Здраво. Сакам да споделам нешто што може ќе му се погоди и на некој друг. Имам нормална кожа понекогаш делови може да се суви но ништо приметливо. Лицето секогаш ми било со бубулички ситни ама ги имало. Почнав да користам лосион од биотен. Тоник со салицилна киселина од авон и крема од јанг дерм. Лицето ми се исчисти стакло ми стана ако некок има проблем со бубулички нека проба истава комбинација
Работат само преку претставници.Оди на нивната web страна и има опција да исконтактираш нивен претставник.Пред да ги купиш производите има бесплатен skin тест на кој ги пробуваш сите производи.Се надевам помогнав.
Не сум сигурна бидејќи залихите многу споро се трошат, а мене ми се од пред 6 месеци.Пилингот 1200,маската околу 900 и нешто и цитрусниот гел околу 1000 исто.Дневна и ноќна крема исто по 1000 се.
Јас ја купив таа од Krauterhopf, ама не ја користам оти отидов на дерматовенеролог и почнав да ги следам инструкциите од докторот, го лечам лицето со антибиотици. Инаку, не видов нешто посебно од гелот од полжави, на лице нема да ставам од него, планирам да го пробам за стии на телото.
@Doozy претпоставувам дека имаш пробано домашни маски, но штом видов, да ти ги кажам моите видувања за тоа. За избелување на лице ја користам домашната маска од мелен овес, оризово млеко и мед. Оризовото млеко, ми го избели лицето, инстант.Последниве две години, активно користам домашни маски и пилинзи( за акни, избелување на флеки, против црнки, проширени пори) ама ваков резултат, немало со ништо друго. Може да го направиш во тегленце или некаков сад, што се затвора и да го чуваш во фрижидер. Пробај, од едно или две користења, ќе видиш промени.
Домашно правиш оризово? Јас инаку се зашлакав со една капсула активен јаглен и вода и не беше лош ефектот. Триев со четкичка, намачкав и се исуши такс, па го миев. Таман навреме ми минат, сега нови ќе ми се појават.
@Ginger^ мора домашно оризово или може и купено..? И колку време може да стои во фрижидер и колку пати дневно..Сакам да пробам имам многу флеки а и по некоја акна..Имам дома купено оризово млеко затоа прашувам..?
Имам правено со домашно и со купено. Дури и со она, во прав за во кафе шо се става, оризово со ванила мислам.Овесот(мелен или не, сеедно), измешан со малку мед и ако е оризовото во прав, растворено со малце водичка. Може да додадете и јогурт или павлака, се тоа само избалансирано за да не биде претечно или да не се мачка.Јас со недели ставам по еден слој на ден. Други алтернативи за белеење на кожа, има, ама да не ги редам, повеќето ги имате пробано. Е сега кај мене, нема нешто што не донело резултати. Јас имав претерано мрсна кожа, склона кон акни, црвенила итн. Од акните, флеки, проширани пори... И исто не ми поминуваа, цело столетија Поткожни, митесери итн. Сега веќе акни не ми излегуваат и поткожни немам. Освен мали мозолчиња кои кога ќе излезат, одма ги сушам со алое вера. Флеки имам сеуште, но значително намалени. Кај мене домашната нега ( маски и пилинзи) се покажа како функционална. Јас купечко користам само Балеа гел за одмивање на лице, кремот ми е на Алверде и Алое вера на Еси. Затоа стално препорачувам домашни рецепти, но мислам дека е до упорноста. Знаеме дека природното лечи бавно, но трајно.
Микродермоабразија е фин третман, ама дека прави чуда - не прави. Точно е дека го отстранува мртвиот слој клетки, ама НЕ отстранува митисери т.е. не ги чисти порите. Митисери исклучиво со класично стискање, ама и здрава храна. Себумот се регулира со козметика соодветна на типот на кожа и секако квалитетна козметика. Значи третманот се состои со "гребење" на лицето со вакво низ што струи вода. Спојлер Е сега кожа која е склона на митисери не може да биде исчистена еднаш - засекогаш, туку неопходно е повремено чистење.
Еден третман сигурно не. Со тек на време сигурно ќе има ефекти, но во комбинација со соодветна козметика која ќе го поттикне процесот на обновување на кожата, со регулирана исхрана итн. Јас би ти препорачала и фореза во комбинација со овој третман, кај мене има одлични резултати.
Не е проблем, ни јас не знаев, ама одев на третмани и дознав. Имам пишувано, не знам дали во оваа тема или некоја слична, одев кај др. Николина во Аеродром, позади Веро. Кај неа третман вклучува микродермоабразија, класично стискање и фореза и е 900 денари. Јас кога го чистев лицето темелно одев на две недели и тогаш ми земаше по 600. Фореза е ставање на антибиотик или витамин Ц (зависи што ти треба) на лицето со помош на струја. Значи од ампула, и антибиотикот и витамин Ц се течности и ти става на лицето а после тоа со слаба струја поминува за да навезе подлабоко во кожата. После третман, наредна недела ќе бидеш прилично страшна, црвена, после тоа раните ќе се засушуваат и ќе биднат кафени ама ништо страшно. Јас сум задоволна, бев на третман пред некое време, ќе одам пак за некој месец.
Девојки ми треба совет/помош Челото ми се исфрла со чудни брукички,личат на бубуљици а не се,пробав да ги стискам бидејки болат многу а ништо нема,само малку водеста течност.Ова трае 4/5 дена,делумно се исушија,имам уште некоја болна,но ми остануваат флеки црвени ко белези.Ужасно изгледа.Во пубертет не сум,и кога бев никогаш не сум имала проблематично лице.Имам нормална кожа,користам квалитетна "бела" и декоративна козметика,не претерувам никогаш со шминка(течна пудра,коректор и маскара),и се хранам здраво.Ме чуди ова дека само на челото,се мислам дали прво на дерматолог или хормони да испитам...
Обично пред или после мнс излегуваат не ги стискај поткожни се нема гној само ќе те боли сами ќе ти поминат
Веке околу 2недели користам зелена глина и сум задоволна порите не се баш како што беа но треба уште многу време да го постигнам саканиот резлутат па ке видиме битно задоволна сум..Лицево ми е по меко само сакав да прашам деловите под очите и носот ми се толку суви што и дерат кога ке поминам со рака..Што да ставам..? И имам по некоја акна па гледав доста фалено е чајното дрво..Па каде да го најдам какво и цена ако може..Благодарам..?