@Kimberly11 ако постојано ти излегуваат поткожни акни провери си хормонален статус. Јас го имав овој проблем 5-6 години и како поминуваше времето и пробувајќи милион препарати ништо не помагаше , отидов на ендокринолог и од таму ме испратија да направам тестирања и испадна дека имам хормонално пореметување. Ми дадоа терапија и ми се препороди лицето. Сега немора да значи дека и ти го имаш тоа , но не е лошо да си провериш
Ќе може во ЛП да ми дадеш информации за козметичкиот салон каде што одиш односно за козметиологот од која си задоволна? Фала однапред!
Си имала среќа да најдеш толку добар козметолог, јас кај и да идев да ми прават третмани, кога ќе излезев ми беше срам што постојам од што бев подуена и црвена.
Дали знаете некој добар сапун со кој би можела да го чистам лицето пред да нанесам било кој крем за акни?
Откако почнав да користам маска за лице на природна база и гел за миење против порите на лицето накрај финиширањето ми е со крема од природни состојки. Моето лице е препородено. Не е клише фразата дека колку се грижиме за нашата кожа толкав е нејзиниот одраз.
@Adi888 И како таблети го има на Natural Wealth, барем со 1 таблета на ден го внесуваш потребното. Јас не знам што да му правам на лицево веќе!Секој ден по некоја подкожна акна. Тенот за никаде,тука бело таму потемно. Препорачајте ми нешто за изедначување жити се!
Јас со сапуни немам добро искуство... СУм пробала специјални за лице, Дав, бебешки и слично, ама сите ми го пресушуваат лицето.... Гел за лице, или секојдневен гел/пилинг подобро ми делувале... Зависи која возраст си, тип на кожа и слично...
@martiiinna ај ако можи слика од кремот на др.Хаушка,да знам за кој конкретно се работи.И со што правиш пилинг? Фала
Здраво женски, имам сува кожа, скоро 2 години не користам пудра(поради лошо искуство со пудри од Oriflame кои што ми го уништија лицето) по долго време го опоравив лицето со кокосово масло, сега пак почнувам да користам пудра но приметувам дека по секое нанесување на пудрата моето лице има како лушпички или делови каде што пудрата не се отстранува туку доаѓа како флека на лицето, може ли да ми помогнете ако имате искуство со истово? Фала вии <3
Треба еднаш неделно да правиш нежен пилинг на кожата со кој би се отстраниле овие лушпи(мртви клетки) и потоа да нанесеш квалитетна хидратантна крема.
imam mrsna koza mn crnki mi stvarat akni bublici cesto so gnoj nz uzasno e bez sminka nemozam da izlezam nekogas mi s epravi mn cisto ama trae dva tri Dena poveke se e taka pomoshhh
Добар пилинг за лице? Го користам моментално на Клин енд клиар, бел со сини гранули, добар е, али би пробала нешто ново. И да не е повеќе од 300 ден.