ја вадам со влажни марамици,и лицето само со вода го мијам.Не користам сапун,може и тоа ми е грешка (а имам земено на ассо ама не го мијам ) Е имам и пеги,и флеки некои мали ситни на некои места(уште во ноември ми излегоа чудни бубулици една две,и еве поминати се ама ми останаа флеки што ми е чудно зашто не сум имала до сега таква мака) Бубулици најчесто ми излегуваат околу устата и брадата,и на челото па мислам дека имам комбинирана кожа со мрсна т зона. Сега сум решена малце повеќе внимание да обрнам па добро би ми дошле неколку совети
@BeautyAndTheBeast Јас освен вода,ништо друго не користам за миење на лице. Паста од сода бикарбона и вода ставав околу 2 недели и ептен ми ги исчисти флеките од акни. Се познаваат пак но ми беа многу темни а сега се видливо намалени.
@Snowbell @Zivyle кај мене по своја желба минуват па потоа пак се воспалуват.. проблемот е тоа што не минуваат тие засекогаш, само има периоди кога се малку посмирени па по извесен период пак се активираат... бев во германија на кожен лекар и кај матичниот се обратив, бидејќи таму живеам.. ми дадеа некој креми ги користив, но залудно не помогнаа.. исто така имам и полицистични јајници, па тука во мк тоа ми го кажаа, сега имам закажано на гинеколог па ке видам... можеби ке треба да направам хормонален тест, докторката ми рече дека без хормонални таблети проблемот нема да се реши бидејќи тие ги предизвикувале акните.. мене малку ми е страв, поради ризик од бременост.. познавам некој што пиеле па неможат да останат бремени и така (но кај секој индивидуално пак ке кажам).. фала ви многу на советите, ќе го купам на doctor's, па ке видам што ке направам.. позз и кисс мили мои феминкии
@Chanell* Фала,баш ке пробам со таква паста. Ама сакам и плус некоја добра крема да почнам да користам(бидејќи не ставам подлога ,него директно пудра неможам никако да си најдам некоја добра крема) Сапун исто,или некој тоник. @Biodevojka гледам се разбираш,па ако можеш да ми го прочиташ минатиот пост од мене и да ми дадеш некок совет
@BeautyAndTheBeast Ако може и јас да се приклучам во муабетот еве јас имам масна кожа склона кон акни. Од пред еден месец решив барем препаратите за нега на лице и тело да ги сменам бидејќи кожата ми брше во катастрофална состојба. Имам користено досега од најевтини до поскапи традиционални производи (од Гарниер па до Есте и Клиник) ама не видов никакво подобрување. Почнав да користам органски птоизводи внимавам во составот да нема силикони , нафтени деривати благодарение на @Biodevojka ми препорача некои препарати и кожата сега ми е супер. Јас ја користам кремата на Гамарде себо контрол за преку ден и ноќ , паста за чистење на лицето на Др. Хаушка, и гел за миење на лицето од Алверде со морски алги плус лосион од истата линија на Алверде. Производи на Гамарде можеш да најдеш во Зегин и Еурофарм. Почнав и пудрите на Алверде да ги користам сега за сега ми се ок за во лето незнам што ќе правам , но според мене прво и најважно е да почнеш да користиш производи со добар состав за нега на лицето
Јас со години се обидувам да го исчистам лицето и ништо не ми успеваше. Имам некои мали испакнатини што не се црвени, ни се стискаат зашто се премногу длабоко под кожата, и си седат засекогаш, значи умрев од нервози со тоа. Пред неколку дена сфатив дека тоа уствари не се акни, и не функционираат антиакни третмани на нив, туку некои цисти наречени Мiliа. А јас третирав акни цело време, со препарати кои кожата ми ја прават уште помрсна. И еве сега стигнав до дермоабразија зошто тие наводно само механички се острануваат, и ова ако не успее не знам што ќе правам. Муабетот ми беше, дур не сте сигурни што имате не правете ништо на своја рака, вака од лошо искуство. И изглуглајте ги овие чудава, да не сме исти случај. И некој ако има искуство се моли да сподели
Здраво девојки,дали некој ги има користено овие производи? Доколку ги има ве замолувам да споделете искуство од користењето. Ви благодарам
@Biodevojka Купив масло од јојоба на Биокосмос и етерично масло од чајно дрво на Еси. Имам сува кожа но повремено ми излегуваат акни и нееднаков тен на лицето, а во последно време и порите многу ми се приметуваат Ништо страшно, но сепак се приметува кога немам пудра. Дали според тебе е океј да го користам маслово? или е наменето за зрела кожа? И чајното дрво, дали само за мрсна коже може да се употребува? Ќе имам штета ?
