Кокосово масло за масна кожа со тие одлики, не. Подобар избор за овој тип на кожа е масло од јојоба, барем не е комедогено и го регулира лачењето на себумот. Против акни, може да се помеша со малку чисто масло од чајно дрво и верувам дека ќе има солидни резултати.
Фала тии многу Ако може само да ми препорачаш каде да купам масло од јојоба и чајно дрво и дали ја знаеш отприлика цената?
Во ДМ и Космо би требало да го има маслото од јојоба на Institute Organica. Можеш да си купиш и од Био Космос, имаат и тие масло од јојоба и мислам дека беше до 350 денари.
Јас го имам користено тоа од Био Космос што го спомена Мишела, околу 350 денари е мислам дека и јас. А маслото од чајно дрво го има во аптека, мислам дека во секоја скоро, на брендот ЕСИ и е 100% чисто масло. Околу 200 и нешто е, не е повеќе од 250 мислам дека. Патем, еве една слика што објаснува како се мешаат носечките и есенцијалните масла: 2% се смета за доволно за секојдневна нега, се над 2% се користи само одреден краток период. Маслото од чајно дрво инаку знае да е прејако за чувствителна кожа па може дури и да ја изгори кожата. Затоа се препорачува секогаш да се меша со некое друго масло или пак вода.
Имам акни и почнуваат по малце да ми се чистат една недела но наеднаш преку вечер ми се појавуваат многу повеќе од што може да е
Од мрсна кожа, земи си сапун од Докторс за акни околу 80 ден е, и маст со клиндамицин. Секоја вечер пред спиење измиј си го лицето со сапунот и потоа намачкај се од маста и легни си. Наутро измиј се само со вода. Мене само ова ми помогна. Веќе не ми се појавуваат акни и тие што ги имав се исушија и ги снемува. После 1-2 месеца сапунот го користам само по потреба кога ми се мрси кожата.
Креми на Gamarde има во аптеките на Зегин и Еурофарм. Не можам да споделам искуство, бидејќи ништо не сум користела од нивните производи.
@poker_face Гамарде имаш во еурофарм и зегин. Кремата себо контрол ја имам користено 3 пати со сигурност , за жал ми заврши пред некој ден, а кремата е прекрасна немам зборови
Ја има ли некој користено кремава и како сте задоволни? И ме интересира како се движат цените на bioderma кремите?
Супер е за масна кожа , и за тие што имаат акни. Се користи сабајле и навечер, како подлога за под пудра е одлична. Одлично го контролира себумот. Оваа крема и кремата на др.Хаушка Мелиса се најдобрите органски креми за комбинирана-мрсна кожа. Кремава себо контрол со сигурност со пената од истата линија дава и уште подобри резултати.
Ќе ја означам @Artemission да сподели како ја негува кожата на лицето кога е во можност. Да чкртне по некој збор. Мислам дека си околу 30-те ако не грешам. Од сликите што ги видов на една постара слика, во слики од мојата шминка, дојдов до заклучок дека ептен водиш грижа за лицето со оглед на тоа што користиш појака шминка. Инаку да не бидам оф топик, шминката ти е секогаш посебна на свој начин,секоја чест на трудот На убав човек, се убаво му личи!