На Битпазар на тезгите за козметика или на Зелен пазар. Има дневна и ноќна. Смешно ефтини се, а вредат.
Цело богатство потрошив на дерматолози, апчиња, креми, лосиони, млека за чистење итн. И на крај драги мои сама си го пронајдов најдоброто за мојата кожа. 1. Пијам многу вода 2. Наутро се мијам со балеа пената за лице 3. Ставам крем од алое од авон И имам забележано доколку си ја прескокнам рутината на еден ден повторно цело лице ми се фрла. А да да не заборавам и обавезно еднаш неделно си правам маска од мед и млеко.
Дневната да. А, ноќната не, затоа што таа и така е масна. А, дневната буквално за сите типови кожа, и нема нус ефекти затоа што кремата е природна.
Здраво. Јас имам 22 години и имав проблеми со акни многу години. Лекот го најдов кај една жена која лекува со нанесување на смеса со билки на лицето. Имам користено 90 % од работите кои се наведени во форумот, од ништо сум немала ни малку подобрување. Жената се вика Душка и се наоѓа во село Другово веднаш пред Кичево, точно на раскрсница. Уште првите пати ми отемнаја акните и лузните и почнаја да исчезнуваат. Од таа причина што акните ги имав уште од 13 години, ми беше потребно месец дена за лицето да ми се исчисти 95%. Сега повеќе не одам,имам само некои лузни а акни ми излегуаат по 1-2 максимум само пред циклус. Жената помага и за мозолки по целото тело и за многу други проблеми поврзани со кожата. Таа не работи за пари, оставаш само колку што сакаш. Се надевам дека ке бидете решителни како мене и ке ја посетите, бидејќи знам колку е тешко да имаш ваков проблем. Поздрав
Го има некоја користено коректорот од орифлеим од чајно дрво што е за мозолчиња и црвенило? Да сподели искуство
Devojki dali nekoj znae kade mozam da najdam maskata za lice na Olival vo Skopje. Ja barav vo ramstor vo standot na tessori di mare no go nema veke standot. @Biodevojka mozebi ti znaes kade moze da gi najdam proizvodite na Olival?
Женски, што дневна крема користите со заштитен фактор од сонцево Препорачајте ми некоја добра, од сонцево лицето ми се сцрвенува многу
Дали некоја користела сребрена крема? Има две врсти, едната е чиста, другата е со масла. Ме интересира дали помага за акни.
Девојки, деновиве секаде во подрачните места каде што има производи на биокосмос не можев да најдам масло од јојоба. Знае некој да не им е повлечено од продажба ? И да ми препорачате каде можам да најдам ако не е од биокосмос?
Рaбoтев вo Зегин некoе време незнaм тoчнo aмa приближнa ценa 500 денaри некaде. Убaвa кoзметикa е и oргaнскa нo спoред мене не мoжи сo еуцеринoт. Личнo не сум кoристелa ни тoa ни тoa aмa спoред пoтрoшувaчкaтa кaжувaм.
Читав дека и храната влијае за појавување на акни. Така да ќе направам едно месечен предизвик да не јадам благо, па ќе видеме дали ќе има некаков резултат. Баш сега најдов на интернет храна која не е добра за кожата и која предизвикува акни, па некоја храна ќе пробам да ја исфрлам од исхрана на некој период.
Јас не јадам салами, кечап, мајонез и мн ретко јадам благо и пржено, па ништо. Да не те обесхрабрувам, можеби кај тебе ќе има резултати, само да знаеш дека има и вакви случаи.