А која крема е со овој состав? Јас користам само клиндамицин и имам позитовно искуство. За овој микс не знам
Ми го дадоа кога бев на дерматолог,нема име пишува само Clindamycin Phosphate and Tretinoin gel 1.2%/0.025%,амбалажата е бело со портокалово
Сум била кај повеќе дерматолози,но најзадоволна сум од Хаџи Николов Борис.Тој ми го даде тој гел и мислам дека има резултати иако го суши лицето,но сепак рано е да се каже.Ќе пишам за неколку недели дали има поголемо подобрување
@Biodevojka дали има некое масло што помага околу флеките од акни/сипаници? Како да се нанесува, колку често?
Здраво драга за сипаниците не би знаела да ти кажам. За флеки од акни пробај јојоба или масло од шипка. Ова второво би требало да биде доста делотворно со оглед на тоа што има и благо избелувачко дејство врз кожата. Поздрав.
Масло од јојоба најевтино има во биокосмос околу 315 мкд, 50 мл. а има и едно во ДМ околу 800 мкд на Институт Органика исто 50 мл. Масло од шипка има во Јавна Соба цената е 900 мкд за 30 мл. Поздрав.
А дали би одговарало маслото од јојоба за сува кожа? И дали може да го нанесувам секој ден на цело лице наместо крема?
Би сакала да ве прашам за добар гел за миење на лице. Го користев на garnier pure active но не сум баш задоволна.Користам eucerin крема за масна кожа но искуство за неа рано е да кажам. Ако има некој да сподели искуства и за garnier micellar water
Јас би ти препорачала нешто природно - паста за чистење лице на Др.Хаушка со бадеми , многу е добра , не ја пресушува кожата , не ја ни масти. Др опција на Балеа пената или гелот за миење лице од лотус. јас имам мрсна кожа и стандард ги користам овие производи и сум мн задоволна. Едит- на Гарниер двофазниот отстранувач на шминка и м.вода ми направија иритации (црвенило со печење) на лицето. Ако сакаш м.вода земи ја оваа на Оливал, природна е , ја има во ДМ
Во Зегин и Еурофарм - пастата од бадеми е околу 600 ден. Др.Хаушка често ставаат 20% попуст на сите производи. На Балеа гелот и пената се околу 150 ден , а м.вода на Оливал 500мл е околу 370ден. Оливал има и во Зегин и тие често имаат попусти.
@ceca-1 @Derby и јас ке потврдам за докторов..Кај ли не го носевме син ми за дерматитот на крај човекот само ни помогна..Деновиве и јас сум во план да одам за лицево..Покатастрофа лице не сум имала досега