Топ 3! Лицето го прави кристал. Дер мед е за миење, но после тоа со натопено пешкирче го бришам, не користам друго за пилинг. Акнеколор навечер за спречување и лечење, а средново пред шминка за да не ми предизвика акни. Ги препорачувам, за сите типови кожа е, единствена маана е што ги нема во Мк, но може да ви ги прати некој.
Премногу фрлени пари за ништо. Не сум сигурна дали е оваа таа јас што ја користев, ама користев од истава линија крема за сушење на акни заедно со кремата за флеки од биодерма, првите денови ќе си речеш супер е ама после тоа ништо не прави. Одкога ми се засити лицето ненормално ме печеше на местата кај што ќе ја стаев и другиот ден имав црвенило. Еве ги уште стојат во фиока.
Да... нешто како Клиндамицин ли кај нас, така му доаѓа.Јас од пудра беља направив. Заборавив да напоменам. И лево кремата ако не се лажам. Ептен ефикасни како комбинација.
Јас користев Далацин Ц но не ми помогна воопшто за акните, гледам овој е Далацин Т. Која е разликата помеѓу него и Ц? Дали може да се најде кај нас таков?
Искрено не знам... Бев во Швајцарија, роднина моја е матичен таму, она се ми даде. Кај мене има ефект. Мислам нема тука. Можда по состав нешто исто да има.
Би требало... Цена не знам, така ми ги даде, може и на рецепт да се штом има антибјотик. Кај нас се даваат на црно. Убаво што спомна @joy1 ,ја не се сетив, да не се подлаже некоја бремена жена. Ќе прашам убаво кога ќе ја исконтактирам па ќе ви кажам подетално. За жал многу работи немаме тука...
Дали некоја од вас има бели поткожни ситни мозолчиња. Вистинскиот термин не е мозолчиња, ама не знам како да ги наречам. Барав на јутуб, состојбата се вика milia, а тие што ја имаат одат на дерматолог и им ги стискаат. Проблемот е што повторно се појавуаат на истите места. Некоја да не нашла решение за овој досаден проблем. Инаку имам комбинирана кожа, нормална со мрсна т-зона и ми се прават вакви мозолчиња.
Мене ми се појавуваат под очите, кај јаболчниците поточно и ги отстранувам со игла, само колку да ја пробиеш кожата и излегуваат. Ако ти се ептен близу до очите (таму најчесто излегуваат) не би ги чепкала.
Според мене тоник е посебен производ, а отстранувач на шминка посебен. Прво оди чистење на лице со чистач (гел, пена итн.), тоник, крем за лице. Како отстранувач на шминка се користи мицеларна вода, двофазно средство, млеко за чистење шминка, масло за чистење шминка.... Кога вадам шминка со мицеларна вода обавезно се мијам со гел бидејќи кожата не ја чувствувам доволно чиста. Ако го користиш како што си навела, мислам дека нема потреба да се измива освен ако прави пена.
Тоникот обично се користи после гелот за миење, пред кремата, за да ги исчисти остатоците од шминка и нечистотија, да го тонира лицето и да го спреми за крема. Не знам колку ефикасно ќе ти ја чисти шминката ако го користиш наместо гел или пена за миење лице. Лично, не би ја отстранувала шминката само со тоник, затоа што ќе имам чувство дека лицето ми е исчистено само површински, замачкано. Сметам дека најдобро е да го измиваш лицето потоа.