Епа не јади јајце и мајонез. Избегнѕвај висококалорична храна, јаглехидрати, благо и прженици. Купи гел, пена, или што и да е за миење на лице, еднаш до двапати дневно миј се. Повеќе не. Земи за нормална-комбинирана кожа пошто тие за мрсна кожа моментално го пресушуваат лицето а тоа не оди во прилог на сувата кожа. Одбети хидратантна крема, горе девојките имаат спомнато неколку креми а имаш и посебна тема за креми за лице.
jас бев на дерма. и ми даде еден крем во зегин беше околу 700+ денари не го здов, но кога почнав да го користам пудрото stay matte24 maybelline ми стана стакло лицево само што кај носот ми е пре пре суво лицето и ми е ко лушпи.. i на претходната страна напишав што правам
Да не знае некој случајно колку се четкичките за чистење лице на ебелин во дм пние со поголрма рачка?
Почнав да користам лимон за флеките па и на акните ставам..Ме интересира дали може секој ден да ставам и колку пати..И да ако може @vitamina да каже нешто повеке за тој јаглен го има ли кај нас бидејки и јас имам многу пори..Со црнкиве веке се помирив бар нив да ги намалам доколку се може
Ајде @Mishela нека се јави овде да даде повеке информации каде може овде да се најде како се користи и за колку време може да се очекува резлутати
Го немам користено производот и не знам колку сум компетентна да кажам информации за тоа каде можете да го најдете , колку чини, дали е ефикасен и сл. Станува збор за гел или тоник (не сум сигурна) за лице кој содржи активен јаглен. Погоден е за мрсна кожа, затоа што намената му е да ги чисти порите од митесери кои се честа појава кај овој тип на кожа. Направи си сама пилинг за чистење пори, доколку имаш таков тип на кожа. Купи си капсули активен јаглен и измешај 2 капсули со една кафена лажичка кокосово масло од тегличка. Фино го чисти лицето, јас практикувам таков пилинг еднаш неделно. Немам проблем со акни и не знам дали воопшто делува, црнки не чисти магично, меѓутоа ми се допаѓа каков ефект има на кожата - мека е и мазна.
А капсулите ги има ли по аптеки и која им е цената..? И за колку време можам да очекувам резлутати бидејки многу ми се проширени порите почнаа и по челото да ми се шират
Ги има во Зегин, 450 денари беа кога последно ги земав ама навистина не знам кој бренд беа. Одамна ја фрлив кутијата, се сеќавам дека беше портокалова. Навистина не знам кога и дали би имала резултати во врска со порите, тоа сепак си зависи од самата кожа и најчесто генетско е, па не знам колку би можела да си помогнеш за значително да се намалат или да исчезнат. Единствено можеш да го контролираш лачењето на себумот доколку користиш производи со салицилна киселина (пишува по декларациите кој производ дали и колку салицилна к-на содржи). Побарај мислење од дерматолог, мислам дека тоа ти е најдобра опција отколку така само да талкаш барајќи некој производ кој ќе ти помогне.
Еве една рецензија за еден гел за лице што од кога го користам лицето ми е почисто од било кога http://rosee96.blogspot.mk/2017/03/avene-cleanace-gel-review.html