Неодамна ја открив Taiva козметиката и топло ја препорачувам. Јас користам крем за околу очи за подочноци и темни кругови и анти-аге, серумот дневната и ноќната крема. Незнам кои производи се за комбинирана кожа, може да провериш
Да @marchi-cool, скапа е, но вреди за квалитетот и ефектите. Кремот за лице го купив околу 900 ден, а за околу очи е 720 ден
Ги земав и јас Себактасе што ги фалите, речиси ги допив останаа уште 4-5 пилули но немам никаква разлика во кожата ниту кај мастањето ниту со мозолчињата.. Дали да одам на втора доза? Само од една да не нема резултати?
Јас лично, а и други што ги пиеле Sebactase, досега, сме имале позитивно искуство и подобрување на кожата на лицето. Ама ги пијам подолго време. Штета што не си направив селфи пред да почнам да ги пијам таблетите Sebactase, и да се види ефектот пред и после. Муабетот ми е да се биде упорен, а само со едно паковање прерано е да се каже. Природни се таблетите, без несакани ефекти.
Јас не познавам никој кој имал позитивни ефекти од Себактазе. И пред да бидам нападната, зашто гледам дека веднаш активираш одбранбен механизам ако некој напише нешто негативно за таблетиве, ќе ти кажам дека не станува збор за некој кој испил една доза и прекинал, туку биле дадени мал милион шанси со х испиени дози, а за возврат никаков ефект и многу повеќе потрошено време со оваа глупост наместо да се побара и најде решение со помош на стручњак. Сакав да ги пробам и јас, но откако го разгледав составот, сфатив дека подобро би било да си купувам Б-комплекс и да си ги пијам нив наместо ова. Ако се на природна база, не ти ни требаат, зошто да внесуваш таблети кога можеш витамините и минералите да ги земаш преку храна и пијалоци?!
Потполно се согласувам, малку бев скептична додека ги купував инаку цената им е 900 денари, да не е малце претерано како за тој состав, Б комплекс се третина од таа цена
Ова ми изгледа како антиреклама односно оркестриран напад на производот од страна на т.н. Стручњаци (приучени козметичари) на кои што им е намален обемот на работа со сите што го користат и имале ефект од овој производ. Јас имав убаво искуство со себактазе. Производот е екстра и нема само витамини туку има и билки (за оние што треба да прочитаат пошто убаво пишува што содржи). А што се однесува до цената одете кај тие “стручни лица” од приучени козметичари кои за еден третман земаат минимум по 1200 денари и ве шљакаат со разно разни креми. А девојчево што си пишало за своето искуство и никого не нападна никого и не гледам причина зошто некој пишува реклами-нереклами.
Имаат Б-витамини, имат цинк, имаат витамин А и не се сеќвам уште што друго. Го имав проучувано составот и дојдовме до заклучок дека ова се може и со редица витамини и масла. Значи ништо толку спектакуларно, може секоја од нас сама да си направи свој микс кој ќе си го зема како дневна доза витамини. За регулирање на себумот прекрасно е маслото од јојоба, мене тоа ми е врв за во потоплите периоди од годината и го користам дури и под шминка понекогаш. Кога нешто е добро, добро е. Нема потреба од такво напразно форсирање продукти кои гледаме дека ништо не прават околу квалитетот на кожата. И ова не се однесува на фамозниве таблети, туку зборувам општо за сите козметички производи, терапии и сл. Не треба многу за да се види дали нештото кое го применуваме ни прија или не. Разбирам да се испијат 2, па ајде нека се и 3 дози (иако според мене и тоа е веќе премногу), ама да се тврди дека мора долг период да се пијат за да се навикне организмот (или било каков друг булшит), нема потреба. Ниту сум приучен козметичар, ниту пак имам намера да држам лекции, но доволно се разбирам за да го протоклувам составот барем. На крајот од денот, секоја сама ќе си пронајде што најмногу и одговара, ама вакви небулози дека некој не бил доволно упорен ми се смешни. Пред извесно време @Elence93 рече дека нема речиси никаква промена со лицето и дека е скептична за уште една доза. На ова, истата таа членка која наголемо ги фали таблетите, почна да држи лекции како никој не бил упорен и некои други блесави муабети. Јас мислам дека таквиот однос не е во ред, зашто секоја си го познава типот на лице и знае што и годи а што не. И „стручњак“ не е приучен козметичар, јас не верувам во стручноста на козметичарите. Се знае каде се оди за кожни проблеми, а тоа секако не е некаков козметички салон. Муабетов ама ич не ти е на место тебе. Таблетите ако на некоја и се ок нека ги користи, никој нема ништо против туку иритира ставот кој веќе го спомнав претходно.
