Масло од чајно дрво само како локален третман - директно на акната. Мислам дека има во продавниците за био-храна, а можеби има и во Зегин, не сум проверила. Под очите јас ставам кокосово масло, а приметив дека за остатокот од лицето подобро ми делува маслото од јојоба. Го купувам од Биокосмос и одлично е за масна кожа, па и акни и воедно не ги затнува порите како што може да се случи со кокосовото масло.
Јас сум разочарана од кокосовото масло конкретно за употребата на лице. Такви црнки и поткожни акни не ми излегле за цел живот колку што ми излегоа од неколку месечната употреба на кокосово. Го користам за коса, но за лице не иде во предвид повеќе во мојов живот. Мислам дека масло од јојоба е подобро за комбинирана и масна кожа.
@Babyby Па можеби ги вади предвремено тие што треба да ти излезат покасно,може и подобро е така сите одеднаш да излезат И дали само мене не ми делува чајното дрво? Колку пари сум го ставала врз акни,ама јок бре,неќе ни да чуе да ја исуши @Mishela Се меша со друго масло мислам,не смее чисто така? Со јојоба или кокос,како да го мешам? Инаку на Esi масло од чајно дрво го има по аптеки, 200-220денари е.
Всушност кокосовото масло Е комедогено и не се препорачува баш за лице. Маслото од чајно дрво не се разредува, со памучно стапче нанеси го директно врз акните. Мора да делува, можеби не веднаш ама за ден-два сигурно (Jaс капнувам 5-6 капки во маска од зелена глина, таа многу ми го исчисти лицето).
Мене кокосово ми е океј само за зоната околу очи, на лице го ставам само во комбинација со домашни маски и како пилинг. Ми делува океј само така, инаку ако го оставам на лице преку ноќ - отиде да дојде. @Chanell* Maслото од чајно дрво не го мешам со никое друго, туку ставам дирекно на акните. Така ми е најефикасно, а дали е правилно така не знам.
Имaм прaвенo пoвеќе третмaни сo oвoшни киселини,кoристев тoник и крем зa лице сo oвoшни киселини,бев презaдoвoлнa.Акo гo прaвиш прaви сегa или нa есен,летнo време не се кoристaт киселините.
Дај кажете каде да ја најдам таа Лала крем во Скопје, имам прашано во доста продавници и сите се чудат што е тоа
Стварно не знам како кокосовото масло на некои им помага... Прво малку го користев на лице - ужас! Ни во тинејџерски дани лицето не ми било толку лошо. После ај демек да го искористам па почнав да се мачкам на нозете е тоа е веќе смешна приказна почнаа бубулички да ми излегуваат. Некои работи дефинитивно не се за мене. Ја сменив исхраната и пробав со акнес гел (види фотоС) и со ова не бива... Не можам лицето да го средам од црнки, а тие колку подолго се на лицето долку подлабоко растат и никако не сум...
Земи од оние траките на Нивеа за зоните зафатени од црнки. И Балеа имаат nose и face strips исто така, меѓутоа според моето искуство Нивеа се покажаа како поефикасни. Не се трајно решение, ама барем недела-две ќе бидеш раат. Само пред употреба порите треба да бидат добро отворени за полесно да излезат сите нечистотии, јас обично ги употребувам по капење.
Проблемот е што имам на челото и странично на брадата. Проблемот е што цело време се суви, па дури и со влажно памукче да дремам пола саат на местото... Секој ден се мијам лице и секој ден пробувам да ги извадам, едноставно не иде... Сега имам само два суви кратери едниот на челото а едниот странично на брадата и ужасно ми сметаат. Спојлер: Вознемирувачки фотографии Бев на козметичар освен што излегов со воспалено лице ништо не помогна...
Најефикасно ќе ги отвориш порите ако го париш лицето над сад со врел од чај од камилица (јас додавам и етерични масла понекогаш). Покриј се со мек пешкир за да не ти бега пареата и инхалирај 5-10-15 минути. Влага како таква нема да ти помогне воопшто доколку е само памукче натопено со вода; потребна е пареа за да биде функционално. Потоа пробај залепи ги траките и ако дури и покрај тоа црнките протестираат и не излегуваат за жива глава, дури порите се уште отворени, пробај да ги вадиш со она алатчето од Ебелин-ДМ - не можам да најдам слика, не знам како се вика на германски. Метално е, има по едно увце на секој крај и служи за вадење црнки. Околу 300 денари е. Откако ќе завршиш, измиј го лицето со студена вода за да ги затвориш порите и толку.