Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. Nastya9

    Nastya9 Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    А не сум уште мала за да пијам хормони?
     
    На shining_star му/ѝ се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.877
    Допаѓања:
    107.832
    Пол:
    Женски
    Не , не да пиеш хормони.. туку да си испиташ , да не имаш некоја вредност покачено или да е под граница па поради тоа да ти се исфрлува лицето постојано, оди на ендокринолог па ќе те упати после што да правиш. Не е ништо страшно , ќе ти земат крв ама барем ќе си знаеш дали е тоа причината или не. Јас го имав овој проблем со години , и на крај открив дека имам хормонално пореметување ми дадоа терапија и од тогаш сум др човек :)
     
  3. markovska.m

    markovska.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Значи вака имам комбинирана кожа но делот кај носот и измеѓу веѓите некогаш ми се лупи и едвај успевам да го средам. Со бубуличките е истиот проблем имам неколку но никако скроз да исчезнат. Имам пробано многу маски пилинзи креми лосиони и сапуни и не најдов спас.. во последно време ми ги фалат стварите на Јанг Дерм као ефтина варијанта а помагале ( инаку само лосионот го имам пробано ). Помош ?
     
  4. Florina :)

    Florina :) Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    • Ве молиме пишувајте на кирилица
    Најубаво е да отидеш кај др.Горица дерматолог насабајле работи со сини картони попладне работи приватно, жената е врвна , ако користиш на своја рака само пари ќе си фрлаш, најубаво е да ти ја види кожата :) позз
     
    Последна измена од модератор: 2 јуни 2017
  5. PreciousDiamond

    PreciousDiamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Вчера бев на втор третман, стискање, микродермабразија и хемиски пилинг. Имам многу поткожни на десната долна страна над вилицата па таму доста ме стискаше и ми течеше крв. Ми се направија многу рани таму, дали е нормално тоа? Претходниот третман немаше такви нешта, се беше ок. Но исплашена сум, ужасно изгледа.
     
  6. Nastya9

    Nastya9 Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    @koritsaki фала ти, ќе видам како ќе биде ако повторно многу се влоши ќе испитам.
    @PreciousDiamond и мене тоа ми се има случено, и се плашев многу бев како касната од пчела:rofl:
    :rofl::rofl: меѓутоа ќе помине, за неколку дена ќе ти помине црвенилото:)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Panthera

    Panthera Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    711
    Пол:
    Женски
    Се извинувам на предолгиот пост, но знам колку е болна оваа тема и се надевам на некого ќе му биде од помош. Јас баш напротив, имам позитивно искуство кај гореспоменатата докторка. Пишав некаде поназад во темава дека подолг период имам проблем со лицето и ги поминав сите дерматолози низ Скопје, и ниту еден од нив не се сети да рече дај да направиме испитувања затоа што ова од креми не се средува. Не се сетија затоа што кај нив важи правилото "Излечен пациент е изгубен пациент". Не знам колку пари имам потрошено на креми, на третмани и прегледи, не знам колку нервози поминав и јас и моите родители во обид да ми помогнат и колку солзи проплакав пред секое излегување затоа што шминката не ми ги покриваше нерамнините од акни. А јас неупатена, немало кој да ми каже да си се испитам и се влечев си го барав лекот кај прочуениве ни дерматолози, внимавав на исхрана, не јади ова, не јади она, пиј вода. 49 кг се направив од таа исхрана, и секој месец бев настината затоа што едноставно немав енергија. Точно е дека здравата храна и пиењето вода играат огромна улога за чистата кожа, но јас само на салата и вода бев, нели од препораките. Лицето ми стана уште полошо од несоодветни третмани и креми. Се тешев дека не сум толку фатален случај кога ќе пуштев видеа на youtube да си го барам лекот и кога ќе видев девојки со цистични акни, но потоа ќе се сетев: па јас пред една година ни пудра не користев, до толку ми беше чисто лицето. И се откажав од дерматолозите, и тогаш една другарка ми кажа за оваа докторка па си реков ајде последна нека е на листата, ништо не губам, барем нема да плаќам веќе по 5000 за преглед+креми+третмани за никаков резултат. И отидов, ми кажа додека не направиме испитувања не ти давам никаква терапија. Направивме испитувања и испадна дека надбубрежната жлезда ми е премногу активна, вон нормала, резултатот воопшто не беше добар. Ми препиша терапија, за месец дена пак направивме испитувања и бројката беше преполовена. Лицето ми е 90% средено и останати ми се само флеките. Таа ми препорача да користам медицинска козметика но не купив ништо од тоа, не можев повеќе да се замарам со купување на триста глупости и фрлив цел рафт со креми во канта во момент на нервоза. Надбубрежната се` уште ми е висока, но сега е во границите на нормала, продолжувам со намалена терапија па здравје за месец повторно ќе направиме проверка. Се надевам дека конечно ќе го решам овој проблем целосно, и да се откачам од сите глупости. Луѓе знам колку е болна оваа тема за секого, која од нас не сака да има чиста кожа и убаво лице и знам колку влијае на самодовербата. Акните во најголем процент доаѓаат одвнатре, средните и тешките форми не се лечат со вакво кремче онакво кремче. Отидете некаде да си испитате целосна крвна слика, хормонален статус, алерго-тест, јајници... Долгогодишните проблеми со акни се кријат тука некаде. Не се мачете беспотребно, ова го кажувам со цел да помогнам на некој кој не е упатен како што јас не бев. Јас морав да го поминам потешкиот пат за да стигнам до чисто лице, барем вие олеснете си го тој пат, па на крај краева и се` да е во ред со испитувањата бар ќе ви биде мирна главата. Јас ете знаев дека нешто не е во ред со мене последнава година затоа што осеќав премногу промени не си бев истата, ама не знаев што и како да си го барам проблемот. А се` останато во врска со козметика ќе си најдете сами, затоа што секоја кожа е различна, некоја крема нема да ви одговара иако на вашата пријателка со ист тип на кожа и одговара. Пробувајте си креми соодветни за вашиот тип на кожа и ќе си го најдете она што е добро за вас, нема тука правила. Се надевам дека сите кои патат од овој проблем ќе го најдат изворот и ќе ги избркаат овие досадни и не добредојдени гости :)
     