Нема смисла да се препукуваме на форумов. Јас имам доста проучувано материјали на оваа тема. Би сакала да кажам уште нешто. Многу читам на овие теми и современата медицина и козметологија сите препарати настојува да ги формулира во комбинација на орална терапија и третмани со креми. Не може едното без другото. Мора организмот па и лицето да се чисти и од внатре преку таблети кои ги регулираат лачењата и преку надворешен третман. Е сега, лесно е за витамини ама има таму и масло од лаванда во составот на таблетите, некоја билка ползечка ивица и други. Како тие ќе ги внесеш во организмот за да дејствуваат од внатре? Да, може да се мачкаш ама треба и одвнатре да си го прочистуваш организмот. Башка кај секого е индивидуална реакцијата и мислам дека комбинацијата од повеќе препарати најчесто дава ефект.
Какви ефекти очекувате од коктел на витамини и разно- разни треви? Магија сигурно нема да се случи. Со правилна нега на лице, кое вклучува користење креми соодветни на типот на кожа, редовно миење (пред спиење, вадење шминка итн.), користење на органска козметика (или козметика со избалансиран состав), пилинзи, маски и ред други ритуали, состобата на кожата ке се подобри. На сето ова, здрава и добро избалансирана исхрана е клучна, како и редовен и здрав сон. Доколку има некој друг внатрешен проблем т.е. дизбаланс на хормони, прекумерна тежина, итн, потребна е соодветна терапија за истите. Јас како паталец можам да го потврдам ова. Значи не зборам од памет, зборам од лично искуство и разговор со дерматолози (конкретно јас сум била кај 4 доктори).
Чај девојче, сите тие билки ги има и сушени од кои можеш да си приготвуваш чај. Во Билна аптека нема нешто што не може да се најде. Пре би пиела чај отколку да внесувам капсули со екстракти од истите билки. Но пак ќе кажам, тоа сум јас, која сака нека ги користи таблетите. Моето мислење во консултација со некој кој професионално се занимава со фармацијата е тоа. Ниту имам намера да пропагирам против некого или нешто, туку само многу ме иритира тоа акцентирање дека мора да се биде упорен со не знам колку дози. Треба да се сфати еднаш засекогаш дека не секогаш е до упорноста, туку до тоа кој колку си ја познава сопствената кожа. Во тој случај, една доза е сосема доволна за да се види дали производот е ок или не. И не, далеку е ова од препукување, убаво е да се слушнат некогаш и двете страни, па тој што има проблем нека си одлучи што ќе превземе за негата на своето лице. Ама да се спинува секоја информација како хајка против некаков си препарат, кој патем дискутабилно е кај кој би имал влијание а кај кој не, е тоа не е во ред.
Која како сака, така нека си прави. Јас си го пишав моето искуство, видов ефект од таблетите за кои случајно дознав и го споделив со другите. Кој си имал мака како мојата, знае како е. Никого не нападнав и не навредив. Никому ништо не наметнав како да постапува во врска со своето лице. А, кој е засегнат... Пишува реферати!!!Ако е засегнат со рекламчиња и незнам какви глупости, верувам уште подолг реферат ќе напише.
Пред 100 и нешто години Баер фарма од Минхен произведе таблета АСПИРИН која се прави од жална врба, затоа што истата содржи ацетисална киселина која ја има во жалната врба. Е сега зошто постои таблета, за да ја има во поголема концентрирана форма на ацетисална киселина од еден чај од жална врба. Треба да испиеш 100 литри чај за да престане да те боли глава. Затоа се создала фармацијата, затоа се создале екстракти, тинктури и концентрати. Затоа денес имаме фармацевти, а не врачари и приучени козметичари, баш за тоа и ти зборувам девојче.