Твоја одлука. Јас бев на многу места, користев секакви лекарства ништо не ми помогна, само оваа крема. Кремата е на природна база нема никакви хемикалии.
Кремата е на природна база, нема никакви хемикалии. Покрај дадени над 35.000 денари за други креми и кај секакви доктори, најзадоволна сум од оваа крема. Ама секој има право да верува во тоа што сака ☺
Во ред е тоа, ама од кај си сигурна дека баш е 100% на природна база? Што состојки се тоа толку скапоцени па да вредат 3400 денари? Му веруваш на чесен збор на тој што ја прави? Тоа е некој познат лекар, дерматолог, фармацевт...? Ако толку е револуционерна оваа крема, што не ја патентира? Што не ја продаде формулата на Еуцерин, Неутрогена, Клин&Клир и сл., ќе му дадат неколку милиони долари Еве да речеме јас ти гарантирам дека и солна киселина ќе ги изгори акните, би ставила? Сигурно не. Е па немој да убедуваш овде дека е ок да се користат креми со којзнае што внатре.
И јас многу пари потрошив и не си го решив проблемот и @LollySky донекаде и си во право не велам не ама ако е за така и хемијата може да биде многу лоша. Ете на пример јас за флеките користев airol имаше ефект не велам не ама тоа е агресивно средство, не можев да се појавам во јавност ама ајде тоа некако се истрпи ама во аптеката ме предупредија дека додека го користам и една година после користењето да не планирам бременост. Така да како и да свртиш се си остава последици
Така е, хемијата може да биде и лоша и штетна, само муабетот ми беше дека не може да се потпреме на тоа дека ете дотичната крема е на природна база само затоа што така вика тој што ја прави, кремата ниту има состав и декларација, ниту е клинички испитана и одобрена за употреба за разлика од купечките, едноставно не можеш да знаеш кои се не чудесии и тешки хемии ги има внатре.
Точно за тоа си во право можи тој наместо крем за лице да ми подметни и крем за нозе ама луѓето како мене и ете @Ivy18 кои пробале речиси се од лимон и сода бикарбона па се до мезотерапии и дермоабразии и пак не нашле решение ќе си речиме ај да го пробаме и ова, уште тоа ни остана. А за цената дека е претерана е.Наназад во постовите од 2011 цената била 2000-2100 1300 денари не е мала разлика ама ако е ефикасна ќе му додадам и уште 3400 само да ми се реши проблемот. На некој може ќе му звучи смешно и ќе речи не се замарај ама мене лично почна ова да ми е и психолошки проблем и да ме ограничува во социјалниот живот...
Јас не убедувам никого, само го споделувам моето искуство. Секој има право да верува во тоа што сака.
Женски дали некој досега имал искуство со козметиката на Dr. Temt ? Бев на дерматолог и не ми кажа ништо посебно освен дека треба да ги менувам навлаките на перниците и крпите, а тоа и го практикувам и се хранам здраво, но не е до тоа. 1 месец лицето не можи да ми се опорави, црнки, поткожни мозолчиња, флеки. До сега ми се правеле само пред да ми дојди, но веќе 1 месец лицето ми е во катастрофална состојба. Јас сум скептик за третмани и да ме притискаат на лицето, но дерматологот ми го препорачаа ова козметичко студио во Битола и дека треба да користам нивна линија. Спојлер: DR.TEMT https://www.facebook.com/DR-TEMT-skin-care-beauty-center-1666106250280987/?fref=ts
Јас го пиев зелениот чај година и повеќе ама не можам со сигурно да потврдам дали од него ми се подобри состојбата но во секој случај можно е да имаше некој удел. После прекинав без причина едноставно се презаситив. Сега го ќе почнам да го пијам повтпрнп бидејќи пак почнав да се исфрлам па ќе видиме ако има подобрување значи дефинитивно во него е тајната..
