Здраво девојки..На лицето имам акни не се многу но доволно се колку да имам неубаво лице... Некој гел крема или слично ...ако може да ми каже некојј...
Дали секој преглед кај дерматолог е скап? Последниве неколку месеци имам страшни промени на кожата неможам од дома да излезам а не би можела да одам кај некои поскапи, па имате ли предлози? Помоошш...
Јас имам одено но тоа е пред една година матичниот ми даде упут и отидов но во државната бев....Ми дадо а еуцерин тестери реално помагаа но јас ги потрошив и толку не отидов па..инаку ми беше кажала да идам кога ке можам но не отидов..И ете така сум сега
Еленче ме заинтересира и ги прогуглав: Можеш да ги порачаш ако сакаш.Сепак јас не би ги земала на своја рака поубаво ти е да се консултираш со дерматолог. Ме заинтересираа и мене, а читав и costumer reviews па на следен преглед ќе го прашам дерматологот за нив.Ако ги најдеш овде некаде или во соседството, те молам извести ме.
Од таму ги видов и јас и после читав и други коментари и сите беа задоволни, кој повеќе кој помалку. Само што ако порачам ќе ми стигнат за месец дена отприлика, а не знам дали тоа време ќе има кој да ми ги подигне. Ќе прашам деновиве во Зегин и Еурофарм, бидејќи тие ми се поблиску. Ако дознаеш и ти нешто пиши
Active Ingredients Belladonna 6X, Ledum palustre 6X, Sulphur 6X, 12X, 30X, Graphites 10X, 20X, 30X, Bromium 12X, Hepar Sulphuris Calcareum 12X, Kali Bromatum 12X, Selenium 12X, Natrum Muriaticum 30X Inactive Ingredients: Cellulose, dextrose, lactose, magnesium stearate
Колку што сфатив, хомеопатски е лекот, не знам дали го има во обична аптека. Можеби го има кај некој хомеопат. На гугл видов дека близу до драмски има хомеопатска аптека Бети, можеш и таму да прашаш, или да ги прашаш дали според составов би можеле да ти припремат лек.
Здр. Прочитај погоре за мојот совет, верувај ми најдија таа крема и сапун лицето ќе ти се подобри уште по првиот ден од користење, за една недела ќе имаш чисто лице. Позз
Абсолутно не. Единствената причина некој би сакал да оди кај Ирена Димитровска е бидејки има нешто скршено во главата, и во тој случај препорачувам да одете во невролог. Тој човек ќе ве икорисити до максимум со десетини скапи креми и апчиња. Јас го прекинав третманот по вториот месец кога видов луѓе што отиде таму со месеци или некои со години без никакви подобрувања. Не знам зошто некој би препоралувал егоцентричен, лицемер човек.
Сакав да споделам лично искуство со зелената глина како помагател за чистење на лице. Одлична е! Сите што имате мрсна и проблематична кожа топло ви ја препорачувам. Иако пишува 2 пати неделно да се нанесува , јас ја нанесувам 4, 5 пати. Исто така многу помагаат и маските за лице од минерали од мртво море. Досега сум најзадоволна од овие два од стотина други испробани производи!
А од каде ги купуваш тие маските со минерали од мртво море? И од каде да најдам морска сол да не знаеш?
Има и низ маркетите таква маска, барај ги оние во кесички (2 кесички од по 7-8 милилитри) од брендот face food. Во Тинекс се околу 50 денари мислам и во една кесичка има количина за неколку употреби. Оваа маска ми е најомилена, бојата и' e иста како деталите на пакувањето (тиркизно сина) и многу убаво ги чисти порите. Препорачувам (особено за летниов период) за оние кои имаат комбинирана и мрсна кожа.
@Kitty23 Таа е маската. Ќе се сложам со напишаното дека е предобра! А и не е скапа, а сепак корисна. Случајно да не ги пробал некој и другите маски од оваа линија (face food), иако мислам дека оваа е најдобра бидејќи истовремено содржи и морска сол и алое вера и сè што треба!
@BE YOU, јас ги пробав сите кои успеав да ги најдам. Исто така за овој тип на кожа (комбинирана и мрсна) ми се допаѓа и пилинг-маската со авокадо и оревче. Покрај тоа што мириса прекрасно, многу добро ги отстранува мртвите клетки и кожата ја прави премека. Ми се допаѓа и маската со јаболко и краставица. За регулирање на маснотијата кај Т-зоната е одлична. И пак мириса прекрасно и кога ќе се нанесе на лице изгледаш како вонземјанец. Многу сакам маски во луди бои. Убава е и peel off маската, мислам дека беше со невен и портокал. И таа со јасмин е убава, мислам за смирување на кожата.