@sofija014 ова е најнежниот гел што сум го користела. Нема непријатно затегање, нема мирис, прави дискретна пена и во комбинација со четчето од Ебелин ми се фаворити за нега на кожа. Јас имам мрсна кожа и што не сум пробала од чистачи за лице, но презадоволна сум од гелов и ќе го купувам постојано. Можеш да го најдеш во ДМ, цената му е 159 денари.
Само др. Самоникова. не е козметичар дерматолог е . ПРво ти прави целосна анализа на лицето и има и козметичарки обучени што работат на лице. Мене ме среди искрено имав малце од време на време акни. Сеа ниту една пу пу
Фала за препораката. Цените како се движат дали знаеш? Сигурно си била повеќе пати, јас еднаш до два пати макс можам да појдам...
И јас ја имав земено прво таа сината што претпоставувам е за нормална кожа, и ептен ми ја сушеше и затегнуваше кожата. Потоа ја земав таа розевата пена, која што е наменета за сува и осетлива кожа, и еве сеуште ја користам, и пак ќе ја купам кога ќе ја дотрошам. Исто така мислам дека и по состав е фина. Ти ја препорачувам
Здраво девојки. Да прашам дали некаде низ Скопје се наоѓа Dermaroller? Тоа е еден вид на ролер, на чиј крај има голем број на ситни иглички и се користи за задавање на мини ранички на кожата на лицето, со цел регенерирање и подмладување. Вака изгледа:
Има една страница на Facebook, се вика Glavzdrav Macedonia и нон стоп ми излегуваат објави од истата, и сега баш ја отворив гледам дека имаат и веб сајт www.glavzdrav.mk . Видов само дека продаваат дермаролери и серуми и се наоѓаат во Скопје, а сигурно имаат повеќе информации на сајтот.
Да, но само што стигнав до пола. Не ми е исчистено, но помалку ми е мрсно и само две нови ми се појавија откако ги користам, што за мене е успех. Сепак не очекувам некакви уау резултати за помалку од месец дена.
Здраво.. како што кажав претходно мојата кожата е проблематична т.е мрсна... значи користам лосиони, тоник антибиотици што веќе не сум пробала но нема спас и ми се појаву аат се повеќе и повеќе акни, некои се мн болни на допир. Дали има некој ваков сличен проблем.. и што користитее??
Јас долго време го имав овој проблем со поткожни акни , ќе поминеше една ќе се појавеше друга , бев на лекар од таму ме пратија на ендокринолог да направам др испитувања и увидов дека имам хормонален проблем.. од тогаш една година пиев соодветна терапија и се се среди, затоа те советувам да одиш да провериш, вака џабе е што и да ставаш ако проблемот е од внатре
Јас како голем паталец, ќе ти предложам нешто.Ако можиш да си набавиш од Бугарија, маст Имекс, околу 180 ден.е. Мене за акните, најмногу од се' ми помогна ова. И, ако не ти е хормонален/гинеколошки проблемот, внимавај на храна, козметика, редуцирај стрес, пиј многу вода( со цеден лимон), сигурно ќе имаш видливи резултати.
Јас кога и да имам проб. со акни го чистам лицето со лимон и утредента немам ништо, ама многу пече, сепак кој може да издржи, вреди
Кожаата на некои делови ми стана сува а лицето ми стана лом..Не го препознавам..Имав по некоја акна но ништо страшно сега овааа како да влегувам во пубертет..Акни внатрешни болни на допир мали ама разни секакви флеки ми остануваат на некои места немам акни туку само како црвен круг..Незнам што ми се случува..Совет некој..?
Прв пат се занимавам со ваква тема Тоа што било недостаток сум го покривала со пудра и толку не сум користела кремови маски.......Ама нешто ми се наврти у главата дека сакам кристално чиста кожа.Не сум упатена воопшто па затоа барам совет. Ми излегуваат понекогаш ситни мозолчиња и имам многу белеци на кожата од нив....незнам како да ги тргнам...Постои ли решение за нив? А и имам пегички што ме нервираат едноставно сакам изедначен тен.Хелп?
И јас немав некои резултати по само неколку дена откако почнав да ги пијам таблетите себактазе, но сепак продолжив и бев упорна за да го постигнам крајниот резултат и сега да си имам чисто лице. И не само тоа, туку имам и помалку црнки.што значи логички ако размислам, со намалувањето на маснотијата на кожата ми се намалија и црнките.значи природен е препаратот и има ефект. Сега дури и косата ми е помалку мрсна што значи дека и кожата на главата помалку лачи маснотија. Се што е потребно е да бидеш поупорна и ќе има резултат. Јас лично сум презадоволна од себактазе и сеуште си ги земам