Дали некоја од вас ја има користено маската со аспирин: аспирини, вода и мед? Има ли резултати, се намалува ли црвенилото и исчезнуваат ли акните?
Јас пиев од Жанин таблетките кои ги нема во нашата земја.Се наоѓаат по Грција, Бугарија по цена од 20 евра.Поскапи се од другите таблети но се едни од најдобрите.Јас пиев два месеца без прекини и на тој начин ми се регулира хормонот.За среќа немав несакани ефекти.Инаку најпрво се проверуваат хормоните за да видат кој хормон е проблематичен.Според тоа се препишуваат соодветни таблети-прашај за Жанин -от.После таблетите се прави повторно контрола. Со соодветна терапија се се регулира, само внимавај кои таблети ќе ти ги препишат.Дознај повеќе искуства и информирај се. Јас користев Аспирин со Витамин Ц шумлива таблета и Цефалексин помешани со вода помалку од пола прст.Имав значително подобрување на лицето и редуцирање на мозолките. Инаку Аспиринот помага затоа што има салицилна киселина која ги лекува акните.
Да, да, знам. Читав на интернет, многу ја фалат маскава. Викаат дека најпрво, додека да се среди лицето треба да се става 2-3 пати неделно, па подоцна само еднаш неделно. Јас еднаш ја ставив, не знам дали си умишљам или стварно како малце да ми се смири лицево. Планирам редовно да ја користам, па ќе видиме дали ќе има резултати.
Само правете паузи од време на време бодејќи организмот може да стане резистентен на Аспирин.Ова е препорака од стручно лице.
Здраво на сите, И јас исто така имав проблем со акни едно 10 години, е сега немав многу ама си имав ситни овде онде, а за црнки да не правам муабет. Колку пари за третмани и креми имам потросено ни сама не знам од скапи, до најскапи Епа вака сега 4 години ја користам оваа крема http://international.biotrade.bg/acne-out/acne-out-active-cream/?p=48&l=2&id=3 и овој сапун http://international.biotrade.bg/acne-out/acne-out-soap/?p=48&l=2&id=32 сапунот веке не го користам толку често скоро и престанав да го користам. Додека не ми се исчисти лицето ги користев двете и наутро и на вечер, сега веќе само наутро, а на вечер користам хидрантна крема. Верувале или не 4 години лицето ми е стакло, буквално СТАКЛО не знам што е тоа мозолче веќе. (После употреба рацете треба добро да се измијат со друг сапун) Мене тоа ми помогна па сега можете да пробате Поздрав п.с во Октомври секоја година правам по 3 третмани микродермоабразија и тоа се се.
Здраво, Едно време ги имаше во Зегин но со дупла цена од тоа што се во Бугарија, околу 600-700 денари беше кремата, 300-400 сапунот, јас после ги купував од Бугарија или ги нарачуввав од луѓе што одеа зошто јас не одам толку често таму. Во Бугарија се околу 300-350 денари кремата и 150-200 сапунот. Поздрав и од срце ти посакувам чисто лице што побрзо
Чекав да помине некое време, поточно помина 1 месец и 1 недела од кога ја користам кремата на Саше. Искрено многу сум задоволна од резултатите акните се редуцирани 2 до 3 пред циклус (што за мене е голем успех) останаа уште флеките ама ако не поминат и тие на есен ќе правам третмани за нив. Во секој случај ја препорачувам
Овие е се многу добри за чисто лице. Гелот е за против митесери и акни а тоа малото се става на акната и ја суши одма.
Во последно време на лицето, во делот под усните околу брадата да речам - ми се појавуваат од оние тврдите бубулици...што ептен болат кога ќе ги стегнеш, а ништо не излегува...грди се на лицето, црвенки и тврди како камен.... ги стегам врискам од болка...ми доаѓа да ги боцнам со игличка малку дали знаете некој лек
Абе ако е тврдо значи е полно, масно ткиво. Има внатре. Исуши го, со пилинзи од сода бикербона и мачкај алое вера. После само со нежно притиснување ќе излезе.
Се зачудив од ефективноста на сапунот од Lush козметиката. И покрај тоа што пишува дека сапунот е за тело, јас го користев за миење на лице. Многу е освежителен а ситниот песок во него прави пилинг на лицето. Еден месец го користам и акни речиси и да немам веќе (а претходно имав) и на допир се чувствува дека текстурата на кожата ми е подобрена. Дефинитивно ова ќе биде единствениот препарат за чистење на лице кој ќе продолжам да го користам.
@beautu17 Здраво, не не е хидрантна, но можиш над неа да ставиш некоја хидрантна крема и така делува, јас така правам кога користам пудра, ставам од оваа крема, па хидрантна, па над неа пудрата, зошто нели пудрата ја суши кожата. Би ти ја препорачала Vichy AQUALIA THERMAL DYNAMIC HYDRATION RICH CREAM на пример или Avene Hydrance Optimale LIGHT Hydrating Cream јас овие две ги користам. Поздрав and all the best
Здраво девојки. Пред две недели лицето ми се исфрли ненормално многу. Бев на дерматолог (на кој што и редовно одам) и ми даде терапија апчиња клиндамицин со лосион Acnelia L и со крема Sona. Мојата редовна рутина е сосема друга: Тоник на Logona од органско нане и крема на Ларош-Ефаклар. Е сега, од лосионот Acnelia искрено само еднаш се намачкав, не ми се свиѓаше и го баталив. Си продолжив со тоникот што си го имам. За џабе фрлени пари. Не сакам да ми стои дома како и мн др производи што ми се така у паника за џабе купени, па викам додека е тазе купен сакам да го дадам/продадам за поевтина цена ако некоја од вас го користи??? Мене секако ке ми фаќа прашина дома... Контактирајте ме ако сте заинтересирани Позз
100% решение не знам (и јас барам), но пред малку искористив од црната маска за лице на Балеа, а ко за прв пат ставив само на носот и лицето околу носот и испадна одлична.
Многу сум задоволна од гелот. Го користам веќе два месеци. Лицето ми се смири многу. Дури почна да ми ги избледува флеките.