Здраво јас барам нешто да чистење на флеки нешто како пеги оти имам светол тен ептен темно се и грдо ми е на лицето.Ми се појавија овој месец и ни пудра ги покрава. Некаде прочитав некоја девојка со витамин С го исчистила лицето купив витамин С во прав и сеа не можам да најдам како го употребувала. Доколку некоја знае домашна маска, чај, масло слободно нека пише. Само по природно да е
Бидејќи имам многу пофалби за изгледот на кожата од кога ги користам производиве сакам да ви ги пофалам и на вас. Ги користам околу две недели ама почнаа да даваат резултати уште вториот ден. Бев скептична за брендов и никогаш немав ништо купено од нив, се додека еден ден во ГТЦ не влегов во нивната продавница. Девојката што работеше таму ме сослуша што ми треба, па ми ги предложи кремата и мицеларната вода/тоник, а јас сама го земав гелот, затоа што не го чувствувам лицето доволно чисто ако не го измијам со гел. Мојата кожа дефинитивно не сака производи за масна кожа, туку за нормална. На лицето имам многу флеки од акни и некои многу потемни флеки/белези кои не знам точно од што се ама со кремата избледија, не целосно ама за две недели не се случуваат чуда. Лицето ми е свежо, хидрирано и здраво. Потрошив околу 600 денари, имаа некој попуст. Од кога ги купив престанав да користам се друго што имам.
@marama гелот за миење го имам и јас. Мислам дека го купив од Космо, а потоа ми текна на дуќанот во ГТЦ, може таму поевтини се и почесто имаат попусти. Препорака за гелот и од мене, составот е супер - проверено. Убаво ми одржува баланс во Т-зоната, немам некои страшни акни во периодот околу циклус, една-две ако се појават. Ама немам ниту некое проблематично лице, па не сум некој репер за тоа. Сепак задоволна сум од него. Кога времето е потопло ми одговара, ќе го користам цело лето. Не ми ја суши кожата, убаво ја чисти и ја затега ама убаво, не до граница на нелагодност. Во периодот есен-зима тешко дека би ми одговарал, тогаш пената од Балеа ќе заврши работа веројатно.
Ако не ти е тешко, може ли да споделиш за што поточно е кремата, помага ли за хиперпигментација, хидрира или е помрсна ? Како е со цена ? ти благодарам однапред
а дали е океј тој од 270 денари? тој 1000ка сигурна сум дека е убав, ама не сум баш во финансиска состојба да си го дозволам @marama ако не ти е мака, против мозолчиња има нешто од тие што ги имаш поставено, и да цените како се? Да се распрашам да побарам тука ако не.
@Adi888 сигурна сум дека не е “лековит” како обичната алое бидејќи освен што ќе ти ги смири иритациите и ќе те олади друго нешто не прави. Доколку ти е за лице, мислам дека нема да направи чуда бидејќи и јас едно време го користев на тој начин. Некои членки го користеле и како подлога за шминка, јас пак не сум пробала.
Најискрено јас не внимавам многу на состојки, ретко читам и декларации, гледам дали ми прија или не на кожата. @Adi888 овие сите се за смирување на кожата ама не се конкретно за против акни, ги немам пакувањата до мене. Кога ќе ме носи пат накај нивната продавница ќе проверам што имаат точно за акни. @sofija014 kремата мене ми go намали црвенило, исто така и флеките кои ги имам полека бледеат. Го изедначува тенот, ама па тоа може и да е од сите три производи. Цена нешто под 300, јас тогаш фатив некој попуст.
Dobra vecer jas imam akni se od pubertet ne se strasni no postojat, sega sum na edna terapija, no od hormonsko ispituvanje se mi bese ok osven prolaktinot malce pokacen (vo granica). Dali ima moznost od toa da mi se pojavuvat? Iskustvo? Pozdrav
Дали мицеларната вода може да се користи место тоник? Дали ќе го има истиот ефект? Бидејќи не се шминкам, ми треба нешто за секојдневно чистење на лицето, а во градов тоник никаков не можам да најдам
@simonka93 тоникот не е замена за мицеларна вода. Доколку имаш чисто лице купи нежен гел или пена за миење и убава крема. Тоник и не мораш да користиш. Мицеларната вода можеш да ја користиш за вадење шминка.
Немам чисто лице, имам мрсна кожа, ми се прават црнки и мозолчиња, затоа барам нешто за чистење Го чистам лицето со четка, користам и маски и пилинг, но сакам нешто за секојдневно чистење
Масната кожа не трпи често миење бидејќи се суши и со самото тоа го зголемува лачењето на себум. Сосема е доволно со гел/пена да се чистиш наутро и навечер, а маска и пилинг да користиш еднаш до два пати неделно. Исто така користи некоја хидратантна крема, гледај да биде некомедогена.
Јас користам proacne лосион и сум задоволна. На база на прополис е и мене ми е океј за чистење на лице, не за вадење шминка.
Да, покачен пролактон може да е причина за појава на акни. Вообочаено се препорачуваат суплементи на база на Цинк за регулирање на пролактинот. Цинкот може да помогне и во терапијата за акните