1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. nearMe

    nearMe Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2016
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    38

    la roche possay gelot..
    отприлика 700 денари ама долго трае

    не го суши воопшто
     
    На Matotheja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    46.475
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на одговорот. :)
    Заборавив да напоменам, по можност по некоја попристапна цена, 700 ми е малку повеќе од што планирав. :)
     
  3. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    14.651
    Пол:
    Женски
    Розевата пена за миење на Балеа е наменета за сува кожа. Можеш неа да ја пробаш. Некаде по темите читав и пената на Hipp ја фалеа. Мислам @Rebecca_R ја користеше, нека каже дали е за сува кожа :) Двете се со пристапна цена.
    Инаку, користиш крема по миење на лицето?
     
    На Rebecca_R и Luminary им се допаѓа ова.
  4. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    46.475
    Пол:
    Женски
    @Avery Да да, си ставам од Алверде кремата од камилица за осетлива кожа, таа баш ми се погоди. Само уште да си најдам некое средство за миење :D
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    14.651
    Пол:
    Женски
    Сега се сетив дека Алверде има многу убава колекција за сува кожа со роза и јојоба. Јас од колекцијата го користам маслото, многу од членките се задоволни од дневната крема, па сигурно и пената за миење е добра. Можеш и неа да ја земеш во предвид. :)
    Си утнала со пената со лотосов цвет, таа е за нормална/ комбинирана кожа, па затоа и не ти одговарала. :)
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    6.067
    Допаѓања:
    5.568
    Пол:
    Женски
    Розевата колекција на Балеа е многу добра за сува кожа, а и цените им се многу пристапни.
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Катерина М

    Катерина М Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас сум нова на форумот дали би можеле да ми помогнете? Лицето ми е склоно кон акни и имам проблематична кожа значи акните се движат накај пределот на ушите и имам премногу лузни... ве молам за мислење??
     
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.069
    Допаѓања:
    108.878
    Пол:
    Женски
    @Luminary леле никако немој тој гелот од La roche posay , напротив тој е за акни и масна кожа , јас штто имам масна кожа осеќав затегнување на кожата по миењето , а замисли тебе со сува како ќе ти биде..
    Земи од колекцијата на Алверде со дива роза , на тие со сува кожа читајќи на форумов , многу им се погодени производите

    @Катерина М претпоставувам кожата ти е мрсна? бараш средства за миење лице или некоја крема? До која цена да ти предложиме нешто
     
    На Катерина М и Luminary им се допаѓа ова.
  9. Karmina1989

    Karmina1989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    471
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    За миење на лице со мрсна кожа го препорачувам од Виши normaderm 3 во 1 со бела глина, цената околу 1200 ден некогаш се на попуст, повисока е цената меѓутоа трае мн месеци годишно купувам 2-3 и имам за цела година. Може да се користи како пилинг, како маска и како крем за миење и отстранување на шминка. Многу сум задоволна од овој производ и топло го препорачувам. Поздрав девојки
     

    Прикачени фајлови:

  10. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    2.634
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Emilija21

    Emilija21 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Ти ја препорачувам ROĆ пената за сува и чуствителна кожа, го праи лицето меко и не го суши шо е најбитно. Ги има во поголемите Зегин аптеки;)
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Катерина М

    Катерина М Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Да кожата ми е мрсна и ја мијам со гелот од авон до бел чај.. но имам проблрм што ни искачаат многу акни на лицето и во ресичките на увото веќе подолго времр,а по тоа се појавуваат лузнии.. искуство некој?
     
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.069
    Допаѓања:
    108.878
    Пол:
    Женски

    Земи ја пената за лице од Алверде од зелена јаболка и лимета и кремата Гамарде Себо контрол , таа помага во врска со акните лицето ќе ти се препороди :)
     
    На Катерина М му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Катерина М

    Катерина М Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Баш ќе пробамм :)

    Дали има некој искуство со кремот Лала слушнав дека бил добар за отстранување на чузни?
     
    Последна измена од модератор: 21 декември 2017
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.716
    Пол:
    Женски
    Јас користам гел од Hipp и презадоволна сум. Тоа всушност е гел за деца, па не би кажала дека е за одреден тип на кожа, јас имам комбинирана накај мрсна, ама преку зима кожата станува сува.
    Се додека го произведуваат гелот нема да го сменам, одлично измива и кожата не ја суши кожата. Ја користи и брат ми (тинејџер) кој има комбинирана кожа и дечко ми кој има нормална кожа, задоволни се и двајцата.

    Околу 200 денари е гелот на Hipp, во Зегин секако и најевтин, во Веро може да се најде на акција, ама ми трае по 5-6 месеци а можеби и повеќе бидејќи го користам само за лице.
     
    На sorbet и Luminary им се допаѓа ова.
  16. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    3.869
    Јас имам искуство. Дознав за кремот од форумов бидејќи многу го фалеа. Пред две год. лицево ми беше лом од црвени и кафеавки дамки од акни. И решив да му дадам шанса. Го земав од зелен пазар за прилично ефтина цена мислам околу 100 ден. Го мачкав недела две и веруј од тогаш со такви "low budget" производи не си играм бидејќи лицето ми се нафрла со уште поише акни дури и со онакви болни поткожни... Јас го кажувам моето искуство со кремов, кај секој е индивидуално, но мое мислење и совет е дека доколку сакаш да си го средиш лицето подобро пробај медицински производ препорачан од доктор. И доколку имаш проблематична кожа не си играј со секакви креми бидејќи јас од што многу експериментирав до ден денес си ги носам последиците.
     
  17. Катерина М

    Катерина М Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Можеби си во право... а дали можеш да ми кажеш како го излечи лицето? :)
     
  18. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.784
    Допаѓања:
    2.095
    И мене ме интересира нешто за против лузни и флеки од акни.. Досега користев Авен, Ла Рош, Биодерма, А Дерма и ништо не ми помогна :(
     
    На Катерина М му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Катерина М

    Катерина М Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Другарка моја користи некоја крема против лузни ја порача од англија а мислам ја има и во Грција, но не сум ја прашала за ефектот ако сакаш може да ти пишам како се вика. А јас имам проблем со акни и црнки на лицето и неможам да го средам. :)
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    3.869
    Јас уствари акните си ги влошував со тоа што имав навика да ги допирам, лупам и стискам. Сега доста се имам одвикнато (иако е тешко) а и помаллу ми излагаат за разлика од пред две три години. Кога имав уште такви болни акни и лушпи користев далацин ц за акните и био дерма cicabio т.е виолетовата крема за да ми ги опорави раните кои ги имав. Иако од кога земав масло од чајно дрво дури и побрзо ми ги смирува него далацин ц а и е дупло поефтино така да и тоа е супер. Секогаш кога бев под стрес се фаќав за лицето и го стискав. Потоа кога акните ми се намалија ја користев 3-4 месеци la roche possay effaclar duo + наменета е за кожа со акни и флеки. Исто домашна маска со мед и цимет еднсш неделно, одлично ќе ти го исчисти лицето а и е супер за проблематична кожа.Ден денес имам по некоја акна, флека но не како тогаш. Ако и ти како мене имаш навика да ги чепкаш акните немој, повторувај си дека уште полошо си правиш или пробај да најдеш др занимавка.
     
    На Катерина М му/ѝ се допаѓа ова.