Кокосовото масло само ги влошува акните бидејќи ги затвара порите. Освен tee tree oil не би ти препорачала друго додека имаш акни. А за флеки понатаму можеш јојоба пр.
Кокосовото масло делува различно кај секого сепак. Знам примери каде што помпогнало во чистењето на лицето, но знам и девојки на кои им направило повеќе мозолчиња. Јас лично не сум го пробала на лице, не ми се ризикува.
Јас пред некој ден видов во маркет кокосово масло и се мислев дали да го земам, ама не знам дали ќе ми делува. Не сакам да купам само за џабе, ама ако не пробаш нема да знаеш дали ќе ти делува. Доста работи до сега имам пробано и ништо не ми делувало. Сега ми е многу исфрлено лицето со акни, но има периоди кога ми е чисто. Никако не можам да дознаам од што ми се исфрлува така.
Еве мене на пример кокосовото ми делува одлично, а имам кожа склона кон неправилности. Ептен ми го освежува тенот, го користам буквално за целото тело. Кај секого е различно, затоа ако не ви се ризикува најдобро да се проба со други масла како арганово, маслиново, јојоба...
Ја суши кожата да, јас си мијам лице со него само навечер а наутро се мијам само со вода и си ставам хидратантна крема. Помага против акни бидејки акните се резултат на мрсна кожа. Јас го купив од Зегин.
Крема Сона, ја користам скоро недела дена и веќе забележувам подобрување. Ја има во Зегин и Еурофарм, околу 300 ден. е.
Хидратантна крема е со заштитен фактор или? Ми кажа дерматологот дека ми е потребна таква, па не знам која да ја купам.
Не знам за кај е прашањево, лчетките за миење на лице, јас конкретно ја имам таа од braun, како ја користите, гелот се нанесува на лице или директно на четката и колку време е потребно за миење?
Дали некоја има искуство со Себактазе да ми каже како и е лицето по прекин на употреба? Мене ми е многу подобрено, но нели не можам да ги пијам доживотно, па ме интересира што потоа?
И јас ја користам оваа крема и сум задоволна. По првото нанесување кожата буквално ми се затегна и почна да се лупи, регенерира а после тоа како нова. Така да најдобро е да се користи на почеток со благ крем зошто малце непријатно е чувството кога е така затегната кожата. Иначе мене дерматологот ми ја препорача заедно со кремата белобаза(за сува кожа) али зошто се во прашање само неколку мачкања може да се користи која било.
Најдобра хидратантна крема за мрсна кожа е Avene, ја има со 30 заштитен фактор. Погледај нивен каталог, има доста добри производи за нега на проблематична кожа.
Пробај акне оут актив крема бугарска е околу 500 ден и сапун проверено и предобро ако те интересита нешто слободно
ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ!!! Имам лице склоно на акни и црнки.Понекогаш ми излегуваат акни кои се подкожни п стојат по неколку дена, бев на дерматолог ми кажа да коридтам Еуцерин лосион но не помогна иако е над 700денари.Веќе извесно време дтавам алое вера оф листот го цедам сокот и се мачкам така стои 10-15 ѓин и потоа се мијам.Ништо не помага незнам што да правам ве молам помош инаку сум 15години ве молам
Купи си масло од чајно дрво. Брендот се вика ESI и можеш да го најдеш во Зегин аптеките за околу 220 денари. Мало шишенце е и маслото е чисто, многу концентрирано, па затоа не се нанесува на целото лице, туку навечер на претходно исчистено лице со чепкалка за уши нанесувај само на акните и остави да делува преку ноќ. Ова може да ти биде како некоја рутина, маслото многу бргу ги суши акните и помага поткожните акни побргу да созреат и да избијат. Мене ова многу ми помага. За црнките единствен спас ми се лепенките за нос од Нивеа/Балеа. Не се скапи - Балеа пакување од 3 ленти ти е 99 денари во ДМ. А исто и црната маска нанесена во подебел слој. Јас ја користам Revuele црната маска, купена ми е од ДМ околу 175 денари.
Дали некој ја има користено Скинорен кремата? Препорачана ми е од дерматолог, па ме интересира како делува на акните. Веќе 3 вечери ја нанесувам и забележувам дека акните се полнат со бел гној па потоа се сушат. Исто ми препорача и гел од Авене. Има ли некој поголемо искуство со производиве?