Ќе гледам деновиве да го набавам тоа нешто вакво е? Ќе пробам со камилица не сум пробала ама нема никаква штета од ова... Фала многу.
Здраво женски ја читав темата скоро од почеток и по 5 години и многу работи пробани уште не можам да си го решам проблемот со акните и флеките. Хормоните ми се во ред, ја менувам исхраната полека полека, почнав да пијам цинк а планирам да почнам да пијам и зелен чај. Дали некоја забележала промена од зелениот чај и дали некоја во скоро време нарачала и користела од кремата на чичко Саше? Сакам да ја нарачам но постовите за кремата се од 2011 2013 не забежав некоја скоро сега да каже нешто...
Пиев редовно зелен чај но промена немам забележано никаква ни на кожа ни во обем на тело па затоа и престанав да го употребувам.
Кремата од Саше ја немам пробано, ама за кожата не постои подобро нешто од бел чај. Многу го освежува лицето, без разлика дали ќе го пиеш (многу е здрав) или ќе го нанесуваш како тоник.
Јас ја користам кремата од чичко Саше и благодарение на нејзе ми се исчисти лицето, користев секакви препарати ништо не ми помогна. Ја користам скоро 1 година немам повеќе акни, ми избледија и лузните, понекоја има уште ама и тоа ќе помини, треба време .
Знам дека тоа е индивидуално ама за колку време од прилика ги забележа првите подобрувања и колку пари беше кремата? Поздрав
^Ако може и контакт од чичко Саше, фала (инаку имав разбрано дека веќе не правел креми ама очигледно е дезинформација)
@Mishela дали кога велиш црнки мислиш на blackheads што се јавуваат во пределот на носот? И дали траките на Нивеа се наоѓаат по маркетите?
Да, токму на нив се однесуваа коментарите. Нивеа лентите за вадење црнки ги има низ сите маркети и дрогерии. Мислам дека се околу 200-250 денари, не сум сигурна. И Балеа (ДМ) имаат такви ленти, ама мене повеќе ми се допаѓаат оние на Нивеа. Балеа ми се многу слаби.
Првите резултати ги забележав по 4 недели, и сум му многу благодарна на чичко Саше иако ја платив малце скапо ама вредеше секој денар. 3400 денари ја платив.
3400 за надрилекарска крема во коja вероjaтно има жива, сулфур или други канцерогени состоjки? Немоjте ни под разно да ставате вакви креми со непознат состав што не се клинички испитани, па уште и безобразно скапи.