1000 ден само преглед Спојлер Порелевантни се мислењата на оние што имале лично искуство со кремата, немојте да напаѓате така, што знаете за човекот нешто повеќе? Во право сте, секогаш треба да се има доза на скепта и резерва, ама дај Боже сите да сме здрави и живи, маката на сѐ може да нѐ натера. Човекот е толку начитан, сите латински имиња ги знае, беше кај баба рада и се виде има големи познавања, работи со билки, зашто би ставал живи и сулфати и бакрачи, такви работи може да ставаат е баш горе споменатите фирми, па знаете ли секојдневно козметиката што ја користите колку е штетна со тие силикони, парабени, конзерванси и сл. Фармацевските компании се најголеми профитери, а од дерматолози аир не видов, само те држат подолго пациент, со години понекогаш за да ти земат повеќе пари, и па се вртиме у круг. Сѐ е бизнис, затоа и ја накачил цената, и вие да водите некој бизнис исто би постапиле, нели за џабе не работите. кога нешто е многу барано, тогаш расте цената, сеа да не се претерува нели, ама кога ќе ги соберете парите што сте ги фрлале по лекари а немало ефект... Еве преглед 1000, ми даде две креми од по 800 и 900 ден, и лицето ми се влоши, и тоа само за еден месец, да не зборам за следните. Природата сѐ ни дала, затоа повеќе сум заинтересирана за алтернативна медицина. За чичко саше на форумов се пишува уште од 2011, да немаше ефекти до сега немаше ни да го работи тоа, добрата информација брзо се шири, лошата уште побрзо. не се рекламира јавно зошо веројатно идат луѓе што слушнале од пријатели, лични искуства, форумов, јас за таа крема имам прочитано дека на мнозинството им помогнала, секогаш ќе се најде по некој што немал ефект, а на таквите да им кажам дека проблемот е од внатре, ако имате проблеми со хормони, јајници или др. ниедна крема, лек површински што го ставате нема да ви помогне
Не нападнав никого, само поставив објективни прашања што се на место. И не е којзнае какво достигнување да се научат пар латински изрази и билки, оној билкарон на Бит Пазар е доктор на науки ако тоа е мерило. Да се прашувам јас, би забранила за употреба надрилекарства. Ако кремата не е сомнителна, нека извади Саше одобрение за употреба со декларација и состав, секако дека точниот сооднос не стои на декларациите. И те како е битно што точно се става на лицето. Кожата е најголем човечки орган и преку неа токсините се шират низ целото тело. Ризикот не е само од брчки и слични последици на лицето. Здравјето на кожата зависи од прехраната, начинот на живот, хидратацијата и хормоните. Ниту креми од стотина долари не можат да го средат лицето ако имаш хормонален хаос или живееш на џанк фуд. Јас сум скептик кон луѓе кои го користат форумов за маркетинг.
Значи вака, имам проблеми со кожата и тоа и на лицето и на грбот, па дури и на рацете и нозете ми излегуваат мозолчиња откако наполнив 16 години, а сега имам 26. Значи 10 години барам решение ама без успех. Кожата ми е пречувствителна. Не можам да се шминкам, не можам ни крем да ставам на лице, освен од краставица или козјо млеко. Не можам да се депилирам, бидејќи веднаш ми излегуваат мозолчиња. Единствено решение што до сега ми успеало беше кога бев бремена. Значи кожата и косата ми беа прекрасни, никакво мозолче, никаква лузна од мозолчиња, ништо. Е сега не ми е многу јасно зошто така се случи, бидејќи набрзо после пораѓајот ми се врати кожата и косата на старо. Дали е можно тоа да беше поради витамините ПреМама Дуо што ги пиев, исто така и ампули за железото пиев и фолна киселина. Сега се мислам пак да пијам некои витамини Б комплекс или Пивски квасец, ама ете гледам и Цинк помагал. Што мислите дали би бил тоа проблемот со мојата кожа или едноставно поради бременоста немав акни?
Веке месец дена користам зелена глина и см значително задоволна..Порите ми се помалк видливи кожата помека и немам толку црвенило..Кога излегува некоја акна се спасувам со масло од чајно дрво..Е сега проблемот ми се флеките имам многу кои ми стојат кафена боја се..Користев лимон околу еден месец но не видов никакви резлутати и баталив па некој ако користел нешто и е задоволен нека сподели искуство..
Значи имам чисто лице но пред менструација ке ми се направи некое мозолче и одма гини но на грбот ми се прават многу мозолчиња особено кога е ладно и цели време рацете ми се на рамена само ги гибам и се разрануваат,а на лето од сонцето стакло мие кожата
Девојки може да ставите слика кое масло од чајно дрво го користите? Сакам да земам, па препорачајте ми некое добро.
Свари чај од магданос , процеди и собери го во стаклено шишенце во фрижидер нека стои и на памукче премачкувај на флеките , после една недела ќе аи свариш друго и така , но магданосот да е свеж.