Девојки се консултирав со матичната докторка и ми препиша далацин ц. Ставам навечер пред спиење и наутро. Е сега , на почетокот ок ми беше , а после 2-3 мачкања ужасно ме пече. Дури и од спиење ме буди чешањето и пецкањето. Ви се случило и на вас тоа?
Јас го користев но го ставав само на акните и да ме чешаше многу. По некое време прекинав да го користам не делуваше воопшто напротив ми ги воспали акните уште повеќе..
Јас го користам од четвртокот вечерта , али ноќеска не можев да спијам. Мислев ќе помине , но некако дури и сега осеќам чешање ,од кога се измив. Сепак благодарам можеби секоја кожа не го поднесува.
@x.Daisy.x Јас го имам користено тоникот со глина и сум задоволна, впрочем како и од сите производи од Алверде. Секако ја користев целата колекција од морски алги, но како за промена и овој тоник се покажа доволно добро. Бидејќи има две амбалажи, поголемо и помало, јас го земав поголемото. За разликата меѓу двете не се сеќавам доколку ја имало. Од роза, го користам млекото (иста амбалажа), преку ден знам да поминам со него шминката да ја исчистам или обавезно после мицеларна/гел, наместо тоник поминувам со млекото. Многу повеќе ми ја хидрира кожата, наспроти тоникот, така што верувам дека е идеално доколку имаш сува/нормална кожа. Верувам дека што и да одбереш нема да погрешиш. Со цените се тука, околу 150 денари.
Драга @Biodevojka не сум сигурна, ама мислам дека ти го коментираше маслото од дива роза. Дали е тоа ова масло и дали е добро/ефективно за нега на лицето?
Здраво драга, мене лично многу ми се допадна. Јас го имам користено. Кај секого е индивидуално, ама еве кај мене не мастеше воопшто го користев навечер како ноќен третман и наутро знам дека лицево ми беше преубаво. Како и да е вреди. Поздрав.
Јас се “колнам” во маслово. Две години го користам како ноќен третман во есен/зима. Се става на влажно лице и прекрасно ја хидратира кожата во текот на ноќта. Лично како база ставам активен кислород или алое вера гел, но секако можеш да го навлажниш лицето и со обична вода. Вреди да го пробаш, а и споро се троши па доста време ќе ти трае. Само што јас имам чисто лице и комбинирана кожа. Доколку имаш масна или кожа со акни не знам дали би ти одговарало.
Под очите имам темни кругови кои не се тргаат.И 12h да спијам и здраво да се хранам џабе веќе година ипол ги имам.Ни пудра не ги покрива целосно, што да правам?Како наркоманка се осеќам. Имам и друг проблем значи немам бубулици туку имам ситни топченца без гној кои така си седат кои за среќа не се гледаат ама се осеќаат на допир.Како да ги тргнам?Ме нервираат кога ќе си го допрам лицето..
Баш напротив кожата ми е сува, особено сега во зимскиот период. Не можам да се поднесам ако не ставам крема после миење на лицето. Дефинитивно ќе го купам и јас, се надевам ќе има ефект и кај мене
Ај ќе си прашам овде. Значи мене лицево ми е релативно чисто освен нели пред да добијам, ама тоа не е страшно. Ама еве пред околу година, година ипол ми се појави на брадата такви ситни еве акни да ги наречам зошто не се ни црнки, не се ни акни, не знам што се. Значи такви ко брунчиња се малецки, испакнати и ако не ги стискам си седат така. Ако ги стискам после 2-3 дена пак си се полнат и си стојат така. Е сеа, да се црнки се покриваат со пудра, ама овие чудава си стојат така ко испакнати и ме нервира зошто дури и нашминкана не може да ми изгледа убаво лицето. Стварно не знам што е проблемов, се шлапам со маски, се мијам со пилинг за лице секој ден, со шминка не спијам никако, значи мислам толку грижа неам водено за лицево, па никогаш. И не бре, купував и креми со салицилна киселина, тоници, чуда, па исфрлив мрсна храна као демек од тоа да не е, ама ништо не помага зошто овие се ко поткожни, и ако не ги дирам си стојат така. Е сеа, летово бев Германија три месеци и буквално ништо не сменив во нега на кожата, лицето ми беше стакло. Си дојдов тука, истиов проблем. Дајте жити се`, некој гел, маска нешто да си го средам лицево, а да не е прескапо.
Значи иииисто исто исто. Истиот проклет проблем. Порано немав ништо, сега имам такви како твоите и тоа особено чудно што само на едниот образ од лицето ама премногу ме нервираат. А со ова што само во мк ти е така и ништо чудно, ова тло е канцер...
Тоа се затворени комедони. Најчесто се јавуваат од шминка или крема кои ги затнуваат порите, во главно се работи за затнати пори. Гликолната киселина помага, миј го лицето со гел од чајно дрво и користи крема ретинол.
За темните кругови под очите исечкај краставица на многу тенки парчиња стави ја низ целото лице и на подочниците и нека отстои 15-20 минути. Имам слушнато дека кокосовото масло помага за темните кругови под очите. Мене ми помогна арганово масло, го нанесувам на целото лице (навечер бидејќи тогаш најдобро се регенерира кожата). Го користам аргановото масло Fleurance (го има во Зегин). Откако го користам маслото немам никаков проблем со подочници
Девојки ако имате проблем со лицето прочитајте го постов иаку е малку подолг. Јас имав огромен проблем со лицето со години и буквално бев спремна да пробам се'. Тоа беше и најголемата грешка. Со текот на времето почнав многу да читам за разликите помеѓу медицинска и комерцијална козметика и за важноста на добра хигиена (кожата има многу функции но неможе сама да се чисти). Под комерцијална козметика спаѓа се што не е сертифицирано и може да се најде и во маркет( нивеа, лореал, афродита, здраве, бекутан...) додека медицинската козметика се продава исклучиво во аптеки и позади неа стојат доктори и дерматолози (виши, авен, биодерма...) Она што сакам да го кажам е дека хигиената треба секогаш да е на прво место, миење и чистење на лице и нанесување на креми за различните патологии. Она што мене ми помогна е Биодерма и засекогаш ќе бидам благодарна на мојот дерматолог затоа што тој ме запозна со самото функционирање на кожата. Го чистам лицето навечер со мицералната вода, потоа мијам со гелот за акни и ставам од кремчето што се вика глобал на проблематичните места. Состојбата ми е подобрена за 80% и секако не планирам да ги сменам. 3те производи ме чинеа околу 2100 денари што реално не е баш ефтино но еве ги користам месец и недела дена и уште имам а и искрено барем знам дека ми вреди. Ете ова е моето искуство се надевам дека барем малку ќе ви помоге и бтв никако миење со било каков сапун затоа што се пресушува кожата и уште толку се поттикнува лачење на себум (мрснотии).
Значи лицето ми е катастрофа веќе 1 година, кога ќе ми спаднат мозолчињата на нивното место ми се појавуваат вакви дупчиња : исти вакви, на истото место само во многу поголем број. Ве молам препорачајте некој третман или да пробам со ласерско отстранување? Хелп.
Девојки препорачајте ми некој гел или пена за миење на лицето? Многу ми е битно да е за сува кожа, бидејќи мојава е катастрофа од ладново. Ја користев таа пената на Балеа од лотусов цвет, Дове сапун, но не ми одговараат, ми го сушат и затегаат лицето, а сакам така барем пред спиење да го исчистам лицето убаво, со вода само не ми е убаво