Неагресивен сапун и најладна вода- водата ладна ќе направи забрзано циркулирање на крвта во лицето ќе ја донеси потребната храна до лицето додека пак сапунчето со меко триење ќе направите масажа од милион долари Поз
Spored mene Sepak da se konsultira so dermatolog, mozebi e Erizipel ili nekoj drug dermatoloski problem.
Знае ли некој како може да се отстранат подкожни брунчиња бели, најчесто излегуваат крај очите. Имам 2 и страшно ме нервираат, неколку месеци ми стојат веќе.
se pravat od mrsna hrana kolku sto mi kazuvale .. mozesh da prasas na kozmeticar mene tamu mi gi izvadia so sterilizirana igla
Таа црна маска во ДМ е скроз различна од таа што ја рекламираат. Во ДМ е црна само заради јагленот, и таа функционира на база на јаглен и цинк, повеќе хемиски делува. Оваа што е популарна на фејсбук физички ги вади наводно црнките зошто е баш како лепак. Јас ја направив дома со бел нетоксичен лепак и апчиња од јаглен, буквално лепак. И мое искуство е дека оние резултати што ги даваат се повеќе мовта што ќе ти ја извади, од колку нешто друго. Има на јутуб DIY
Фала на инфо.И јас гледав на јутуб и ме примами некако,а кажи ми каде најде бел нетоксичен лепак?Апчиња имам активен јаглен..друго што треба,само тоа?А ја пробав вчера таа од ДМ нема врска како ова..Оваа ми е мерак ама 700ден не ми се дава.Абе нешто вади,онаа од Дм ништо
Во странство бев во моментот. Тука би побарала во џамбо, или не знам некое за школски прибор, само пази да е бел лепак.
Ако не најдеш лепак, пробај да растопиш желатин со едно лажиче млеко. Издроби го активниот јаглен ( 1-2 апчиња), измешај и кога маалку ќе се олади во тенок слој нанеси на лице. Кога ќе се исуши маската, одлепи ја. Само да те предупредам, малце боли одлепувањето.
Јас одам за микродермоабразија. За што и да одиш барај ја Валентина да ти биде, убедливо најдобро работи и мислам дека само ради неа одам, пошо апаратите се уствари сегде исти.
Откако почнав да ја користам мицералната вода на голден роз лицето ми процвета. И да имам мозолки веднаш ми ги гори. Кожата ми е помека после секое користење мазна и чиста. Сеа за сеа не планирам да ја менувам.
Некој кој користел зелена глина..Дали помага во чистењето акни пори и белези од акни..За колку време може да има резлутат и колку пати во неделата..?
Вечерва ја употребив оваа маска. Можам да кажам дека супер се вади многу убаво мириса и достаа мазно лицето ми го направи .... како за маска од 70 денари баш сум задоволна
Кај мене немало ефект во однос на чистење акни и белези од акни, ама имало видливи резултати на порите, е сега не знам дали ги чисти или ги затвора.. Ако ги чисти темелно тогаш делува и превентивно против акни.. Јас кога ја користев глината ја користев отприлика еднаш неделно, па можеби тоа било малку. Цело искуство со зелена глина ми се сведе на освежување на лицето и чистење на пори. Сепак мислам дека рутината за чисти пори би требало да биде со парење на лице, отстранување на црнки со алатка наменета за тоа, чистење со гел или пилинг после тоа и на крај нанесување на глина и миење, пошто треба да е чисто лицето. Не сум ја употребила вака длабински, сум одела само со последните 2 чекора, ама во план сум деновиве да си ја вратам рутината, обновена на овој начин. Акни се јавуваат заради затворени пори, не можат да излезат бактериите и себумот и настанува воспаление, па мислам дека ако соодветно се чистат порите, дека ќе има ефекти и за акни, ако се биде упорен.