За Логона со оглед на тоа што скоро ја тестирав тврдам дека матира не само кожата туку евентуално и друг производ врз неа (на пример средство за сончање). За Мелиса одамна ја користев, ама знам дека кожата воопшто не ми светеше, ептен ми одговараше. Пробај тестер и од двете пред да одлучиш, Поздрав
СУм имала ист проблем како тебе. Кремот од чајно дрво доста ми помогна, иначе бекутан производите не се најверојатно за луѓе со комбинирана кожа, бидејќи јас се мачкав со крем бекутан и ми се појавија црвенила покрај лупењето на кожата. А каква е моментално состојбата на акните? Исчезнаа или сеуште ги има?
Јас имав слична ситуација од сапунче на Докторс го дехидрирав лицето до немај каде дури и ми се лупеше.Не користи никако лосиони со алкохол, рехидрирај ја кожата додека да добие нормална влажност и тонус понатаму ќе ги третираш акните.Поздрав
ajs lugje,moze ke mi se smeete ama... kora od krastavica koga ke ja izlupam pred da ja frlam so nea si go izmaznuvam liceto i nisto drugo ne pravam.nemate pojme kolku hidrira
Драга, можно е да е реакција на многу работи, исхрана, нега, стрес и.т.н. Кажи ми колку години имаш? Дали користиш традиционална козметика и каква ти е рутината на нега? Доколку сакаш нешто природно за миење ако кожата ти е многу воспалена земи брашно од овес (ќе го најдеш во продавниците за здрава храна). Ќе го миеш лицето со брашно и вода за да се смири. Ќе направиш комбинација како смеса (не многу течна) и ќе ја нанесеш на благо навлажнето лице. Не нзам дали се шминкаш и дали користиш пудри, доколку да, претходно убаво ќе ја отстраниш шминката па потоа ќе го измиеш лицето. Втора состојка е глината расул која можеби е и подобра во твојот случај затоа што е одлична и против акни. Полоцина лажичка расул со три лажички вода и со неа се мие лицето. За други совети чекам прво да видам колку години имаш за да ти предложам нешто за нега (доколку сакаш секако). Поздрав.
Почнав да го мијам со Асо дерм сапун после тоа кландимицин лосион и на крај Нивеа Софт така наутро и навечер. Почнаа да ми исчезнуваат само мн суши сапунот во комбинација со клндимицинот и мора многу крем да се стави.
Мојата баба како млада лицето го мачкала со јогурт или млеко. Тоа си го повторувала често во младоста е сега незнам дали секој ден или еднаш двапати неделно. Појма немате каво мазно лице имаше на 70 и кусур.
За тие што се борат против акните, мене ова многу ми помогна, уште при прва употреба се приметува разлика
Доколку си во пубертетските денови е најнормално и да ти се појават на грбот,јас бев на дерматолог и јас бев со истата ситуација. Само не треба на лицето да му ставаш никакви хемикалии вклучувајќи го и сапунот. Лицето исклучително ќе го миеш 1-2 пати на ден со мицеларен раствор H2O. Тоа е чиста вода (H2O) ја смирува кожата,но пред да се мачкаш со оваа вода јас ти препорачувам штом имаш мали акни на лицето да купиш спреј Џин Џира од аптека.Тоа е пудра без алкохол која содржи екстракти од невен,камилица,потоа цинг оксид која ја подобрува еластичност на кожата. Така да те советувм да ја нанесуваш Џин Џирата околу една недела и додека ставаш нов слов предходниот не го миј. Доколку,има подобрување продолжи да го миеш лицето со мицеларната вода. Поздрав се надевам дека ти помогнав.Ако имаш нешто друго пиши.
зашто да се смееме краставицата е полна со вода и содржи витамин Е кој е добар за кожата ја прави по затегната а водата ја хидрира кожата