Ок во тој случај стопи 50 мл масло од кокос (не знам зошто сакаш од кокос кога ќе се стврдне пак, можеби подобро е јојоба да земеш) и стави од 5-6 капки етерично масло од чајно дрво. Поздрав.
@marama и ти имаш проблематична кожа, немаш проблеми со акни како мене, ама имаш комбинирана кожа (ова знам бидејки користиме иста пудра) и затоа не би ти препорачала кокосово масло. Убаво е за под очи, особено за темни подочњаци, ама за цело лице- никако. Јојоба масло ако купуваш, кажи ми и мене од каде, барав ама не најдов.
Девојки, пред 3 години од депилација на лицето ми се исфрли делот каде што се депилирав, ми беше препишано да користам Клиндацин кој ми помогна. Неделава приметувам по лицето како црвени точкички кои созреваат ми се распространети по цело лице, (најчесто ми се случува пред добивање, но сеа ги има многу). Да напоменам ниту ме чешаат, ниту болат. Дали може да ставам од истиот лосион за акни? Или кажете ми нешто што би можело да ми помогне.
Гледам дека го споменувате маслото од чајно дрво како доста ефикасно. Јас го имам ова на Sensilis. Дали има некој да потврди дека составот му е добар за користење на лице, малку ми е симптоматично бидејќи цената му е околу 100 ден.
Не пишува ништо подетално околу составот на ова масло. Секако не е чисто масло од чајно дрво, мислам дека е мешавина, а со какво масло и во кој сооднос кој ќе ни каже... Многу е без врска вака кога не наведуваат детали.
Ова второто го побарав на интернет излегува масло од кантарион...ама кој би знаел дали овие масла се чисти и затоа и не сакав да го ставам на лице
Не дека би можело да се случи нешто доколку е микс со навистина природно масло, но сепак мислам дека ова масло не може да биде толку ефикасно колку чистото. Ако е микс на чисто кантарионово и чисто масло од чајно дрво тогаш во ред, но ако „основата“ е парафинска тогаш џабе што и да има друго. На составот од путерите и лабелата за усни стои дека има paraffinum liquidum, petrolatum, cccos nucifera oil. Затоа е и 27 или 30 денари кутивче путер за усни. Навистина ми нема логика маслово да е чисто и баш 30мл да чинат 100 денари, а 15мл од ЕСИ да бидат дупло поскапи. Баш штета што не пишува ништо подетално. Барав и на сајтот, но не најдов никаква дополнителна информација. Како намерно да го избегнуваат прашањево.
@Rebecca_R го барав маслото од јојоба ама не успеав никаде да го најдам. Во Биокулт очекуваат да го добијат ама немаат точна информација кога. Во аптеки го нема. Навечер го мешам или со кокосово (мене не ми пречи) понекогаш и со она од дива роза на Алверде, а преку ден ставам капка во кремата за лице што ја користам. Забележав дека поткожните акни брзо излегуваат на површина ама малку болни се.
Feminki molam za sovet. Pod nosot imav herpes uste pred dva meseci. Otkako mi pomina heroesot mestoto mi ostana crveno. Se mackam so cinkova pasta i nisto. Nekoj sovet, preporaka?
И јас кога барав така ми кажаа. Маслото од дива роза за каква кожа е? Јас мака мачам со лицево, дехидрирано ми е, ама кога користам обична крема за хидратација, ми се прават многу акни и комедони. :/ Се мислам дали да ја земам себо контрол на Гамарде или да се вратам на оил контрол од Хаушка. @koritsaki си ја користела ли оваа на Гамарде? Хидратантна е?
Колку што гледам, составот му е маслиново и кантарионово масло. Не знам зошто воопшто го именувале масло од чајно дрво Земи го тоа на ESI, околу 200 денари е во Зегин.
Ја имам користено и тоа два пати. Да ти кажам мене не ми беше баш хидратантна , имаше моменти што осеќав на образите како затегање на кожата , поради тоа и ја сменив. Ако немаш многу мрсно лице и акни не ја земај Ако можеш пиши ми нешто повеќе во врска со маслото на Хаушка, јас ја користам кремата Мелиса и сум презадоволна (денес баш го порачав од една германска страна за органска козметика сетот за мрсно лице на Др.Хаушка да ги пробам и останатите работи) но ме интересира и твое мислење за маслото.
Јас потрошив две шишенца од маслото и можам да кажам дека е прекрасно. За цело лице доволни се 2-3 капки и едно шишенце ке ти трае најмалку 3-4 месеци. Нема некој посебен мирис, лицето ми е под контрола со маслото, задоволна сум. Сакав промена, ама најверојатно ке се вратам на ова масло. Лицето не ми е мрсно, преку зима дури и суво ми е, а во исто време имам проблем со акни, комедони, митисери, затоа и ми е тешко да си ја погодам кремата. При крај ми е кремата од fleurance - aloe vera, фина крема ама не е за мојот тип на кожа. Хидрира, од тој аспект е погодена, ама ми треба нешто против комедоните. Мелиса за каква кожа е? Хидрира? Овој сет интересно изгледа, ама повеќе како за тестирање на производите е. Има и од маслото и Мелиса кремата ја има. Си го пробала ли cleansing cream-от? Би го земала ако е добар, ама не ми се даваат пари за џабе, ако е пример како било кој друг пилинг. Го гледав и тонерот, ама сметам дека нема потреба.
Да прашам само како ги ставаше маслата? Едното па другото или правеше мешавина од двете? И колкупати на ден го правиш ова?
@Rebecca_R од дива роза е за сува кожа ама во мала количина не ми ја масти дополнително кожата. Плус многу свежо ми изгледа лицето со маслава ако редовно ги користам. Мене за акните спас ми беше само на Ла Рош гелот за миење на лице. Сега не ми е во многу лоша состојба, па користам еден гел од ДМ за миење лице исто со роза и ептен сум задоволна.