Да ми препорачате некое млеко за лице што чисти темелно? Некоја да сподели искуство од Nivea Q10 или Gamarde кое го користите и како сте задоволни.
@blessed.an според мене глина е најдобра и најевтина маска за лице. Најбитно не содржи шкодливи состојки како оние во кесичка. Во зависност од типот на кожата можеш да и додадеш маслиново масло (ако е сува, мед итн. или само чиста ако ти е масна кожата). Јас ја користам нон-стоп кај мене е доволно еднаш во неделата со оглед на тоа дека сега кожата си ја доведов во номална инаку претходно ми беше сува и доста осетлива. Белези незнам колку би ти тргнало зошто мислам дека таа намена ја нема. ако можеш да набавиш каолин (бела ) глина која е малку поскапа но сепак доста трае би ти препорачала да си купиш. Иако и обичната е одчична. За тоа колку пати во неделата да користиш зависи од типот на кожата.
@Mama25 имам комбинирана кон мрсна кожа..А каде може да се најде таа бела глина и дали помага за акни и која и е цената ако знаеш..? Благодарам сепак на советот
Ах, ништо. Сакам да си најдам таква маска што се вади целосно, без измивање, а да не е мнофу скапа. Ако некој друг знае во Скопје кај да се најде оваа или слична, известете ме.
Моментално и јас се ставив на исхрана без животонско потекло и благо па ќе видемед можеби ќе биде добро кај тебе какп беше?
Мене лицето ми е природно чисто од секогаш, немам ниту една точка а не го одржувам на некој посебен начин освен тоа што никогаш си немам легнато со шминка, секогаш пред спиење ја одстранувам, го мијам лицето и нанесувам некоја крема.
Здравооо проблем со лицево ! Наутро кога станувам исто како масло да сум мачкала црнки ми се прават исто и мозолчина меѓу мозолчинава кога ке одпоминат ми остнува како црна точка не знам што уште да земам некој совет за мрсна кожа Зедов од аптека анти лосион ми рекоа дека е многу убав но не ми делува а многу пазам на лицево не знам што да правам. Совет !!
@blessed.an зелената глина тебе повеќе би ти одговарала заради твојот тип на кожа. Ги врзува токсините и нечистотиите и воопшто како чистач е најдобра.Ги собира проширените пори и истевремено ја регенерира кожата, ги смирува сите процеси на кожата како акни, мозолки и сл. Ич не се мисли,одма да си купиш. Можеш да и додадеш и по некоја капка од масло од чајно дрво има во зегин. Да знаеш само дека мора да ја раствориш во нешто керамичко или стаклено и никако да ја мешаш со метално лажиче зошто инаку би оксидирала. @havai 123 белата глина е повеќе за осетлива и сува кожа. Едно време ја имаше во Рамстор во Тесори ди маре сега незнам дали ја носат уште. Цена колку што памтам окол 450 плус, минус 50 денари. Провери.
Бидејќи имам пробано доста креми и лосиони и од сите ефектот ми траел кратко, сакам да купам tea tree или jojoba масло. Дали помагаат, каде ги има и која цена се отприлика? Инаку имам проблем со акни.
Тea tree имаш во Зегин. Околу 200 ден. Јас на лице го немам ставано, на косата само. А јојоба и tea tree имаш и во Ла Сои. Цена не знам на јојобата. Етеричното масло исто е околу 200.
@Elence93 Јојоба масло има на Биокосмос околу 350 мислам го купив, многу е убаво за хидратација. Го нанесувам на благо навлажнета кожа навечер и сабајле кога ќе станам лицето е меко, ефект што не се споредува со ниедна крема, а притоа го осеќам многу свежо и чисто лицето. Чајно дрво масло на Еси 200ден е, кога ќе ми текне ставам на штотуку излезена акна, го смирува воспалението и ја суши побрзо. Има многу јак мирис само,тоа не ми се допаѓа кај него, но одлично е за акни.
Мојата кожа таква беше уфф .Дерматолог ми кажа дека сум имала розацеа користев на Авене креми ништо не помогнаа,Еуцерин цела колекција анти реднес розацеа подобра беше,но пак истиот проблем се појавуваше,ставав облоги од камилица,внимавав со храна намалив месо,луто,кечап,мајонез и благи дур не се повлече.Приметувам и од стрес исто така ми се прави лицето,ако влезам во задушен простор топол или зачадена просторија од цигари.Ако може @Biodevojka да ми предложиш крема за моето лице суво,понекогаш се вцрвенува?
Еленче јас би ти предложила да си земеш чајно дрво за акна е мајка. Еси производи колку што знам не носат веќе во Зегин да не луташ види во Виола поснабдените. А масло од јојоба не купувај од било каде, односно без гаранција со сртификат, зошто е се само не масло од јојоба. Види претходно да пишува да ладно цедено. Зошто нема да го има истиот ефект.
Мене ме изненадија со нискиве цени за јојоба маслото, па ќе читнам повеќе. А од чајно дрво ќе земам уште денес, ќе видам во био култ и био космос пошто виола не ми се баш достапни.
La roshe posay гел за чистење , ноќна и дневна крема кај можат да се најдат? И Биодерма? И цена случајно да не знаете?