И јас ја имам користео кремава, одлично се покажа и кај мене.Не би ја менувала за никоја друга.Претходно ја користев Здраве а сега ја имам Медико идеал, жолтата на истата фирма е , исто пакување само жолта.Јас имам комбинирана кожа па затоа земав да ја пробам и жолтава крема, инаку бев презадоволна и претходно од Здраве. Кремиве се покажаа како одлични за проблематична кожа, јас немам некои проблеми со кожава ама знае некогаш да се појави некое залутано мозолче па со нанесувањето на кремава веднаш се суши и го снемува.Само користете ја како ноќна крема , бидејќи како што и претходно спомна Багуфче го прави многу бело лицето ама ефектот е одличен.Јас секоја вечер нанесувам, откако претходно ќе го исчистам лицето и нема шанси да ја сменам.Само сега сум во потрага по добра дневна крема Еве го жолтото кремче
Оваа е со цинк, за сушење на мозолки и лечење на ранички, може и за херпеси. Портокаловата на Арома е со невен и е одлична исто за зимскиот период, за смирување на кожата после депилација или за изгореници, ранички кои не влажнат, лишаи... места со изразено сува кожа. Јас ја користев еден период во зима, одлична ми беше, а е некаде до 80 ден. - ова за портокаловата. Има и од лимон (жолта) и од бадем (светлокафеава). Се купуваат од пазарче (зелен пазар или Буњаковец). Инаку и јас имав лошо мислење за бугарскиве креми, ама кога кремов со невен ми помогна да излекувам еден мноооогу упорен лишај, оттогаш се крстам во овие на Арома.
И жолтава крема исто содржи цинк оксид, а како што знам тој е добар за проблематична кожа и сушење на мозолки и акни. Спојлер Еве нешто повеќе за кремата.. Медико идеал 40мл за всеки тип кожа Активни съставки: цинков окис и розов конкрет Действие: Универсален продукт против кожни раздразнения Един от най-добрите български продукти, заедно с крем "Здраве" при подсичане, леки изгаряния (напр. слънчеви)и др. кожни проблеми. Винаги в къщи ни е под ръка много добьр козметичен продукт,доказан с годините,за бебета,деца и възрастни.
Да,како што спомнаа другите здраве не ја користам како дневна крема туку ја ставам навечер откако ќе го исчистам лицето бидејќи е многу густа и бела.Откако ја купив како благодет ми е,немам воопшто мозолчиња,а пред да ја купам целата бев исфрлана поради некои нервозички што си ги имав Сега и оваа медико жолтава ќе ја пробав.Не значи дека се` што е бугарско не е квалитетно,уште еднаш докажав дека ефтините производи знаат да се покажат многу подобро од некое прескапи ... На сите ви ја препорачувам здраве!
Ако знае некој каде има таква крема Здраве нека ми каже... барав во Зегин немаше и кога побарав некако чудно ме гледаше апотекарката фала
Девојки премногу сум ви благодарна , што ја споделифте информацијата за чичкото со маста. Имав среќа веднаш да има од кремата и веднаш ја земав. Просто не ми се верува проблемот што ме мачеше со години дека е веќе решен . Ја користам 6 дена и резултатите се премногу добри. Грбот е чист,лицето чисто.деколте.совршено. Господ да го поживее чичкото уште 100 години Dolphin мила тебе најголемо ФАЛА на светов затоа што објасни и кажа дека нема хемикалии во маста,тоа беше одлучувачко да ја земам.Бидејки со хемикалиите си имав огромен проблем и само си ја упропастував кожата И уште еднаш МНОГУ ВИ ФАЛА НА СИТЕ
Јас пред некој ден почнав да го чистам лицето два до три пати на ден со една течност што ми ја направи татко ми. Ја видел во некоја емисија и решил да ја направи брат ми ја користеше рпед мене и веќе пола му е исчистено. Јас сега почнав и треба да се мачкам 15 дена непрекинато за да ми се исчисти лицето ако навистина ми се исчисти ќе ја напишам рецептата овде за и вие да си го чистите лицето Исто така еден многу добар дерматолог ми рече дека не смеело да се користи пудра во никој случај, бидејќи само праела полошо на лицето мада верувам дека скоро сите го знаат ова.
Доколку мислиш, на магдонос и оцет и таква користиш. Мене не ми требаше емисија,уште на времето на тетками се користело тоа,за жал јас имам ставено повеќе магдонос на лицево отколку мајками во сите јадења кои ги направила цел живот,но за џабе го правев тоа немаше никаков ефект кај мене.Само незнам и колку има добар ефект оцетот врз кожата,сепак е киселина иако слаба но киселина е
Мене ми рекоа дека кај секого различно работи така да ќе се мачкам па ќе видам, во секој случај ништо не губам Симона еве ти ја рецептата : се зема една китка магдонос, се сечат дршките од магдоносот а листовите ситно се сецкаат и се ставаат во половина литар вода едно 3 до 4 минути. Потоа течноста се остава да се олади. Откако ќе се олади се процедува а магдоносот се истискува за целосно да се исцеди. Во добиената смеса се става 2 до 3 лажици чист домашен оцет. Оваа течност се нанесува со памукче на лицето 2 до 3 пати на ден и не се измива се остава да се исуши на лицето Ако ја пробаш пиши ми дали има резултати
колку сто сватив водата треба да е врела така? а магдоносот се додава кога е водата на шпоретот да се свари или? а домашниот оцет е оној винскиот така?
Девојки, веќе 3 дена ја користам маста од чичкото, можеби сум многу очајна и не ги забележувам промените како и да е кожата ми е помазна, еднобојна и црнките од носот како да ги снемува. Мислам дека сеуште е рано за останати критики, бидејќи човекот ми рече да ја користам 20 дена. Она што сакав да ги прашам девојките кои ја користеле маста, е да ми кажат со што си го чистевте лицето, посебно наутро и навечер пред легнување? Како ја вадите пудрата за лице? Поздрави!
Јас сакам да добијам подетални информации за тоа како да ја најдам оваа маст од чичкото.Ме интересира и колку чини.Братучетка ми има проблем со акните, баш пред некој ден заедно ја читавме темата и секој ден ме потпрашува да и кажам дали сум добила информации за тоа кај да ја најдеме.И колку чини маста Се извинувам предвреме ако сте напишале претходно во некој пост, јас на таква информација не налетав
Нееее, не вински оцет, јаболков се става. Јас го направив лосионот, мада некако ми мириса премногу на оцет, и не гледам баш некоја голема разлика, да не кажам никаква
овој рецепт го знам многу одамна, сестра ми братучедка ми користеа ама немаше никаков резултат и не користат повеќе, веќе одамна.. во секој случај иако имам чисто лице, признавам само дерматолог и третмани со антибиотик, на тие бубулици треба да им се исчистат каналите за да не се појават пак, а не само одозгора да се засушат со лосиони и триста чуда!
јас имам користено едно 3 месеци, али не редовно..ни мислам дека стварно бар на мојава кожа од сите тие 94802380302 чуда што ги пробав, клиндамицинот највеќе ми помогна..
И јас го користев и доста ми помогна околу мрсната Т- зона, ама почнаа да ми се суши другиот дел од лицето и престанав да го користам.