Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. Sonja4janevska

    Sonja4janevska Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2018
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Еве едно искуство на темата со мојот син, кој е адолесцент. Од идеално чисто и млечно бело бебешко лиценце, пред 8 месеци целото лице му се исфрли со акни, црнки и по некој комедон. Иако сум фармацевт со долгогодишно искуство во индустријата, не се осудив на своја рака да го лекувам и нормално како секоја мајка тргнав да барам стручна помош.

    Откако го „собрав„ целото „стручно искуство„ применето на кожата на син ми, и откако согледав дека нема подобрување, одлучив дека е време да ги си ја земам работата во свои раце и сама да ја научам лекцијата.
    Се одлучив да го споделам моето искуство, во надеж дека па макар и на најмал можен начин ќе помогне за подобрување на состојбата кај некои членки, кои видно имаат мака.

    Акнетичната состојба кај син ми не е најтешкиот стадиум, но не е ниту блага форма каде само локално нанесен клиндамицин ќе заврши работа. Ајде да почнам од почеток како ја „стокмив„ терапијата која даде ефект:
    Наутро:
    - миење на лицето со бензоил пероксид - 1 дневно (наутро). Со бензоил пероксидот мора многу да се внимава бидејќи е познат алерген и ја пресушува кожата. Од таа причина препорачувам еднаш дневно употреба, по можност да се измиваат деловите од лицето кои се исфрлани со акни (ако е целото лице исфрлано, тогаш измивање на целото лице).
    - лосион клиндамицин - премачкување само на деловите на лицето каде има акни. Лосионот е на база на алкохол што не ми се допаѓа, затоа што дополнително ја суши кожата
    - хидратантен крем - ова е најважниот чекор во терапијата на акнетична кожа. И ова е алката која недостасува кај секоја анти-акне терапија. Сите топикално нанесени анти-акне производи, па дури и пероралните анти-акне производи имаат својство да ја пресушуваат кожата, а кога кожата е пресушена, таа дополнително се иритира, зацрвенува, поттикната е да лачи уште повеќе себум и поради тоа имаме чувство дека и покрај тоа што правиме се како што треба, сепак нема подобрување на состојбата, туку напротив се влошува. Не е секој хидратантен крем соодветен за употреба кај акнетичната кожа. На пазарот постојат хидратантни креми кои се формулирани така да прават оклузија (надворешен филм на кожата) и на тој начин прават задршка на присутната вода во кожата и придонесуваат во хидратација. Таквите типови на креми не се погодни кај акнетичната кожа и треба да се избегнуваат. Барајте хидратантни креми кои внатрешно во кожата стимулираат создавање на уреа.

    Попладне (или по враќање од училиште):
    - миење на лицето само со вода
    - лосион клиндамицин - само на деловите со акни
    - крем со ретинол

    Навечер пред легнување:
    - миење на лицето со вода
    - крем со ретинол

    Е сега друга работа е што треба три пати дневно да го мислиш и потсетуваш дали измил лице, дали се намачкал, па мора да стојам до него и да контролирам во кој дел од денот што става и сл. Но, откако му стана навика и се стави под режим, за 1 месец состојбата драстично му се подобри. Значи вкупно два месеци сме под овој режим (првиот месец не се придржуваше редовно до терапијата, додека вториот месец веќе фати ритам и редовност). По два месеци нема воспалени акни и комедони, има по некоја црнка, има лузнички и флекички.

    Продолжуваме и понатаму со истиот режим, затоа што ова даде резултат. Следна задача ми е да најдам начин како да ги истретираме лузничките. За флеките не се грижам многу, секако на природен начин ќе избледат за 2-3 месеци.

    Кај сите оние што ги читам по форумот со потешки состојби на акни, го препорачувам истиот режим на терапија и дополнително, перорален антибиотик (доксициклин капсули или еритромицин таблети).

    Ако за 1-2 месеци не забележите подобрување, почнете со изотретиноин таблети (знам дека имаат многу несакани дејства), но е крајна опција за лекување на цистичните акни.
    И во никој случај не ја заборавајте хидратацијата на кожата. Ако почувствувате или забележите и најмал знак за исушување на кожата знајте дека не е добро и се враќате чекор назад во лекувањето (наместо да напредувате). Веднаш употребете хидратантен крем. Хидратацијата е клучна во терапијата на акни.
    Без хидратација ниту еден третман нема да даде видлив ефект.
     
