Зависи од типот на акните. Јас немам цистични акни или акни предизвикани од хормонален дизбаланс. Лицето ми е чисто, само знае да се нафрли малку околу циклусот со неколку бубулици, понекогаш некоја поткожна и отприлика таква ми е ситуацијата. Маслото ми делува веднаш - нанесувам само навечер пред спиење (директно на акната), па утрото отокот (доколку го имало) или црвенилото е намалено. Акната е подзасушена и побргу пробива белиот врв. Најмногу зависи од типот на акните, затоа што оние предизвикани од некој хормонален дизбаланс малку потешко се залекуваат. Не дека е невозможно, но прцесот е малку побавен.
Се препорачува ли да се стискаат? Имав бубулица пуна со гној но ја остаив така не ја стиснав гнојот го снема но остана отечена и по некое време еве пак ја имам истата со бело собрано со истата во втор пат се мачам ко чир ми е на лицево да ја стиснам ли?
Дерматолозите не препорачуваат да се стискаат бубулиците, но јас искрено не можам да ги гледам на себе оние кои имаат бел врв. Ги стискам внимателно да не ја повредам кожата, не сум имала проблеми досега со посериозни акни. За такви сепак не би се осмелила да чепкам.
Доколку си во можност посети дерматолог, да се открие причината зошто излегуваат. Редовни третмани на чистење на лицето помагаат да не се појавуваат болни акни кои настануваат како резултат на инфекција. И јас порано бев против секакво чепкање на лицето, меѓутоа сепак дерматологот е најбезбедно решение во случај кога домашните третмани не даваат резултат. Поздрав
@Mishela како се справуваш со флеки и лузни од акни? Мене секоја акна што ќе ми се појави и кога ке се намали ми остануваат како флекички и лузни
Немам флеки или лузни, не знам како да те советувам за жал. Пробај со рендан компир, знам дека сокот кој го испушта компирот се употребува за вакви проблеми со флеки, но немам пробано досега. А некое ефикасно средство навистина не знам.
јас го имам користено тој на докторс ја суши кожата но не е лош за разлика од Dove кој го земав последно и воопшто не ми помогна..
Планирам да ги земам таблетите себактазе па да ми препорачате и добар лосион за акни за лице и некоја крема за акни и флеки..Од кој сте најмногу задоволни..
Девојки ве молам ако некој има искуство со таблетиве да сподели И каде можат да се набават во Скопје?
Јас ги купив од Еурофарм, 940 или 960 ден. Таму ми кажаа дека за месец дена ќе имам големи подобрувања. Јас ги коростам недела дена, па рано е да кажам.
Немам уште подобрување бидејќи дум во ,,оние денови'', но кожата далеку помалце ми се мрси. Секое утро се будев како да сум се мачкала со масло, а сега е сосем нормално. Ќе пишам дополнително за некоја недела.
@Rebecca_R @Mishela извинете доцна што враќам, не знам за кој точно ме прашувате па ќе ги постирам двата гела. Овој е некаде околу 750-800 денари ама повеќе од половина година го користевме и јас и сестра ми. Само тој ме спаси од лице цело со акни. Овој е некаде околу 200 денари, го купувам од ДМ, не знам дали го има на друго место. Јас сум ептен задоволна и ми го држи лицето под контрола освен во оние денови ама па тоа е нормално. Двата гела ги користам со четка за миење лице, без неа не поминува ниту една вечер бидејќи користам голема количина на шминка.
За каква кожа е вториов од билка? Дали ја затега кожата? Мене лично овој од ла роше многу ми ја сушеше кожата.
Дали ја имате пробано кремата на биодерма Cicabio ? За иритирана, оштетена кожа е. Дерматолог ми ја препиша па сакав да прашам искуство некој дали има