Сите што имате мозолчиња,акни митисери и слично ви препорачувам најпрвин козметички третман класичен.Ниедна крема маст лосион нема да ви делува ако лицето ви е полно со маснотија и бактерии Ако сте од скопје ви препорачувам студио шарм кисела вода последна 16ка третманот е 1000 денари но резултатите се видливи од првиот третман по третманот веќе може се да се користи затоа што вака се е џабе.Кажубам од искуство имам премногу проблематична кожа и задоволна сум од третманот.Го мијам лицето со млеко на Balea а крема ставам pantexol и ми е прилично подобро лицето
Добар ли е овој лосион девојки? Го гледав во Тинекс на попуст е заедно со сапунче, па се мислам дали да го земам да не ми направи поголема штета
Јас подлогата ја користам, лицето почисто никогаш. Не би требало да има штета, само види за каков тип на кожа е.
Гледав, за мрсна и проблематична кожа е, а мојата таква е последниве месеци. Да го пробам тогаш се надевам ќе помогне
E сега за сапунот ако е тој за мрсна кожа внимавај, мене ми ја исуши кожата до лупење, јас комбинирана имам.
Епа вака,пред 4дена на лицето поточно на образите ми испаднаа црвени дамки(брумчиња немам), ме печат само но во одреден период на денот малку чешкаат. Матичната ми рече да ставам афлодерм и да го мешам со канестен, но не помина. Вчера бев испитав крвна слика и седементација, и покажа дека имам покачени леукоцити 11 и седементација 36(моментално имам менструација 3ти ден), ми препиша цефалексин антибиотик и лоратадин и само канестен маст бидејќи од афлодерм ме пецка многу. Се сомнева на некаква габична инфекција. Некој предходно да не се соочил со вакво нешто, или што друго би можела да ставам црвенилото да исчезне?
Оди кај некој добар кожен лекар. Не мора да значи дека е габична инфекција. До понеделник не ставај шминка и ништо што содржи масла. Од Скопје си?
Не, не сум од Скопје, но веќе почна да поминува не е како што беше црвено. Црвенилото исчезна, но планирам да направам алерго тест. Сепак ти благодарам
Супер штом се повлекува. Да беше од Скопје ќе ти препорачав кај да одиш. Матичните многу "од ракав" препишуваат терапија (многу лоши искуства имав). Направи алерго тест, а ако не се повлекува обавезно кожен лекар. Поздрав
И мене ова ми личи многу на алегија, ама провери си да не истекол рокот на нешто што користиш. На секој производ треба да има знакче со тегличка и во тегличката пишува бројка, тоа е колку месеци трае од кога ќе го отвориш.
Некоја инфекција испадна дека е, но да кажам ми помина, уште ден два ќе ставам маст канестен, инаку користам само бекутан хидратантна крема за лице, и многу ретко користам шминка. Сепам благодарам на одвоеното време
Од лично искуство не би ти препорачала никаков лосион затоа што содржи алкохол, но голема штета не би можело да имаш барем во првите две недели ако сакаш да пробаш...
Само козметичар е решението, верувајте. Ниедна крема или домашна маска или онаа black mask нема да ви помогне. Џабе трошите пари, а и си го одложувате чистењето на лицето. И јас верував во креми и домашни маски, и се залажував со се и сешто... Упорно не сакав на козметичар, бидејќи мислев е тепање време, но не е така... А и лицето не сакам никој со раце да ми го фаќа Нема да имате веднаш резултати, но после одреден период, ќе имате дефинитивно. Само треба да се распрашате, да ви препорачаат козметичар. Не се залажувајте дека оние во салоните се као попрофесионални или не знам што... Жената може и дома да работи и да биде супер! Јас прв пат отидов во мај 2016, значи уште малце година и дури сега лицето ми е чисто и немам ништо. Значи решението ви е козметичар.
За нормална кожа. Ги чисти флеките од лицето, капиларите и ја прави кожата чиста и мека а најмногу ми се допаѓа фактот што ја менува бојата на лицето и ја прави баш онаа натурална и чиста кожа за која што не е потребна никаква пудра. Препорачувам. @Biodevojka не згреши мила .
Пробајте со зелена глина, јас ја користам 2 пати неделно со млака вода правам маска на цело лице, кај мене има ефект го намалува црвенилото, постојте со маската се додека не почни да се стврднува на лицето да не можете устата да ја мрдате. И друга маска 3 аспирина со мед измешајте нанесете на лице поседете 10 15 минути при вадењето нежно масирајте и измијте со вода. Кај мене има ефект од овие двете
За мрсна кожа се супер оние кои ги напишала @Adi888 погоре. Особено маската со зелена глина. Во периоди кога лицето ми е посуво во одредени зони, додавам и лажица мед во глината, инаку така самостојно прекрасно ги чисти порите и ја регулира маснотијата.
Колку пати неделно може лимон..Бидејки имам многу флеки од акните па би сакала да пробам..Имам и акни но повекњ се флеки проширени пори црнки и многу нечисто изгледа..И некој друг предлог ако може
Здраво. Проблеми со лицево имам уште од пубертет, ај со надеж дека ќе се среди ама ништо еве на 21 уште се мачам. Што се немам пробано.. Имам акни, проширени пори, црнки и флеки -.- Некој со ваква комбинација хаха, како да се среди? Ма да секоја кожа различно реагира на различни препарати, мојава е комбинирана. Сега земав лала крем за флеките, тоник користам од сабајле и навечер, и пилинг на балеа 2 пати неделно па ќе видиме вака ако се потсреди ќе ви пишам... Секаква помош е добредојдена.