    На kozuf, Jery, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  2. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    2.090
    За ова не се согласувам, мака мачам со акни скоро 9 години а во тој период поминав сито и решето.. Од најскапи медицински козметики, до редовни третмани кај дерматолози, испитував хормони и јајници милион пати, пиев и хормонски апчиња, се хранам исклучително здраво, веган сум, вежбам и пак имам акни.
    Инаку Себактасе ги земав од љубопитност, зошто да не кога веќе сум пробала се и сешто, претходно сама си имав направено коктел од витамини (Б комплекс, А+Д3, витамин Ц, Цинк и Магнезиум) па помислив кога сите овие витамини ги има во овие пилули да ги пробам и нив ама ете не направија никаква промена кај мене. Ама вакви муабети како "миј се лице и пиј вода" се смешни и очигледно произлезени од некој што добива по две три мозолчиња пред циклус.. Ако беше тоа така едноставно немаше темава да има 300 страни, сите ќе се миеа лице и ќе имаа совршена кожа. ;)
     
    На Zivyle и sorbet им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.142
    Допаѓања:
    81.646
    Пол:
    Женски
    Ако ти проаѓа главоболка од таблета Аспирин, ти си тогаш среќница.
    Еве кај мене нема влијание при главоболки, или не сум била доволно упорна, требало да ослепам од болка можеби според вашиве искази.

    Нигде не ти спомнав врачари и тревари јас патем, ти упорно продолжуваш да ги внесуваш во муабетов.
    Козметичар не е стручњакот кој ќе ти го реши проблемот со акните, тоа секому треба да му биде јасно.

    За мене не се ниту нешто ново и невидено таблетиве, не планирам да се објаснувам пак. Нивната ефикасност е дискутабилна, јас само споделив дека немаа ефект кај моја познаничка, а и тука ретко која се пофали од нив.
    Нема поента да ме цитираш повеќе затоа што моето мислење беше многу јасно и едно три пати посочив на што алудирам.
    Продолжете да си ги користите таблетите, но не му упатувајте некому "не си бил упорен" фрази на тој што сфатил дека не му одговарале на било каков начин, ниту пак е потребно да се декларираат како "антиреклами" мислењата на тие кои не се сложија со вас две.

    Доволно беше, да оставиме простор да праша нешто некој кој можеби навистина има проблем.
     
    На joy1 и MayDiamonds им се допаѓа ова.
  4. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Штом сум посетила 4 дерматолози, веројатно имам проблем кој не е баш така наивен.

    Инаку не сите дерматолози знаат што прават, ова го кажувам од неубави искуства.

    Велиш си пиела хормонски апчиња, па прашањето ми е зошто? Проблем со хормони? Цисти на јајниците?

    Кај кои доктори си била, секако ако не е тајна?
     
  5. Vegegirl

    Vegegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Некој да има користено ефеклар дуо?
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.142
    Допаѓања:
    81.646
    Пол:
    Женски
    Мислам дека @koritsaki ја користеше, се извинувам ако грешам. :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.886
    Допаѓања:
    107.963
    Пол:
    Женски

    Да , јас ја имам користено :)што поточно те интересира,? Ако бараш крема што би ти помогнала во врска со акните би ти препорачала нешто друго поприродно :)
     
  8. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    2.090
    Нема да именувам по форуми бидејќи можеби на некој друг ќе можат да им помогнат, не би било во ред тоа да го направам но сум била кај едни од по прочуените..

    Немам хормонски проблеми, јајниците ми се во ред но еден дерматолог ме убедуваше дека проблемот ми е хормонски бидејќи моите акни изгледаа како такви, според тоа гинекологот ми препиша Диане 35 само заради акните, ги пиев неколку месеци па потоа ми ги смени на Јасмин..

    Па не верувам дека некој друг овде толку долго се мачи со акни, затоа спрема тоа сум и повеќе од компетентна да кажувам за овој проблем дека не е така едноставно како што мислат сите.
     
