Одговара на секоја кожа и сечиј џеб, кошта околу 250 денари и за секојдневна употреба е прекрасен. Кога се враќам наназад и размислувам кој производ најдобро се покажа за секојдневна употреба, ми текнува на овој. Кога јас го користев беше во платична паковка, па ми требаше време да сфатам дека го смениле паковањето Не се груби гранулите, и не го суши лицето ко што е случај со неутрогена пилинг гелот наменет за секојдневна употреба. Сега ја купив пената од оваа линија на Нивеа, ама следен производ на листа ми е стариот добар Нивеа гел за секојдневна употреба. Овој десно беше стариот што јас го користев, поинакво име има, ама мирисот и конзистенцијата е ист како на погорниот. Во дм го има горниот по изгледот на гелот одма ќе го препознаеш.
Јас, јас, јас сум од Скопје. Те молам препорачај ми некој добар дерматолог доколку си имала искуство.
Би ја препорачала докторката дерматовенеролог од Ремедика, Лидија Бисеркоска чинам се викаше. Многу е добра за дијагностика на кожни болести.
@vitamina a moze da mi kazes kolku cini kremata I dali e pogodna za mlada koza, dali sodrzi faktor?) Inaku sakav da prasam dali nekoj ja IMA koristeno maskata na Olival so med I Selena glina I dali nekoj moze da mi kaze kakoozam da ja najdam Dr.Nikolina dermatologot?
Не знам дали е за тука прашањево, ама не знам каде да прашам. Имам комбинирана кожа, па користев пена за миење од Балеа за таков тип на кожа (зелената). Содржи салицилна киселина, и пишува да не се користи околу очите, но јас ја користев и немав никаков проблем. Сега сакам да купам еден гел за лице, но и тој содржи салицилна киселина. Зошто не се препорачува околу очите? Што може да се случи? Не се шминкам, па не ги трљам очите којзнае колку, но поминувам при размачкивање и врз нив.
Salicinska kiselina e za mrsna koza taka da moze da ti odgovara na kozata. Ako pisuva da ne ja koristis okolu oci nemoj ne znam sto ti e nejasno
@blackwave jас го користам Балеа гелот, со салицилна киселина, синиот. Со него и шминка вадам. Имам нормална кон масна кожа и до сега никакви нус појави од гелот.
Имам такви подкожни и многу ме нервираат,не знам што да правам на секаде ги имам по лицево и изгледа не убаво Решение некое?
Прави пилинзи почесто и купи си ја кремата од др. Хаушка за регенерација на кожа(ќе се преродиш). Кремата е скапа ама вреди
Козметичар и исхрана. Ништо нема да помогне или замаскира нешто краткорочно колку што ќе помогне темелно чистење длабински од сета нечистотија и бактерии наталожени под кожата. Се друго површински е џабе, кожата се решава од коренот на проблемот и причината заради која е нечиста или исфрлана или мрсна итн, не од последицата. Само со пазење што се внесува внатре, исто и што се нанесува од надвор, ама тоа да е редовна посета на козметичар после циклус. Резултатите се долгорочни и се подобри со секое следно чистње со тек на време.
Исхраната точно, но за козметичар не би се согласила. Сум била на триста козметичари само полошо ми го направија лицето. Доколку се има вистински проблем околу акните треба да се обрати кај дерматолог, човек што има завршено факултет за тоа, а не козметичар што има завршено еднонеделен курс Доколку има потреба самиот дерматолог го упатува пациентот кај искусен козметичар. Прво правило околу акните е да не се стискаат. На козметичар тоа е најосновната работа што ја прават. Не ја правете грешката како и многу други луѓе.
Јас се изразив лошо веројатно, точно е дека ако имаш сериозен проблем на прво место е дерматолог и не се оди кај било кој само да те истиска, знам од сопствено искуство. Одев неколку месеци и секогаш стискаше ко ненормална и излегував црвена и никаква и се се сведуваше на клиндамицин и вози. И тоа докторка. После долго време открив козметичко студио каде жената не е лекар, но е козметолог со повеќе од одлично образование во странство, не овде, и работи феноменално. За 5-6 одења лицето ми се препороди, и тоа нема ниеднаш стиснато агресивно. Кога излегувам од кај неа лицето ми е џам чисто и со прекрасен здрав тен, во живот не сум била црвена и комотно можеш од салон во маркет или на улица да си се шеташ. Скапа е, но вреди секој денар, личен опис на кожата ми има сменето.