Devojki imate li nekakva preporaka za krema so faktor(nebitno Dali 30ka ili bill koj) za kombinirana koza, znaci masna Tzona? Samo da ne e Avene portokaloviot zaso mi ja mrsi..
Имам едно прашање, некој да не случајно ги има користено кремите од Гоџи бобинки (дневна и ноќна) ги има на фб ги рекламираат, 600 денари е една? Македонски производ се, мислам дека од Куманово се. па некој / а ако има искуство, нека сподели.
Јас конкретно не сум ја користела, ама колешка ја купи и ич не е задоволна, вели обична крема од 100 ден е подобра од таа. И во истата има се, само гоџи бобинки нема.
Јас користев еден друг лосион на Јанг Дерм и едно утро се разбудив цел со црвени мали точки по лицето.
Моментално ја користам тестер на еуцерин со фактор 50 за мрсна кожа и ми се допаѓа не ја мрси кожата.
Дали може некој да ми објасни како се прави пилинг на лице и со што инаку имам масна кожа и ако можете да ми препорачате некое масло и крема дневна и ноќна
@Cherish33 јас имам мрсно лице и пилинг кој што го користам е тој на Lush Ocean salt , многу е добар за масно лице. Малку е поскап ама јас сум презадоволна. А за крема за лице , до која цена би сакала да е?
Толку е да , 600 ден пилингот ама малку се става и ќе ти трае долго. Се користи еднаш неделно зашто зрнцата се крупни (составен е од морска сол) и е природен. Лаш имаат штанд во Сити мол
Има препарати за пилинг на Garnier, Clean and clear, Nivea... околу 300 ден. се и се користат еднаш-два пати неделно. Доколку сакаш природно можеш со талог од кафе, смеса од шеќер и мед...има доста такви рецепти на нет. Како крема би ти ја препорачала на Нивеа за мрсна кожа, на кутијата има зелена лента.
Дечки еден совет ако може? Цел живот имав чисто лице, пубертетот го поминав без акни, тек тук по некоја мозолка имав како и сите во тој период. Но, во последно време кожата на лицето ми се поремети. Полна ми е со нерамнини и затворени пори, а на челото лом сум од мозолки. Ова никогаш не ми се случило. Некој некоја крема/чаре да сподели? Моментално ја користам Нивеа од зелената линија, за комбинирана кожа, но како уште повеќе да ми го мрси лицето.