    На xxAngelxx, LollySky, Mishela и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Jery

    Jery Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2016
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Која е др та и колку и чини третман?
     
  9. Jery

    Jery Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2016
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Имам закажано за оваа недела кај др светлана јосифовска костиќ искуства?
     
  10. lina11

    lina11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2014
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    12
    image.jpg dali nekoj bil tuka na tretmani
     
  11. PreciousDiamond

    PreciousDiamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Во дерма плус одам, кај др. Коста. 1500 чини третман. Еве да кажам дека полека ми поминува црвенилото и подобро ми е лицето.
     
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.012
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    i jas bi sakala da cujam mislenje okolu ovaa problematika.imase vo katalogot od oriflame nekoaja krema na novage za namaluvanje na pori ama togas skapa bese.
     
  13. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    487
    Mi treba nekoe sredstvo za mienje na lice. Se slucuva da go izmijam liceto I da mi e suvo po mienje a posle nekoj cas stanuva mrsno. Pomos?
    Isto vo potraga sum po hidrantno kremce I maska za lice. Sekakvi soveti se dobredojdeni
     
  14. Nastya9

    Nastya9 Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Јас го имав истиот проблем особено кога го мијам заради шминката и кога одев на третман ми рекоа да земам пена за лице од афродита. Ми траеше околу 4,5 месеци и веќе немав таков проблем
     
  15. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.976
    Допаѓања:
    5.319
    Пол:
    Женски
    Јас сум многу задоволна од сапунот на Дав. Со години коритев само гелови за миење, пени и слично, али ова ми се погоди најмногу. За крема и маска немам некои добри искуства за да препорачам.
     
  16. Катерина996

    Катерина996 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2015
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Тотално се согласувам со секој напишан збор.И јас имав премногу исфрлано лице поради покачен машки хормон.И скоро ми поминува, секако откако си ги средив хормоните.Истите твои зборови би ги изустил секој добронамерен лекар или дерматолог :) Се надевам дека еден ден ќе имаме стакло мазни лица :hai:
     
    На MayDiamonds, Elence93, Panthera и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Panthera

    Panthera Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    711
    Пол:
    Женски
    Ќе имаме секако, го чекам денот кога нема да ми биде срам да отидам до продавница без пудра :) Потребно е време само, пред се` организмот да се нормализира и стабилизира, а кожата на лицето да се обнови, но ќе биде и тоа :) :*
     
    На MayDiamonds и Elence93 им се допаѓа ова.
  18. PreciousDiamond

    PreciousDiamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    @Panthera @Катерина996 и јас имам проблем со хормоните, како го средивте? Хормонска терапија или? Мене ме е малце страв од тоа, па ако може да споделите ваши искуства?
     
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.877
    Допаѓања:
    107.832
    Пол:
    Женски
    @PreciousDiamond

    И јас имам пишувано на темава за мојот проблем , и јас имав хормонски проблем до пред 8-9 години , бев на ендокринолог ми даде хормонска терапија , и среќа веднаш ми се реши проблемот лицето уште првиот месец ми се исчисти. Апчињата ги пиев по шема секако , скоро 1 година со прекини двапати..
    Нема ашто да се плашиш само да се реши проблемот
     
    На PreciousDiamond и MayDiamonds им се допаѓа ова.
  20. Panthera

    Panthera Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    711
    Пол:
    Женски
    Ќе ти препишат терапија соодветна за твојот проблем, зависно од тоа кој хормон е во прашање и дали е премногу низок или висок :) Јас пиев апчиња секој ден, па после откако направивме повторно проверка, сега ги пијам два пати неделно и понатаму ќе видиме. Ќе правиш контроли за хормонот, ќе следат како реагира. Нема од што да се плашиш, тие работи мора да се средат, јас конкретно многу поубаво се чувствувам откако ја почнав терапијата, затоа што пореметувањето ми влијаеше и на ред други работи, покрај проблемот со лицето. :)