Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. GentleWoman

    GentleWoman Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2016
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите,
    Би сакала да ве замолам за совет, имам многу сува кожа која постојано се лупи, не можам да ставам нормално пудра, а да не се познаваат лушпички на носот. И воедно имам многу црнки во пределот на брадата и носот, ги стегам постојано, но за кратко време се повторуваат. Како што читав од претходните коментари, да не се брише шминка со влажни марамици, а јас така правам, сега ќе го променам тоа, но што друго би ми препорачале за лицево и црнките? Црната маска не ми помага. Поздрав
     
  2. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.706
    Допаѓања:
    45.969
    Пол:
    Женски
    Прави пилинг 1-2 пати неделно. Пробај со кафе пример, или шеќер.
    Исто така внимавај на исхраната, да не внесуваш многу масна храна.
    И секако користи некоја хидратантна крема за сува кожа, за секојдневна нега а и за под пудра. На пример јас зимата имав сува кожа и користев од кремите на Алверде и баш ми одговараа.
    Едит: Каква пудра користиш? Можеби не ти одговара на тој тип на кожа па затоа лишаи ти се прават.
     
  3. GentleWoman

    GentleWoman Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2016
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Seventeen velvet. Пудрата ми ја препорачаа од парфимерија за сува кожа. Но ќе пробам и со пилинзи за црнкиве, зашто стварно ова ми е голем проблем :(
     
  4. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.706
    Допаѓања:
    45.969
    Пол:
    Женски
    И мојата кожа е склона на лупење, носот и образите. Таа пудра не сум ја користела, но размисли и за да ја смениш. Пробај ја од тестерче Хелти Микс на Bourjois, таа е за сува кожа, и единствена што мене ми одговара за проблематичните делови.
    Инаку за црнките заборавив да ти кажам, доколку имаш ДМ во близина, купи ги лентите за црнки на Балеа. Ако немаш тогаш има по аптеките ленти на Нивеа, исто така ефективни. Прво ќе го париш малку лицето на топла вода, и ќе ги залепиш лентите, би требало да ти помогнат. Прво ќе ги користиш почесто, потоа ќе видиш како ќе имаш потреба. Еве како изгледаат:
    [​IMG] [​IMG]
     
    На lovestoneddd и GentleWoman им се допаѓа ова.
  5. GentleWoman

    GentleWoman Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2016
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Нема ДМ во мојот град, но ќе ги побарам во аптека овие од нивеа. Фала многу :hug:
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  6. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    5.623
    Пол:
    Женски
    Јас имам кoжа како твојата, пресува. Прво, никако силни пилинзи, како со шеќер и кафе. Пресилен пилинг е тоа за толку сува кожа и кожа што константно се лупи, и општо земено пресилни се за на лице, може привремено ќе ги измзнат делчињата што се лупат, ама далеку е од решение. Ќе ти се јави три пати повеќе црвенило и ќе ти се изиритира кожата дополнително, посебно од шеќерот кој гребе, бидејќи само површински измазнуваат, а кога кожата ќе почне да се регенерира, пак ќе ти се појават лишаите на исти места.

    Во однос на крема, моментално ја користам Mixa Pro-tolerance како за потопло време, и доста сум задоволна. А инаку за сува кожа, посебно за после бањање, најтопло ти ја препорачувам Cicaplast baume b5 од La Roche-Posay. Кремава како ништо друго смирува сува, испукана и иритирана кожа. Ja имаш во аптеки.

    Исто така, експериментирај со масла. Нема ништо подобро за сува кожа. Јас го користам тоа од дива кајсија со години и многу ми одговара. Ново откритие ми е масло од тиква, содржи многу цинк и ептен добро се впива. Не ти го препорачувам кокосовото, комедогено е, и мене лично мислам дека дополнително ми ја сушеше кожата и воопшто не ми се впиваше, згора на тоа ми се направија поткожни акни, што инаку ги немам. Ама за кожа се работи, секој различно реагира.

    За маска за црнките, зелена глина, со маслиново масло. И никако не се стискај. Лушпичките што ти се прават на носот, веројатно се од стискање. Остави ја кожата да ти заздрави, не се чепкај, и тогаш пробај ги лентичките.
     
