@Hellobeautiful И двете ги има во Зегин. Fleurance nature +/- 350 ден ја земав ( мислам дека попуст имаше), а другата на Corine de Farme чини 270 ден.
Здраво девојки, би сакала да дознаам дали некоја ги има забележано производите за лице од Clean&Clear некаде низ Скопјево? Пример како на сликава:
А Каква кожа имаш? Јас долго време го користев - го имав пакувањето од пола литро , имам масно лице и на моменти осеќав како ми го затегнува лицето.. немам проблематично лице инаку. Сега веќе пола година користам за нега на кожата природни производи и лицето ми е супер. Сега ја користам пастата на Др.Хаушка од бадеми , и супер ми е , исто и на Алверде пената од лимета и зелена јаболка е супер
И јас имам масно лице и по препорака на дерматолог го купив тој гел. Но бидејќи ми ја суши кожата секогаш после миење ставам нивеа..сега го порачав маслото од чајно дрво од фармаси бидејќи јас имам акни и после миење со гелот ќе пробам да ставам од маслото па ќе видам каков ефект ќе има. Ако подолго време нема резултати може да ги пробам и тие производи што ги пиша ти погоре.
Хмм си можела да го земеш маслото од ч.дрво на Еси барем тоа знам дека е чисто масло. Баш ако сакаш стави го составот во темата за декларации кога ќе ти стигне маслото @Biodevojka нека го ѕирне
Да те прашам која е конкретно намената на пастата на хаушка? За отстранување на шминка или како средство за миење на лицето ?
Пастата на Др.Хаушка е наменета за миење на лицето , наместо пена и гел Има и средство за вадење на шминка , во вид на лосион е ама го немам пробано
Дали некој ги користел геловите алое вера на ESI и дали помагаат? Јас го земав овој вториот со чајно дрво и витамин Е, прв пат го пробав денес некако ја суши кожата многу
Здраво на сите , дали некој од овде имал периорален дерматит ? И ако да што му помогнало за излекување , благодарам однапред
Јас го имам тој од чајно дрво. Не е доволно хидрантен, па затоа ставај го директно само на акните. Јас го користам во комбинација со маслото од роза на Алверде, но да напоменам дека немам проблематична кожа, ниту акни. Не го користам секојдневно, ама забележувам дека откако ќе го нанесам навечер, другиот ден имам по неколку ситни бели бубуљички, што значи дека ги “влече надвор” запушените пори.
Јас земав од чајно дрво од еси и го 2 пати до сега нанесував. Имам бубулички во циклус и пред а во последно време почнаа и ко поткожни да ми искачаат. Ставив првиот ден навечер на доста воспалени бубулици и другиот ден немав никаква разлика. Ставив и следната вечер и приметувам дека ми е суво околу црврнилото а црвенилото не е тргнато, дури некако и ко помодрено ми изгледа. Како флека останата од стискање....не знам дали да продолжам да го користам
Ако ставиш голема количина од маслото буквално ќе ти ја изгори кожата. Многу пати така се имам зезнато, после ми требале неколку дена да се смири црвенилото и да се излупи местото. Доколку ти е многу јако пробај разреди го со некое друго базно масло и ставај дирекно на акната.
Ставам по една капка на прст и нанесувам директно на местото ама има приметено дека одма впива и осеќам на почетокот печење. Нема да ставам деновиве и се надевам ќе ми се тргне и црвенилото
Која е уствари разликата кај лосиониве? Јас лично го користам клиндацин лосионот, помага околу акните навистина, но ужасно ја суши кожата (содржи доста алкохол). Има ли некоја искуство со дермогал (било да е млекото или лосинот)?
Избегнувај да користиш лосиони, тоници кои се на база на алкохол. Дополнително ја исушуваат кожата,моментално, а потоа кожата за да ја врати природната состојба ( “масленост“ ) излачува маснотии повеќе од вообичаено и кожата уште повеќе се мрси со што станува повторно склона кон акни
Доктор мене ми го даде клиндацинот бидејќи од депилација дел од лицето ми се исфрли ужасно. Тоа ми помогна многу, но негова препорака ми беше да го користам само тогаш. Искрено го користам уште кога некои акни ме нервираат подолго време, но доста ми ја суши и мене кожата иако помага. Друго некое да препорачате за акни пред добивање лицето и вратот ми се ужас.