Се чисти ли лице со акни со масло? И каква кожа имаш? Јас имам комбинирана, немам голем број на акни ама пред циклус знаат да излезат по неколку.
Женски имав неколку ситни бубулици кај брадата од устата, неколку ги притиснав и ми останаа флеки големки итоа, пиев ц витамин, некогаш пилинг со лимон си правев но џабе. Се мислам за некои третмани на козметичар. Дали имате искуство во Аура во Битола за оваа проблематика? Исто прочитав за кај др.Светлана од Ск дека е океј али ќе размислам. Хелп?
Eucerin сапун за вадење шминка или редовно миење наутро, и CERA di CUPRA крем за лице. Сапунот е 170 денари, го има во Зегин, а кремот 280 исто Зегин. Една година ги користам веке, и сум презадоволна. Нема на што.
Го земав серумот Витамин Ц за акните и лузните инаку во упатството пишува дека треба да се става и хидратантна крема над него, тој самиот посебе не е хидратантен што не очекував.. Оние што го имаат каква крема користите после него?
Нанесуваш талог од кафе со едно лажиче сол претходно промешано и го масираш лицето .Плакниш со млака вода и ставаш кокосово масло .
Јас го користам со месеци и сум многу задоволна. Наутро го ставам него, чекам да се впие па врз него еуцерин крема, или aqua porin или even brighter. Не планирам да го исфрлам од употреба, одличен се покажа до сега. Нијансата на флеките веќе ми е многу бледо розева. Навечер (пред спиење) мачкам само од серумот. Не ставам крема врз него.
Ме заинтригиравте со овој серум Витамин Ц... имам црвени точки/флеки на образите, а кожата таму ми е посува отколку на другите делови. Користам и јас еуцерин аква порин, па дали мислите дека би ми помогнал серумот за осветлување на тие флекички? Не се од акни или бубуљици, така се појавија пред година дена, можно е од полицистични јајници.. Исто читам за серумов дека помага и за намалување темни кругови под очите, дали сте го приметиле ова дејство тие што го користите? Фала!
Феминки ај малку помош... Чепкав една поткожна бубулица и сега целото место ми поцрвене,отече и ми крвари по малку. Совет некој?
Стави Пантенол, да не ти се појавува повеќе црвенило на кожата. Ќе те смири и мраз или било какви ладни облоги. И најбитното не го чепкај повеќе.
Мене лично не ми има помогнато за темните кругови околу очите, можеби и затоа што многу малку ставам на тоа место.
Гледам дека го коментирате серумот со Витамин Ц на Др. Витон. Пред некое време го купив и ветив дека за некое време ќе пишам дали има ефект или не. Епа вака, кај мене воопшто ама ни 5% мислам дека немаше ефект. Навистина ми е мило што @MayDiamonds и @bela.m на вас ви има помогнато ама на мене воопшто НЕ. Ниту ми ги намали темните кругови, ниту на било кој друг начин забележав подобрување на состојбата на моето лице... инаку имам комбинирана кожа и уште по суво ми го направи лицето...да не кажам за џабе фрлени пари и никогаш не би го купила повторно. Можеби ова е индивидуално, ама јас морам да со го кажам моето искуство.
@poker_face Не, јас штотуку го зедов нема ни една недела како го користам па рано е за резултати.. Засега немам никакво мислење генерално а и го користам со обична крема па затоа пишав тука да ми предложите некоја која би одговарала добро со него.. Не гаам големи надежи кога се работи за ваквите многу рекламирани производи ама пуста мисла ме копкаше да го земам
И јас сум иста и си викам ај да пробам може ќе најдам нешто како за промена што ќе има ефект. Еве целото го потрошив и исто како ништо да не сум користела. Ама во секој случај потенцирав дека може да е индивидуален ефектот...или пак јас имав преголеми очекувања Се надевам дека тебе ќе ти помогне повеќе отколку на мене
Aјде и тука да пробам. Околу односно под очите ми се појавија вдлабнати линии кои изгледаат како брчки во пределот на подочниците, млада сум.. имам 24год и ме интересира како би влијаела крема против стареење и измазнување на брчки која е наменета за 30+ годишни. Дали би имало некакви последици ако почнам да користам на толку рана возраст? И порано ги имав, ама сега почнаа многу да ми сметаат, значи буквално во очи ми дупат кога и да се погледнам во огледало, ниедна пудра не ги покрива напротив само уште толку ги изразува.
Не ти препорачувам да почнеш со антирид креми на твоја возраст затоа што кожата ќе се навикне и ќе престане самата да создава колаген. Според мене, ти треба добра хидратантна крема, а бидејќи хидратацијата доаѓа и од внатре, треба да пиеш најмалку 2 литри вода дневно.
Доколку буџетот не е проблем би те советувала да земеш Estée Lauder Advanced Night Repair( и за dark circles помага) , исто така и на Olay кремовите се добри.