    На GentleWoman и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  7. Jery

    Jery Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2016
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Околу 600 порано си ја земав од бугариа а сега од кај нас има и на фб стр види баш јас користам плус и нивен сапун а има цела колекција разгледај
     
    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Holly Golightly

    Holly Golightly Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    имам подобрување да и тоа доста, само што ја суши кожата а јас користам и себиум глобал и осеќам дека од тоа ми се иритира, сега ќе пробам со хидратантна крема што ќе ми го смири, па ќе продолжам да го користам
     
  9. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.713
    Пол:
    Женски
    @Elence93 и @Jery

    Дали знаете дека Акне аут не смеете да ја нанесувате кога сте изложени на сонце?

    Има состојки кои може да предизвикаат флеки на лицето.
     
  10. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    6.003
    Допаѓања:
    5.384
    Пол:
    Женски
    Јас не сум ја користела, но сигурно пишува на упатството. Јас ја користам Сона и таа исто се користи само навечер.
     
  11. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.706
    Допаѓања:
    45.969
    Пол:
    Женски
    Ми се појавија ситни мозолки на челото, веројатно поради масна Т зона. Не се големи со гној, туку како точки ситни, малку црвени.
    Со што да ги третирам? :?:
     
  12. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    @Luminary масло од чајно дрво! ;)
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    3.869
    Дали во скоро време си сменила крема, тоник, пудра или нешто слично? Мене ми се појавуваат такви откако ќе променам нешто во негата што не ми одговара.
     
  14. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.706
    Допаѓања:
    45.969
    Пол:
    Женски
    Ништо не сум сменила ептен скоро :(
    Само приметив дека секое утро се будам со масно чело, што до сега не ми се случувало, па затоа не знам што да правам за да се намали маснотијата :worried:
    @Babyby фала ти на советот, може да пробам.
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    81.693
    Пол:
    Женски
    Ништо страшно, може да е од топлово време.
    Маснотијата по т-зоната е скроз нормална во лето. :)

    Можеш да ставаш облоги од камилица ако изгледа црвено околу тој предел.
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Jery

    Jery Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2016
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Знам има витамин А јас дури користам и мелабел од истата фирма меѓу тоа кога користат фактор под пудро се исфрлам и тоа ми е малку проблем што не секогаш користам спф 50
     
  17. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
    Јас го користам мат флуидот на Биодерма со СПФ 30 и засега е најдобриот крем со заштитен фактор за лице што го имам користено. Кремите со заштитен фактор што сум ги користела досега секогаш ми го мастеле лицето, а не ни имам масна кожа, туку нормална кон комбинирана. Исто и лицето ми е прилично чисто периодов, ама не знам дали тоа се должи на него, или на останатите производи што ги употребувам. Сѐ на сѐ, јас го препорачувам :)(y)
     
    На Minci13 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. душленце

    душленце Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2017
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    1.455
    Пишав и порано ќе пишам пак :D имам светол тен и ми се појавија флеки на носот и на образитеи линија темна над устата,купив витамин Ц во прав го растворам во вода и со памук го бришам лицето но немам резултати.Не се пеги затоа што се потемни. Сакам да ги исчистам и пак да ми е чисто лицето и да не користам пудра особено летото а да и преку пудра ми се познаваат
     
  19. Minci13

    Minci13 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    2.324
    Пол:
    Женски
    Некој да даде совет како го користи кокосовото масло за мрсна кожа склона кон акни?
     
  20. NewGirl05

    NewGirl05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2016
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Кокосовото масло ги затвора порите. Штом имаш кожа склона кон акни можеби подобро е да не го пробуваш воопшто. Но секако, секоја кожа е различна па можеби тебе ќе ти биде во ред. Твој избор.
    За масна кожа склона кон акни се препорачува користење на масла како јојоба, масло од семе од коноп(што е тешко да се најде кај нас а е најдобро масло за масна кожа и има рејтинг 0 на комедогенската скала), па и масло од шипка кое воедно помага и за флеките. За жал, многу од маслата што се препорачани за масна кожа сколна кон акни кај нас воопшто ги нема.
    Јојобата(и другите “носечки” масла) може да се измеша и со неколку капки од есенцијалното масло од чајно дрво за дополнителен антибактериски ефект и да се користи наместо хидратантен крем.
     
    На sorbet и Minci13 им се допаѓа ова.