и мене кога користам ленти за депилација на лице многу ни се нафрла. Тогаш буквално никакво средство за чистење не користам но според твоето искуство и јас би го зела за таа намена. Инаку сите лосиони сушат затоа после чистење нанесувајте крем за лице
Дали некој го користи витамин ц серумот од др витон,дали стварно за 30 дена ги измазнува брчките и делува на пеги и флеки?
За чисто лице најважна е исхраната и да се исчистат токсините од организмот. Пробајте еден месец без млеко и млечни производи, благи работи и пијте повеќе свеж цеден сок од лимон и земајте витамин Ц, Цинк и А+Д3 Јас моментално се мијам лице со гел од невен и го нарачав од овие Фармаси, прво беше со Нивеа, па со еден од Алверде и после тоа го бришам во влажна крпа. Некогаш и само со вода.
Јас лицето го чистам со овој гел за миење лице веќе 1 и пол година и многу сум задоволна . Акните се поретки но сепак има по некоја..
Имам некои ситни внатрешни црвени точки и плус флеки, како последица од стискање црнки и бубулици. Како да ми поминат, да ми се исчисти лицето? Ќе ја означам и @Biodevojka ако има некоја идеја како да помогне.
Девојки ја има ли користено некој оваа крема против пеѓи anti-pegi.. има ли ефелт и да не знаете колку пари е?
Конечно после долго време ми се исчисти лицето од акни, ретко ми излагаат сега една-две за време на пмс. Меѓутоа на образите имам црвени флеки кои не знам како да ги исчистам и долго време стојат. Некој што има искуство околу ова да ми препорача гел, крема?
Драга не би ти ја препорачала само поради конзервансот 2 бромо 2..итн. кој е потенцјален испуштач на формалдехид. Штета, значи стварно штета...
Нешто ефикасно против флеки од акни да ми препорача некој? Може и нешто некоја домашна маска да направам сеедно само да има ефект.
Јас најдобар резултат имам од дермаролерот. Го користам два пати неделно и потоа нанесувам хидратантна крема аква од алверде.
Прво да се поправам, било мезоролер (не ја знам разликата) Мојот е од Тианде и е 3150ден., 0.5мм, но сигурно има и поевтини. Во Авон мислам гледав еден околу 500 ден. Можеби неговите иглички се помали, не знам.
Јас го котистев и ништо посебно. Не видов некој посебен ефект. Веројатно е до кожата, индивидуално Многу е важно пред депилација кожата да е добро исчистена. И јас се исфрлам со ситни црвени бубулички по депилација со ленти. Откако почнав да ставам талк веднаш по депилација, не ми се појавуваат веќе.
Маслото добро ги отстранува остатоците од восокот од депилацијата, а талкот има својство да ја абсорбира евентуално насобраниот себум од фоликулата на влакното Пробај нема да згрешиш. Се надевам ќе ти помогне. Пиши за резултати