Здраво, нова сум на форумов ако може некој да ми препорача ефикасен крем или лосион против акни, благодарам однапред
Што да ставам цела сум црвена во пределот околу очите и носот посебно од сонцето ми е сигурно..Сега порите уште толку ми се познаваат..Совеет...?
Јас користам раствор од јаболков оцет и зелен чај, како тоник. Наутро и навечер го поминувам лицето со памукче. Не знам дали само од растворот флеките се избелени или и од другите производи и маски кои ги користам. Но пробај, штета нема, ниту пак кошта. @MissAlwaysHungry
Почнав да користам еве трет ден денес ама јас го разредувам со вода. Вчера прв пат и маска од глина ставив. А ти покрај оцетот што друго користиш?
Дечки да ве прашам за совет значи имам сува кожа со црвенило околу носот и тој дел ми е по сув. Цел живот користам бекутан крем и немав никакви проблеми. Сега во последно време многу почна да ми се лупи лицето посебно на носот и челото и нз во што е проблемот. Пилинг на лице правам 2-3 пати неделно со талог од кафе носот го чистам со ленти, исто така и секоја вечер го чистам со мицеларната вода од гарние розевата за чуствителна кожа. Пуда користев од буржоа хелти микс и почна да не ми одговара веке од кога ми се смени лицето. Ја купив од ревлон за сува кожа и беше бетер значи цело лице ми се лупеше и првутеше нз во што е проблемот. Пробував со крем без крем со масло но не помага ништо. Денес го пробав и цц кремот од биотен но мислам дека и тој не ми одговараше. Се извинувам за долгиот пост и ве молам за совет. Благодарам
Немам во моментот ми се потроши и го фрлив. Го има во сите аптеки околу 150 денари. Јас го користев кога лицето ми беше многу воспалено и ми се лупеше бидејќи користев аирол за флеките
Јас решив поќе ништо да не користам, оти ми се смачи веќе а и некако ко да ми е подобрено пазам на исхрана не пијам газирано, и одам на дерматолог следната недела, ми се смачи од секакви лосиони креми и тоници
здраво девојки,јас имам мн проблематично лице и решението за тоа го најдов во ему дерм. Кој сака може да проба
Jas go koristev plavoto eden mesec nemase nikakva promenaa.. Gi ima li probano nekoj ovie? Rezultati soveti?
Јас црвеното ,плавото сношти го земав. Црвеното ми се покажа топ. А плавото ќе видиме, моја блиска го користеше и за нејзе и за малото и се фалеше дека е супер. Ако не видам ефект од плавото тогаш со сигурност продолжувам со серумот(црвеното).
https://alfalab.mk/proizvodi/emu-derm-maslo-od-emu Моментално е на попуст во алфалаб. Инаку, моја другарка го користеше и многу и помогна, лицето и е стакло.
Зa чистo лице без aкни сaмo креми и лoсиoни немa дa пoмoгнaт кoлку и дa се скaпи и oргaнски.Првo требa дa се исчисте oргaнизмoт oд тoксини,дa се тргнaт oд исхрaнa зaчини,мaјoнез гaзирaнo и пиење нaјмaлку 2 литри вoдa нa ден.Е пoтoa мoже дa се пoчне сo кoзметички третмaни лoсиoни и креми.
Внимавам на исхрана, пред 5 години ги исфрлив од исхрана газираните сокови, мајонезот, кечапот (со ретки исклучоци), ретко јадам пржено и брза храна, правам смути само од овошје без млеко, не јадам сувомеснато, благо поретко, пешачам често... и пак и пак лицето не ми е чисто! Значи ми се смачи веќе!
Значи знам девојчиња што 24/7 јадат брза храна лицето им е толку чисто што е греота да ставаат пудра.