  9. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.061
    Пол:
    Женски
    Мене ми помогнаа многу Диане-35
    Јас имам полицистични јајници и терапијата ми ја препиша гинеколог..Кога ги почнав првиот месец лицето ми беше како никогаш до сега акни акни болни..И второто паовање го почнав исто веке при крајот на второто паковање акните почнаа да се сушат и да ги нема..Сега го пијам третото па треба контрола и пауза..Се надевам нема да се вратат акните за време на паузата..Го корисрам и сапунот асодерм мислам дека и тој многу ми помага..Ми ја суши кожата но со маслото од алведре се средува
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Во ред, не е ни битно тоа. Кај Николина си била? Јас топло ти ја препорачувам. Имаат и други членки пишувано за неа, а и јас лично сум презадоволна од неа. Можам слободно да кажам дека таа е најкомпетентниот дерматолог кој се занимавал со моето лице.

    Тогаш за џабе си пиела хормонска терапија, ако немаш цисти или хормонален дизбаланс. Проблемот кај тебе е од сосема трета причина.

    И јас велам дека не е едноставен проблем, и јас лично имам проблеми. Т.е. имав, сега лицето ми е под контрола колку-толку.
     
  11. EMMA EMILY

    EMMA EMILY Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    233
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Здраво
    Таблетите Sebactase ги купував во еурофарм, а последниот пат ги имаше и во алпифарм.
    Паковањето е зелено/бела кутија, а составот е следен
    Екстракт од чичак 210мг
    Куркумин 5омг
    Екстракт од коприва 50мг
    Жалфија 50мг
    Ексртакт од или ден и ноќ билка 25мг
    Екстракт од ползечка ивица 20мг
    Екстракт од мајчина душица 12,50мг
    Цинк 10мг
    Есенцијално масло од лаванда 5мг
    Пиперин 5мг
    Витамин Б3 2,4мг
    Витамин Б5 0,9мг
    Витамин А 400мг
    Витамин Б2 0,21мг
    Витамин Б8 7,50мх
     
    На Хана-банана му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Turna

    Turna Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2018
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Nekakva krema da mi preporacate za kombinirana do mrsna koza so akni?
     
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.886
    Допаѓања:
    107.963
    Пол:
    Женски

    Гамарде себо контрол
     
    На M.laDy и Turna им се допаѓа ова.
  14. beautys20

    beautys20 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    6.120
    Пол:
    Женски
    Јас бев на дерматолог и ми препорача Акнефуг и Сона крема , ја земав и acne attack кремата со овошни киселини.
    Од акнефугот и сона кремата ( ги користев 1 месец ) лицето минимално ми се исчисти но тоооолку многу ми се исуши кожата имав како лушпи .
    Што се однесува на кремот acne attack е ужасен ! Толку ми се нафрла од него лицето , ниту го намалува црвенилото буквално никаков ефект кај мене само контраефект !
    Сега користам глина маска еднач неделно и себамед пена , исто и hipp wash gel со пумпица толку е нежен бебешки дури многу повеќе ми се исчисти од него отколку од дерматолози и секакви скапи производи !!!!
     
    На sorbet му/ѝ се допаѓа ова.
  15. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Мене кога ми дадоа Сона ми дадоа и Bioderma Cicabio за да не ми се суши кожата.
     
    На Zivyle и beautys20 им се допаѓа ова.
  16. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.769
    Допаѓања:
    14.569
    Пол:
    Женски
    Креми со овошни киселини се користат исклучиво доцна есен и зима. Кожата третирана со овошна киселина може да е преосетлива на сонце. Исто не се препорачува ако лицето е премногу изиритирани и со рани. Не ја користи кремата сега кога има сонце.
     
    На beautys20, Rebecca_R и sorbet им се допаѓа ова.
  17. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.223
    Допаѓања:
    50.812
    Пол:
    Женски
    Што помага за отстранување на флеки од акни? Ама нешто што навистина помага да не лупам пари за џабе.
    И каде можам да најдам такво нешто. Само не во дм бидејќи нема дм во мојот град.
     
  18. Zivyle

    Zivyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    Ти помогна соната? И од биодерма денски ја клаваше? Помага за флеки биодермата?
     
  19. Minci13

    Minci13 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    2.324
    Пол:
    Женски
    Limonce :) upornost samo flekite inace isceznuvaat so tek na vreme a ova ke ti pomogne se nadevam :)
     
    На Tince2018 и shz им се допаѓа ова.
  20. Vegegirl

    Vegegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Пробај со витамин ц серум на др витон само со упорност и редовност
     
    На shz му/ѝ се допаѓа ова.