Јас ја користев Дермопурифаер кремата некое време, како подлога за пудра и како секојдневна хидратантна крема. Мислам дека не постои подобра крема наменета за комбинирана и мрсна кожа. Каква пудра да ставев над неа, изгледаше беспрекорно. Не знам колку и дали помага со проблеми предизвикани од акни, јас немав таков проблем, едноставно ми одговараше на типот на кожа и затоа ја користев.
Здраво драга, маслото од јојоба одговара на сите видови на кожа особено на масната (едно од ретките масла за масна кожа) со оглед на тоа што е лесно масло. Инаку етеричното масло од чајно дрво е одлично во случај на црнки.Во маслото од јојоба (ако е 50 мл) капни од 5 до 7 капки етерично масло од чајно дрво. За почеток е ок со помалку, затоа што ова етерично масло е доста јако а и ти немаш баш масна кожа, така да добро е да не се претерува. Навечер на благо навлажнета кожа ставај од оваа мешавина на јојоба со ќајно дрво и убаво масирај го во кожата со благи движења. Мене како масло многу ми се допаѓа. Пробај па кажи ми. Инаку за сува кожа подобро е етерично масло од лаванда, Поздрав.
@Biodevojka Ти благодарам, ќе земам лаванда и ќе ја растворам во јојобата. Чајно дрво само со сода и кокос ќе го користам. Ставив чисто масло јојоба на кожата и сум ептен задоволна. Лицето ми е мазно,меко, ма прекрасно! Како порано не го знаев ..
@Zivyle Од акни ти беа флеките или ти излегуваат при изложување на сонце? Прашувам за мајка ми пошто таа има флеки на лицето кои и се интензивираат лето поради сонцето, користеше Лала крема, ама изгледа ноќна имаше ставено и и се интензивираа. За флеки од акни многу ефективна ми се има покажано Лала кремата, ја користам постојано зашто имам проблем со акни од време на време. Само имаат направено копија и едната не е баш најдобра. Таа што ја продаваат во кутивче е подобра, и пожелно е ноќна пошто е поконцентрирана, ама во случај да ставиш ноќна треба да избегнуваш сончева светлина.
Имам многу проблематично лице. Имам пробано козметика од 100-3000 денари за лосион или крема буквално се Акни ми излегуваат поткожнии секакви а имам многу лузни и страшно се познаваат ни пудра не ги прекрива :/ Ми препорачаа некоја козметичарка во Кисела вода Шарм студио мислам за третмани презадоволни биле сите што отишле.Дали некоја од вас има правено вакви третмани?
Не не ми се од сонце, од акни или од мозолчиња што ги притискам. На таткоми цел грб му е со флеки од сонце, и се тоа од пред неколку години кога бевме Турција и температурите беа високи и беше изложен на сонце долго и без заштита. Знам дека имаше земено една крема со кафе, домашна, цела ја потроши и не виде никаква промена, а кога беше на кожно му препорачаја друга крема многу поскапа, ни од неа немаше промени.
@Biodevojka те молам препорачај ми некое масло или крем за изедначување на тенот. Имам сува кожа на образите а т зоната ми е мрсна. Засега користам само обичен хидратантен крем од нивеа.
Девојки порите многу ни се познаваат..Ги имам под очите тој дел плус црнки еден куп исто и носот..Нит пудра ги прекрива ништо грозно е преку ден..Исто барам нешто за изедначување на тенот..лицево ми е потемно а вратот побел..Денес зедов од аптека ми дадоа на еуцерин крем го пробав и искренно не ми се допага..Џабе пари дадов