Повели, сакаш во ЛП пиши ми, сакаш овде. Ја имам користено, навистина е солена, ама вреди за секој денар. Тогаш кога ја нарачав чинеше 2300 денари, во прилог идеа и две сапунчиња, со едниот сапун се миеш наутро, а со другиот навечер. Масна е кремата, треба да се чува во ладилник, и е од потполно природни состојки, правена по пат на ладна дестилација. Не живее баш во Скопје. (чинам дека е некаде од Скопско, Катланово ако не се лажам), но ние се чекавме на Автобуска (Руле). И ми рече да му се јавам за резултати. Резултатите беа повеќе од видливи. Е сега,. кога му се јавив, скоро беше, пак сакав да нарачам, кога ми ја кажа цената, ми се стемни. Овој пат е рече 3400 денари, со тоа што нема веќе во прилог сапунчиња, затоа што во кремата имало се (вероватно и состојки од сапунчињата). Рече дека сапунчињата биле правени со зајачка лој, така нешто и други природни состојки. Ама 3400 денари. . . навистина не сум во можност да ги дадам, не особено периодов. Тој прави и сапунчиња за коса, (за ревитализација на косата) ми ги изнафали, многумина што зеле, пак зеле, ама веќе не правел. Евентуачно по порачка. Ако го најдам бројот ќе ти го пратам во ЛП. Мораш однапред незнам колку време беше да му се јавиш и да ја нарачаш, за да ти ја направи.
бев денес до аптека да нарачам крема против акни .Една дневна една ноќна плус сумамед да пијам.Два месеци ми се нафрла лицето.И баш се нервирам
Леле и моево лице е ужас. Ама она баш ужас, едната страна целосно нафрлана, и вратот дури. Што крема зеде?
ке ја земам вечер и ке ти пуштам слика.Фармацеут ја изработува.Вика од природни состојки била. @LiliBoz немам ништо ново јадено.Од каква храна на пример?
нема потреба да е ново. нетолеранција како се појавува така и си оди. јас од голем стрес еден период на чоколадо станав нетолерантна. исфрлено ми беше лицето во предел кај вилица и чело. како ќе пробав бетер се исфрлав и по месец дена не поминуваат. чаре? не јади тоа што ти пречи. после некое време поминува.
јас како јадев така се исфрлав. запримети кога јадеш деновиве. џабе антибиотици ако е тоа. некоја промена во организмот е, најчесто на база на стрес..
И кај мене понекогаш вакви излегуваат најчесто пред циклус, немаат гној како големите но сепак ја прават кожата нееднаква и не е мазна. Некој лек или препарат дали знаете?
Кое масло е поефективно за чистење на лицето од акни, масло од јојоба, бадемово или од чајно дрво? Пред 2 год користев гел со екстракт од чајно дрво, но кожата ми се лупеше и понекогаш се иритираше. Се мислам да земам бадемово, ама прочитав дека маслото од јојоба било доста ефективно. Ако може некој да одговори кое масло е најделотворно, од која аптека да го земам и по која цена исто така.
Мене ми го изреметија циклусот начисто, за кожата тогаш и не видов никаков бенефит, не ги пиев за акни по лицето, кожата на лицето ми е во ред. И јас не ги препорачувам, плус пред да се земат задолжително да се испита крвна слика. Ова се многу јаки апчиња, а знам лекари кои ги даваат ко на шала, дури без да побараат да се испита крвна слика.
Ај ако има некоја која го користела гелот на Леа да ми каже колку време се остава да седи на лицето и дали се плакне?
Имам прочитано некаде дека кокосовата вода помага при отстранување на акните од лицето, може директно да се нанесува на лицето а и со пиење помага. Ја барав во неколку аптеки ама немаше. Дали некој ја користи?
jas nemam akni ama imam crnki bi sakala da imam cisto i nezno lice pri toa liceto i vratot ne mi se ista boja care