@Selest скоро 32 и ти благодарам Водам грижа да, пијам многу вода и без исклучок шминката секоја вечер ја вадам од корен. Не користам многу производи (или барем јас така си мислам) ама не сум ни многу едноставна. Спојлер
Ти благодарам на одговотот. Кремата што си ја користела веројатно е за масна кожа(според името така ме асоцира ). Јас имам спротивен проблем дехидрирана и сува кожа, па сакав да ја земам оваа, а доколку имаш некој подобар предлог е добредојден
Да таа себо контрол е за масна кожа. Штом имаш сува кожа никако себо контрол. Еве ќе ја тагнам @Biodevojka па нека каже ако знае нешто повеќе за кремава на сликата , јас ја немам пробано. Можеш да отидеш до Биохабит да си пробаш тестерчиња исто така
Сакам да купам електрична четка за лице па ако може да сподели некој дали има како е задоволен и од каде ја купил.
@Artemission кажи искуство за кремата на натура сиберика со spf 15- дневната? Светнуваш ли во лицето? Вреди за парите?
Дали има некој што моментално ги пие Дермабион капсулите за здрава кожа на Крка? Знам дека се спомнати претходно во групава ама ме интересира моментално некој дали ги користи и од каде конкретно ги купува бидејќи барав низ неколку аптеки и не ги најдов.. фала ви.
Здраво на ситеНова сум овде, па така да имам едно прашање до вас.Со оглед на тоа што сум во пубертет, ми се појавија бубулици и црнки по лицето, но секојдневно го чистам лицето и користам некои лосиони и креми.. Бубулиците ги снемува одвреме навреме, па со нив и немам некој голем проблем, но откако ќе ги снема во пределот на образите каде што се става руменило, ми остануваат некои флеки кои на допир се мазни(не се изпакнати) и не сакам да ги гледам на моето лице така да ако имате некој совет ве МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ МИ
@Babyby презадоволна сум, но ја препорачувам заедно со серумот за намалување на порите - топ комбинација. Светнувам јас секако ама дефинитивно подолго време ми издржува пудрата над нив и порите ми се помалку видливи за разлика од порано. Малку можда се поскапи ама јас веќе неколку месеци ги користам зошто се малку поводлести и многу малку е потребно за цело лице. И да, ќе ти треба посебна крема за околу очи зошто на нив пишува да не се нанесуваат во тој предел. @flower7 јас имам на Rio и ја нарачав од овде ама уште пред 2 години и гледам дека повеќе ја нема на залиха туку само некоја мини верзија. Мислам дека маста и ја имам извадено, скоро секојдневно ја користам и ми е незаменлив дел од рутината за чистење и ексфолирање лице.
Здраво. Имам комбинирана кожа (некогаш мрсна, некогаш сува-после туширање или кога е ладно). Имам црнки во пределот на носот. Најголем проблем ми се мозолчињата кои ги немам многу (најчесто ми се јавуваат пред менструален циклус), но ми оставаат флеки бидејќи не исчезнуваат со денови, и несвесно ми е раката на лице цело време и ги чепкам. Би сакала некој да ми препорачи некоја крема или било што, која помага со лузни/флеки. Ви благодарам.
@Artemission врснички сме, инаку годинките како бројка се не битни не би ти дала повеќе од 25. Дали Alpha -A liquid gold ја користиш и овој период или само есен /зима дека има гликолна киселина? Од каде је нарачуваш? Се мислам одамна помеѓу неа и Reviva Labs од I-Herb, ама се си пролонгирам дека дојам Составот им е тука некаде сличен. Немам некои неправилности ама сакам длабински да си го исчистам. Исто ме интересира за Elemis. Дали е Elemis pro -Collagen Cleansing Balm неможам убаво да видам? Од кај го нарачуваш и колку пати во неделата го аплицираш? Те бомбардирав со прашања
Лично не користам толку скапи креми/лосиони за лице. На интернет има крема со аспирин ( 3-4 таблети) се гмечат и се раствораат во вода. Се додава 1 супена лажица кисело млеко и ете една домашна крема.
@Selest Alpha-H го користам секоја втора вечер нешто повеќе од месец/два што значи не сум го користела претходно и не знам како се однесува на есен/зима. Искрено кожата ми е иста преку целата година и не менувам многу во секојдневната грижа. Од досегашното користење можам да забележам дека повеќе не ми излегуваат бубулички пред циклус и кожата овие месеци ми е acne free. За Reviva Labs мислиш на овој? Баш ме заинтересира сега и мене, доста е поевтин од Alpha-H кој инаку го нарачав од BeautyBay во пакет, две по цена за еден (сега не ја гледам таа понуда). Може да го земам за да ги споредам и да видам дали ова ќе ми биде подеднакво добра, но поевтина опција. Да, тоа е тоа од Elemis Мене ми е од странство ама може да го нарачаш од LookFantastic најчесто со попуст. Го користам за чистење само кога имам појака шминка или во превод 2-3 пати месечно. Прекрасно нешто, одлично чисти и ја смирува кожата. Има како цитрусен, малку поинтензивен мирис, ама мене воопшто не ми пречи. Во комбинација со електричната четка се полн погодок.
@Artemission @Selest ме заинтересиравте со тоников на ревива лабс, супер опција, мора да се проба. Има тоник со гликолна киселина и на Pixi, Glow Tonic се вика (на Асос би требало да го има), и тој мислам дека е поевтин од Алфата. Инаку и јас го користам Liquid Gold одамна и кожава ми е препородена, вади се што е површински, ефектот лично мене ми е одличен. Туку @Selest и јас дојам и моментално не го користам Liquid Gold пошто ми се потроши скоро, а не ми текнало да читнам дали смее да се користи гликолна киселина при доење, баш ќе видам. Да не знаеш нешто повеќе околу тоа? Патем, и јас сум ви врсничка
@Sexybaby86 сега го проверив и на Pixi тоникот, гледам дека има и помала верзија од 100ml на iherb по супер цена па и тоа доаѓа во предвид за проба Од глупа причина (не ми се свиѓа опаковката на ниту еден Pixi производ ) не сум пробала ништо од овој бренд ама може да се направи исклучок.
Јас имам на Beurer FC 65, ја земав од Сетек околу 3000 денари, наменета е за проблематична кожа ја користам неколку месеци досега сум задоволна
Извинете што упаѓам неповикана, но поевтина алтернатина на Pixi ви е The Ordinary чии производи ги има на Beuty Bay. На инстаграм странава re_issue има многу исцрпни работи за нега на кожа. Можете да најдете одредена рутина или сами да си креирате според тип на кожа.