Здраво девојки. Ќе се потрудам да бидам кратка. Не сакам да звучам како да ви "попувам", ве молам сфатете го коментаров како најдобронамерен и грижлив совет. Со оглед на сите информации кои што можат да се најдат на интернет, можам да сфатам од каде потекнуваат сите забуни и небулози и нејаснотии. Тешко е да се процени што е валиден и веродостоен извор, а што не е. Јас на пример имам големо официјално и неофицијално образование од областите на природните науки, а немам никакво образование од областите на социјалните науки, така што сум сосема свесна дека поради тоа многу лесно можам да поверувам во некоја лажна вест од областа на политиката, на пример. Но секогаш сум скептична и секогаш давам сѐ од себе за да проверам некаква информација, од која област и да е. Без навреда, ги читам нештава по форумов конкретно за нега на кожа и се чудам од каде толку многу глупости излегоа... И на кој му текнуваат сите тие фиксидеи. Можеби ќе го прочитате ова со крената веѓа, ама без разлика, јас морам да си кажам дека најголем дел од нештата што ги правите и продуктите што ги користите само ѝ наштетуваат на вашата кожа. Ако почнам да навлегувам во детали, нема никогаш да завршам. Затоа, сакам да споделам со вас еден јутјуб канал кој го открив пред некое време и поради чија едукација, совети и насоки стигнав до тоа да не верувам дека сум почнала да излегувам без пудра од дома (секако, кога е воздухот надвор загаден ја ставам секој ден бидејќи дава заштита против сите токсини). Најдобронамерно, изгледајте ѝ ги видеата, споделете ги со сите ваши блиски женски личности и верувајте дека ќе ви се промени животот. Дури ако сакате и бидете скептични, речете си "јас не верувам на рандом јутјуб блогерки", што е уште подобро доколку седнете сами да се едуцирате за тоа како функционира кожата, кои состојки се добри или штетни за неа, какви навики треба да имаме и слично. Much love ♥
Нови четки? Мислиш на главата? Ја користам таа истата што ја купив заедно, не се менува. Ја перам пред и после секое користење со антибактериски сапун, и еднаш неделно ја потопувам во алкохол потоа на чиста крпа ја ставам вертикално со влакната надолу и се суши сама.
Луѓе, поефикасно нешто од ова нема..Го зедов пред два дена, лицево ми е лом дека имам добиено и се намачкав неколку пати, немам една точка на лиценцево сега..Многу е мало, ама одма делува..270 денари е
Препорака од мене: пудри такви работи малку ги одалечете од вас и секој ден на сабајле о навечер сапун од дав од краставица користете Мене ми помогна и плус имам мн помазно лице А до 35-40 ден е сите верувам сте дале над 1000 за акни пробајте го и ова ништо не губете Поздрав
Исто и на моја пријателка многу и помогна сапунот на дав, но таа го користи онај од смоква веќе да не претерам ама 2-3 години сигурно. Сега зависи кај кој како, мене привремено ми помага ама јас не го користам редовно како неа па не можам многу да кажам. Иначе таа е презадоволна од него, и таа пробуваше секакви работи, но на крај спасот го најде во сапунот. Вреди да се проба, а и воопшто не е скап.
Каде може да се купи свежа алое вера? Ептен се фалат дека помага за акни сакам да пробам ако знае некој кај можам да најдам или со искуство би била многу благодарна ))
Сапун Dove original, бело со плаво пакување, или од краставица и зелен чај. Ги користам една недела двата комбинирано, кожата никад помазна не ми била на лицето. Презадоволна сум. За 29 денари сапун тоа е нешто неверојатно
И еве ме пак. Ќе ве замолам да ми препорачате добра крема за секојдневна употреба, за наутро и навечер за комбинирана кожа? Да напоменам, ја користам веќе месец и пол кремата Fleurance за комбинирана кожа, но многу ми го суши лицето и ми се направија многу акни. Затоа ми е многу битно кремата да матира ама и да хидрира.
Dr.Hauschka Melissa , моја топла препорака ја користев поладните денови , тогаш лицето ми беше не толку мрсно и одлична ми беше , не ми светеше , а и ниту ми го сушеше лицето
@koritsaki која е разликата од оваа крема до таа со дуња што си ја предложила во другата тема? И двете ли се за комбинирана кожа? Јас имам мрсна Т зона(која некогаш и се суши и лупи) и суви образи, па ме заинтересираа кремиве. Која би ми ја препорачала? И која цена се, каде ги има? Благодарам.
Таа со дуња е повеќе за нормална до комбинирана кожа додека мелиса е супер и за комбинирана накај мрсна. Во зима образите можам да кажам дека ми се суви и кремава одлично ги хидратизира сувите делови. Да ти кажам пред некој ден земав тестер од таа со дуња и ми изгледаше доста хидратантна , јас за моево мрсно лице летово не би ја земала. Ги има во Зегин и Еурофарм често ставаат попуст од 20% а цената им е околу 1000 ден.
Женскииии лосионот е чудо. Го користам 2 години и немам ништо на лицето. Го има во сите аптеки и јас го зимам за 130 денари. На фитофарм е. Имам другарки на кои што им го препорачав презадоволни се. 3 пати во неделата најмногу го користам. Многу помага со проблематичните "змејчиња". Ќе ги истискам крвники хаха и после само едно поминување со памукче за 3 дена најмногу нема ни рана ни белекче. Само не претерувајте ја суши кожата. Секоја кожа различно реагира. Пишува за време на бременост да не се користи ама не знаејки братучетка ми користеше.. немаше гајле. Пробајте
Здраво! Сакам да ве прашам за совет, имам кожа: суви образи и мрсна Т зона(која повремено е сува и се лупи), имам ситни топчиња на челото и повремено оние внатрешни бубулици, пробав 300 чуда и нема подобрување. Би ве замолила да ми предложите крема и нешто за миење на лицето.
Бидејќи прв пат се соочувам со мрсна Т-зона, молам совет. Има ли начин кога ќе станам од спиење на сабајле да немам толку маснотија на лицето? Да користам ли нешто пред легнување? Нешто што може да го контролира лачењето. Јас навечер само го мијам лицето со пена и чистам со тоник. А преку ден не ми се мрси толку, само додека спијам.
Ставај некоја ноќна крема за масно лице. Можно е да го сушиш лицето со пената и тоникот, па во текот на ноќта кожата да ти лачи многу себум за да ја надокнади влажноста. Со ноќната крема од една страна ќе ти се хидрира кожата, а од друга страна ќе ти го држи себумот под контрола.