Последниве неколку дена многу ми се исфрлија челото и образите со ситни црвени акни. Со што да ги третирам? До сега никогаш сум немала толку. Не знам што да ги мачкам, или насекаде каде што имам акни некаква крема? Било што ефикасно?
@Luminary, јас пред неколку години пред многу важен настан буквално си го унаказив лицето со стискање на црнки и акни. Цели образи ми беа со ситни акни. Кога ме виде мајка ми, одма ме однесе кај матичниот доктор. Ми препиша антибиотик, зошто како што рече матичниот "едниот образ подобро сум го сработила и од хирург." Можеш да замислиш каков ми беше. Апчињата не паметам како се викаа, исто така ми рече да ги земам и Леа лосионот и гелот за акни. За два-три дена лицето ми беше стакло. Е сега не знам дали им е истата формула, зошто пакувањето им е сменето, но пробај. Ми се врти некоја цена до 500 денари дека ме фати се, со се антибиотикот.
Мислам дека го имам само лосионот Леа дома, со клиндамицин е ако не се лажам, или нешто слично. Добро ме потсети, баш ќе пробам. А колку често да ставам?
@Luminary, два пати дневно на чисто лице. Гелот на почеток го ставав и преку ден, но не ми одговараше кога има сонце, веројатно поради некоја состојка во него. Исто го ставав и на цело лице, но многу ми ја сушеше кожата, па потоа ставав само на акните. Повеќето што го користеле имаат позитивно искуство, се надевам дека и ти ќе имаш исто такво.
Здраво, имам 17 год и мрсна кожа особено на Т зоната и во последнп време почнаа да ми се појавуваат акни, досега немам користено нешто за нега освен што го мијам со Dove сапун и ја користам Здраве кремата. Па би ве замолила да ми помогнете околу избор на некој препарати. @Mishela те имам читано дека имаш мрсна кожа или некој друг ако може
Можеш да ја погледнеш зелената или сината колекција за лице од Балеа. Зелената е за комбинирана до масна кожа, а плавата за нормална до комбинирана. Ги имам користено и двете, за во лето повеќе ми одговараат производите од зелената колекција. За млада кожа се супер. Купи си гел за миење лице, сапунот може многу да ја исуши кожата, па не би го препорачала баш за толку млада кожа, особено кога има далеку подобри препарати за нега. Можеш да земеш и пена наместо гел, иста функција имаат, пената обично е понежна. Ти треба и крема за секојдневна употреба и хидратација, можеш да одбереш некој од линијата Ботаникалс на Гарние, не се скапи а се супер и за таа возраст. Здраве не ми се допаѓа мене воопшто. Против акни подобро набави си масло од чајно дрво, барем е далеку поздрава варијанта од Здраве.
Moze li nekoj maska da mi pisete da go iscistam liceto od fleki i malku imam crnki na nos imam kombinrana koza
Девојки, на брат ми лицето во пубертет му се исфрлаше ама добро ај тоа нормално.Еве сеа 19 ипол год има пак почна да му се исфрла ама многу повеќе од претходно и да му се појавуваат флеки, од што би можело да е користеше лосиони ама џабе...